КултураОтворање на „Скопско лето“ со балетската премиера „Заспани убавици“На Светскиот ден на музиката и на првиот ден од летото традиционално се отвора манифестацијата „Скопско лето“. Годинава е 36-тото издание кое вечер во Македонската опера и балет ќе почне со премиера на балетската претстава „Заспани убавици“ во кореографија на Саша Евтимова.Балетот е работен според романот „Куќата на заспаните убавици“ на Јасунари Кавабата, на музика на Вагнер, Григ, Бах, Малер и од македонскиот композитор Милан Димушевски. Кореографката Евтимова на прес-конференцијата рече дека балетот е ново гледање и нов пристап на приказната за заспаната убавица. Приказната во прв план ги поставува односите меѓу младоста и староста, сексот, смртта, животот и сеќавањето. - Решив да биде комплетно различно видување од она што може да се види во останатите светски куќи. Сепак, го задржав терминот „заспани убавици“ затоа што е звучно име и се користи на сите светски сцени, рече Евтимова. Во претставата настапуваат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Наташа Николова, Гиорги Беридзе, Мирјана Поп Алексова-Атанасовска, Бобан Ковачевски, Марија Шокаровска, Игор Веланоски, Билјана Басмаџиева, Агим Бафтии и Саша Евтимова. Во Мала станица, пак, вечер ќе биде отворена изложба „Просторна екстензија на уметноста“ по повод 25 години Галичка ликовна колонија. Организаторот на „Скопско лето“ - Дирекцијата за култура и уметност Скопје - најави богата програма, која до 31 јули ќе понуди голем број настани од сите културни дејности - концерти, изложби, театарски претстави, филмови... Мирко Стефановски од ДКУС истакна дека „Скопско лето“ е маратон од 40-ина дена. - Тоа се преку 60 програми, над 25 музички настани, десетина театарски претстави и четири премиери, 12 изложби, 15-ина филмски настани, мултидисциплинарна и разнородна програма која се одржува на 26 отворени сцени во градот, рече Стефановски. Концертите ќе бидат жанровски разновидни - класика, опери, џез и фолклор. Поканети се голем број македонски музичари кои живеат и работат во странство, како и музичари од 20-ина држави од светот. Меѓу концертните настани е и Младинскиот музички маратон. Во областа на сценската дејност, покрај репризи на изведени претстави ќе има и четири премиери - балетот на отворање „Заспани убавици“, „Кафе без цигари“ на Теа Беговска, „Еригон“ во режија на Јани Бојаџи, „Столови“ во режија на Дамјан Читкушев. И во ликовната уметност ќе има голем број случувања, меѓу кои изложбата за четврт век постоење на Галичката ликовна колонија, „Скопски урбани приказни“ на ДЛУМ, проектот на осум ликовни уметници „Фемина 8“... Во филмската програма, покрај Кафе-кино, ќе има и ревија на најдобри филмови од „Анимакс“ и фестивал на музички документарци „Скопје синема сити“. Проекциите на Кафе-кино ќе бидат во Сули ан. Програмата почнува на 6 јули со наградуваниот „Ида“ на Павел Павликовски и годинава е поддржана од Агенцијата за филм на РМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook