Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
2Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
МакедонијаОтворање на Шведско-Македонска Стопанска Комора: Нови можности за Економска и Бизнис соработка помеѓу Македонија и ШведскаЕкономските и политичките врски помеѓу Република Македонија и Кралството Шведска континуирано се развиваат повеќе од 30 години. Иако географски оддалечени, двете земји имаат соработка на повеќе фронта и истовремено споделуваат комплементарни економски структури, но и вредности. Шведска е една од најзначајните ЕУ земји членки донатори за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ преку својата Агенција за Меѓународен Развој (СИДА) со која поддржува реформски политики во областа на еколошки и отпорен одржлив развој, одржливо користење на природните ресурси, но и инклузивен економски развој, а Шведско-македонската трговска размена, иако релативно скромна, покажува континуиран раст од година во година. Новото поглавје во оваа соработка - чија цел е продлабочувањето на долгорочни трговски и бизнис-врски помеѓу двете земји и зголемување на инвестициски инцијативи како во Шведска, така и во Македонија - е отворањето на Шведско-Македонската Стопанска Комора кое е официјално закажано за 24ти Октомври во Стокхолм. Досегашна Економска Соработка Економските врски помеѓу Македонија и Шведска претставуваат динамика која во последните години бележи конзистентен раст. Иако историски гледано трговската размена е релативно скромна, статистичките показатели ја потврдуваат тенденцијата на нејзино проширување. Според податоците на Опсерваторијата за економска комплексност (OEC World), трговската размена во последните пет години пораснала со годишна стапка од 16,2%. Државниот завод за статистика дополнително покажува дека извозот на македонски производи во Шведска од јануари до мај оваа година достигнал 33,2 милиони евра, додека во текот на 2024 година вкупниот извоз надминал 46,1 милион евра. Најголем дел од извозот е концентриран во неколку категории: чоколадо, изолирани жици, машки кошули, обувки, зелка, машини за подигање и производи од кожа. Иако македонското вино е добро познато во регионот и пошироко, неговото учество во вкупниот извоз кон Шведска е симболично – само 0,22% во 2023 година. Овие податоци не само што ја рефлектираат структурата на македонската извозна економија, туку и укажуваат на нови бранши кои допрва може да се развиваат. Во споредба со другите скандинавски земји, Шведска се наметнува како далеку најзначаен партнер. Трговијата со Норвешка и Данска е на значително пониско ниво, што укажува на фактот дека продлабочувањето на односите со Шведска претставува најлогичен пат за постепено интегрирање и со другите економии во регионот. Во моментот на пишување, повеќе од четириесет шведски компании се активни на македонскиот пазар. Тие се распоредени во повеќе индустрии опфаќајќи ги и автоиндустријата, телекомуникациите, медицинската опрема, текстилот, здравствениот, козметиката, но и трговијата. Од друга страна, повеќе од педесет “македонско”-поседувани компании работат во Шведска, најчесто во секторите на гастрономијата, продажбата на автомобили, информатичките технологии и недвижностите. Овој двонасочен интерес укажува на тоа дека постои здрава основа врз која може да се изгради структурирана рамка за понатамошен развој на економските односи. Македонија – мала земја, голем потенцијал Македонија, иако по големина мала земја, поседува значаен економски потенцијал кој е се повеќе препознаен од меѓународните организации. Впрочем, Програмата за Развој на Обединетите Нации (UNDP) има идентификувано 13 можности за инвестиции кои би придонеле до остварување на своите цели за одржлив развој во областа на обновлива енергија, одржлива и органска агробизнис култура, одржлива инфраструктура, управување со отпад, здравствени технологии и инвестиции во ИКТ секторот. Овие области се компатибилни со традиционалните интереси на шведските компании, кои се ориентирани кон иновации, зелени технологии и одржлив развој. Македонија нуди повеќе конкурентни предности за инвеститорите, во споредба со регионот и пошироко, меѓу кои и стабилна економска рамка, 100% странска сопственост, 0% даноци и царина, ослободување од комунални такси, индивидуализиран пристап, симболична цена за закуп на земјиште и директна државна помош во износ до 1.000.000 евра. Светската банка, уште во 2020 година ја истакна Македонија како земја со ефикасни процедури за отворање нови бизниси и растечки капацитет за инвестиции. Конкурентната работна сила и пониските трошоци за работниците создаваат поволна економска клима, особено во ИКТ секторот и инженерските дисциплини. Македонија има развиена ИКТ индустрија не само како дестинација за аутсорсинг, туку и како регионален центар за развој на апликации, дигитални решенија и софтверски платформи. Процесот на европска интеграција овозможува делумна стандардизација со европските нормативи, што го олеснува пристапот на македонските производи до европските пазари. Географската положба долж клучните транспортни коридори (Коридор 8 и Коридор 10) овозможува релативно лесна логистичка поврзаност со западна, јужна и источна Европа. Владата на Македонија дополнително ги поддржува производствените дејности, ИКТ секторот (софтверски развој, склопување на хардвер, дигитална обработка, производство на компјутерски чипови), научно-истражувачките активности и новите технологии со високи еколошки стандарди. За инвеститорите во овие области се обезбедени дополнителни поволности, вклучително и ослободување од обврската за поднесување гаранции за царински долгови. Слободно-индустриската зона во Гевгелија, првата зелена индустриска зона на Балканот, со директна конекција до Солун, Грција и Коридор 10, претставува дополнителна можност. Таа е фокусирана на поддршка на зелени индустрии и инвестициски проекти во напредни технологии, особено во здравствениот сектор и услуги, поддржана од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони. Од друга страна, македонските компании кои сакаат да навлезат на шведскиот пазар треба да ги следат локалните барања и трендови. Таму фокусот на одржливост или одржлив раст не е само пожелен, туку и императивен. Сертификатите за еколошка усогласеност, ознаките за одржливост и транспарентното потекло на производите се меѓу клучните фактори за стекнување доверба кај потрошувачите. Покрај тоа, силно онлајн присуство и дигитален маркетинг прилагоден на локалните услови е неопходен за успешна промоција на македонските производи. Целта и функцијата на Шведско-Македонската Стопанска Комора Токму врз овие предуслови се надоврзува создавањето на Шведско-македонска стопанска комора. Оваа институција е замислена како мост меѓу бизнис заедниците во двете земји, со јасна мисија да обезбеди инфраструктура за поддршка, промоција и развој на деловните врски. Комората активно ќе ги застапува интересите на своето членство пред македонските и шведските владини тела, локалните власти и други административни институции. Комората ќе ги поврзува македонските и шведските компании преку организирање едукативни настани, деловни мисии, средби помеѓу бизниси, претприемачи, но и важни државни службеници. Таа ќе може да изгради доверба и кредибилитет преку своето институционално присуство, овозможувајќи компаниите да добиваат препораки и сертификација што носи тежина пред потенцијалните партнери. Комората пренесува информации преку билтени, извештаи, меморандуми и други форми на известување со кои компаниите ќе можат да добијат анализи за локалните пазари, информации за законските регулативи и пристап до експертски мислења. Со тоа се олеснува процесот за фирми кои често не знаат како да го започнат својот настап на странскиот пазар. Комората ќе има и функција на поддршка за стартапи и мали и средни претпријатија. Преку локални ментори и партнерски канали, овие компании ќе можат полесно да навлезат на скандинавските пазари. Дополнително, ќе се поддржуваат програми за претприемништво, иновации и одржлив развој. Еден од главните двигатели за влез на странскиот пазар е промоцијата. Учеството на саеми, изложби и конференции е средство преку кое компаниите се претставуваат пред потенцијалните клиенти. Комората ќе игра активна улога во организирањето на вакви настапи, што е особено важно за земји како Македонија, чија продукција често има потреба од поширока видливост. Уште една клучна предност на Комората е експертизата на нејзиниот Одбор. Членовите на одборот имаат повеќе-годишно искуство од различни сектори – од ИКТ сектор, рударство, здравство па сè до автоиндустрија – и се географски лоцирани низ Македонија и низ Шведска. Тие не само што имаат локално знаење за двата пазари, туку и развиени мрежи на контакти кои можат да бидат пресудни за отворање на нови можности. Со тоа, комората ќе стане платформа која истовремено обезбедува заштита и застапување на интересите на своите членови, ги поддржува економските односи во индустријата, трговијата, земјоделството и услугите, и организира активности кои ја зајакнуваат бизнис врската помеѓу двете земји. Културна и дијаспорска димензија Иако економијата е во центарот на вниманието, културната и дијаспорската димензија не смее да се занемарат. Македонската заедница во Шведска брои над 30 илјади луѓе кои се добро интегрирани во шведското општество и економија. Многумина од нив имаат сопствени компании или успешни кариери. Преку комората, тие добиваат нова платформа за да воспостават контакти со македонските фирми, да иницираат заеднички проекти или да инвестираат во својата матична земја. Така, дијаспората може да биде активен економски ресурс, а не само културна врска. За Крај Шведско-македонската стопанска комора претставува важен чекор во унапредувањето на билатералните економски односи. Таа ќе создаде институционална основа за континуирана поддршка на компаниите, како во Македонија така и во Шведска, ќе гради доверба и кредибилитет, ќе организира настани и форуми, и ќе ја промовира Македонија како атрактивен партнер во Шведска. Преку својата улога во градење на контакти помеѓу разни бизниси и претприемачи, поддршка на иновации и трансфер на знаење, комората ќе придонесе кон зголемена трговска размена и поширока економска соработка, отворајќи пат и за продлабочување на економските врски со другите скандинавски држави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаНикола Јокиќ ги загрижи фановите, навивачите на Денвер се смрзнаа (ВИДЕО)Вредна победа на почетокот на НБА сезоната, но не и во НБА Купот, забележаа Денвер Нагетс, кои беа подобри од Јута Џез со 120:107 како гости претходната вечер.Вредна победа на почетокот на НБА сезоната, но не и во НБА Купот, забележаа Денвер Нагетс, кои беа подобри од Јута Џез со 120:107 како гости претходната вечер, на крилата на одличниот Џамал Мареј, но и Никола Јокиќ, кој одигра одлична игра во последната четвртина. До 11-то славје од оваа сезона, Канаѓанецот ги предводеше Нагетс со 36 поени, го прекина натпреварот со серија од 12:0 на самиот крај, а Јокиќ му помогна во тоа, бидејќи го заврши дуелот со 17 поени, девет скока, но и, најважно, 15 асистенции. Српскиот кошаркар шутираше лошо за два поени, а во еден момент ги замрзна срцата на сите навивачи на тимот од Колорадо. Имено, центарот падна на подот и го зграпчи за ногата со извици. Болната гримаса беше исто така видлива, и сè се покажа во ред на крајот кога неколку пати ја затресе ногата. My heart dropped when I saw Jokic do this 😳 https://t.co/faT7kCYpwb — Tatiana (@Tatianaclinares) November 28, 2026 Тагови: Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
СветКина осуди висок функционер на смрт, одземен му е целиот имот Кинески суд го осуди поранешниот шеф на автономниот регион Гуангси на смрт за корупција, но го суспендираше извршувањето на казната за две години.Лан Тјанли беше прогласен за виновен за примање големи суми мито додека извршувал разни функции во јужниот кинески регион од 2008 до 2025 година, објави државната телевизија CCTV во петокот. За возврат, тој помогнал во доделувањето јавни работни места и назначувањето високи функционери, а примил и вкупно 88,2 милиони долари мито, според извештајот. Народниот суд во Чангде, во централната кинеска покраина Хунан, ја оправда пресудата врз основа на големите суми мито и сериозната штета предизвикана на државата и јавноста. Казната може да се замени со доживотен затвор Како и во претходните случаи, извршувањето на смртната казна беше одложено за две години. После тоа, казната може да се замени со доживотен затвор без можност за понатамошно намалување, објави CCTV. На Лан му беа одземени и имотните и политичките права. Кинескиот претседател и лидер на Комунистичката партија, Си Џинпинг, со години води кампања против корупцијата. Се чини дека добива на интензитет пред партискиот конгрес закажан за втората половина на 2027 година. Смртните казни за високи функционери на Комунистичката партија во Кина се релативно ретки и обично се изрекуваат во особено сериозни случаи. Нови истраги против високи функционери Истражителите за борба против корупцијата речиси секојдневно најавуваат нови истраги против функционери. Властите неодамна објавија истрага за Чен Џининг, лидерот на партијата на Шангај и член на моќното Политбиро на Комунистичката партија. Државните медиуми објавија дека тој е осомничен за сериозни прекршувања на партиската дисциплина и законот, но не дадоа детали. Ваквите истраги често резултираат со обвиненија за корупција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?Мицкоски вели дека буџетот ќе им биде предизвик наредните две години. Треба да вратат долгови и камати, да го финансираат дефицитот и капиталните инвестиции. За долговите знаеме, ги гледаме секојдневно, растат. За капиталните инвестиции не знаеме бидејќи ги нема, освен ако не мисли на криминалните тендери. Тоа се „капитални инвестиции“ ама за нивните џебови. Како не враќа долгови, кога ја задолжи земјата за 4 милијарди за само две години? Го зголеми долгот за 50% од независноста за само две години. Секоја недела ново задолжување. Буџетот е пресипување од шупливо во празно. Она што Мицкоски треба да им одговори на граѓаните е: како може буџетот да биде предизвик кога сме трета економија во Европа? Како може да нема пари кога платите растат најбрзо во регионот, пензиите се зголемуваат со рекордно темпо, а земјата е најдобра во туризам и авиосообраќај, а бензинот и дизелот, како што вели, буквално се џабе? Поскапува цената на парното, наскоро и на струјата. Како кога статистиката зборува, а Мицкоски црта на табла. Рече бројките се „немилосрдни“. Да, покажуваат празни џебови и фрижидери. Граѓаните едвај крпат крај со крај. Тоа е статистика и тоа се тие немилосрдни бројки што граѓаните ги гледаат секојдневно. Вистината е едноставна. Ја задолживте земјата повеќе за две години отколку сите претходни влади за 35 години. Пари има само за криминални тендери. За пензии кратите, има дупка во ПИОМ од 1 милијарди евра. Вториот столб се обидувате да го национализирате без да ги известите граѓаните. Минималната плата не ја кренавте. Кошничката е над 70.000 денари, со кирија за стан надминува 90.000 денари. ММФ не става на 41. место од 48 европски економии по БДП по жител. Тоа е реалност, а останатото се бајки на Мицкоски и неговата организирана криминална група. Сега признавате дека буџетот е предизвик. Кога ќе снема пари за вашата пљачка, ќе барате избори. Граѓаните веќе знаат дека бајките не држат. Држава, не банда, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter