Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици - Канал 5

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

 Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен оператор.

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

Предвиденото јавно наддавање ќе се изврши доколку за исто одобрение за користење радиофреквенции се квалификуваат најмалку двајца понудувачи.

Доколку се заокружи постапката со која што покрај „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ во државава ќе добиеме нов мрежен оператор, според оценката на експертите од телекомуникациската област, тој ќе цели да преземе дел од пазарот од постоечите мобилни оператори и да навлезе со сервиси кои се помалку достапни на пазарот. Ќе биде клучно да обезбеди одличен баланс меѓу трошоците за изградба на инфраструктура, квалитетот на сервисите и цените. Влезот на новиот оператор е во услови кога од услугите на телекомуикацискиот пазар најниско задоволство има од цените на мобилната телефонија со 55,9 проценти.

Заклучно со првиот квартал од годинава во државава се регистрирани 1.941.996 активни претплатници во мобилната телефонија, во кои удел од 47,69 проценти има А1 Македонија, 46,66 проценти Македонски Телеком, 3,38 проценти на М-ТЕЛ, виртуелниот мобилен оператор што влезе на пазарот во октомври 2022 година, 1,34 проценти на Телекабел, 0,38 проценти Мтелмобајл, 0,10 проценти Греен мобиле.

Новиот оператор треба да обезбеди одличен баланс меѓу трошоците за инфраструктура, квалитетот на сервисите и цените

- Влезот на нов мобилен оператор, со сопствена инфраструктура, доколку се реализира ќе биде одлична работа за сите во Македонија, бидејќи може само да ја прошири понудата на телекомуникациски мобилни услуги, да ја зголеми конкуренцијата и дополнително да го раздвижи и да го подобри телекомуникацискиот односно дигиталниот пазар кај нас, изјави за МИА професорор Тони Јаневски, од Институт за телекомуникации на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).

Според Јаневски, треба да се почека да се види како ќе одвива најавата за влез на нов мобилен оператор, како трет во Македонија, што, потенцира, секако ќе зависи и од стратегијата на АЕК како регулаторно тело, бидејќи новиот оператор ќе треба да добие различни фреквенциски опсези, пред се за 5Г, како за покривање во руралните подрачја, така и за капацитет во урбаните подрачја за работа како мобилен оператор со своја инфраструктура.

- Секако генерално пазарот на мобилна телефонија (генерално мобилни услуги, односо сервиси), сега е заситен во секоја земја. Тоа значи дека сите кои сакаат да имаат пристап до мобилни услуги веќе имаат, така што секој нов мобилен оператор ќе цели да преземе дел од пазарот од постоечите мобилни оператори и/или да навлезе на пазарот со сервиси кои се помалку достапни на пазарот, па за евентуалниот нов мобилен оператор клучно ќе биде да обезбеди одличен баланс меѓу трошоците за изградба на инфраструктура, која секако ќе трае со години, а потоа квалитетот на сервисите кои ќе ги понуди (покреност со мобилната мрежа, надежност на мрежата, битски брзини на различни локации во мрежата и нивна одржливост, доценење од крај до крај, итн) и цената на сервисите за даден квалитет на сервисот, за граѓаните и за бизнисите, вели Јаневски.

АЕК, со тендерската постапка што ја објави на 18. минатиот месец, треба да додели одoбренија за три фреквенции, А1 за радиофреквенциски опсег 703-713/758-768 MHz (2x10 MHz) на целата територија, Б1 за радиофреквенциски опсег 1775-1785/1870-1880 MHz (2x10 MHz) и C1 за радиофреквенциски опсег 3.5-3.6 GHz (1x100 MHz). Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофреквенциите како еднократен надомест за добивање одобрение за користење на радиофреквенции за одобрението А1 изнесува 4.200.000 евра, за В1 1.500.000 евра, а за С1 2.320.000 евра.

Kритериум за избор на најповолен понудувач за доделување на одобренијата е висината на еднократниот надомест.

Одлуката за избор на понудувачи кои ќе учествуваат во постапката на јавно наддавање треба да се донесе во рок од 10 дена од отворањето на понудите. Во неа ќе се утврди местото и времето на одржување на јавното наддавање што нема да биде пократко од 14 дена и подолго од 30 дена од нејзиното носење.

Понудувачот кој ќе се квалификува за јавното наддавање треба да уплати депозит во висина од 10 проценти од почетниот износ на пазарната вредност на радиофреквенциите на сметка на АЕК, најдоцна до денот определен за јавно наддавање. Најповолниот понудувач по спроведеното јавно надавање, разликата помеѓу понудената цена на еднократниот надомест за добивање на одобрението за користење на радиофреквенции и уплатениот депозит треба да ја плати на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија во денарска противвредност по среден курс на Народна Банка во рок од 10 дена од денот на приемот на одлуката за избор на најповолен понудувач. Учесниците на наддавањето, домашно и странско физичко или правно лице, меѓу останатото, не треба да поседуваат јавна радио комуникациска мрежа на територијата на Република Македонија. Треба да дадат писмена изјава дека ќе започне да ги користи радиофреквенциите определени во одобренијата до крајот на 2026 година. Одобренијата A1 и С1 се издаваат за период од 12 години, а одобрението В1 за осум години.

АЕК на 22 април годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава, а на барање на „Оне Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „Фор-ај-џи“ ја регистрираше во државава по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. По завршувањето на јавната расправа до АЕК пристигнаa Писмa за искажување интерес од три заинтересирани страни: ОНЕ

Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В.

Во државава има 681.997 резиденцијални при-пеид 1.010.947 пост-пеид претплатници, како и 249.052 деловни пост пеид. Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во првите три месеци од годинава Македонски Телеком има удел од 49,77, А1 Македонија од 47,71 процент, МТЕЛ, 1,34 проценти,Телекабел, 0,81 процент, Мтелмобајл, 0,25 проценти, Греен Мобиле, 0,12 проценти.

Според Испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги на Агенцијата за електронски комуникации, објавено на почетокот на минатиот месец, најниско задоволство има од цените на услугата мобилна телефонија со 55,9 проценти. Анкетата покажала дека 68,9 проценти од испитаниците имаат двегодишен договор со некој од операторите, а 23,5 проценти немаат потпишано договор со временска рамка. Мнозинството од корисниците што склучуваат договор доплатиле за телефонски апарат (61 процент) или добиле телефонски апарат бесплатно (24,8 проценти). Најголем дел од испитаниците или 90 проценти користат интернет преку мобилниот телефон. Во врска со оваа услуга најголем степен на задоволство кај испитаниците има во однос на достапноста и брзината на мобилниот интернет (92 проценти), додека понизок во однос на цената на услугата (78 проценти).

Претплатниците во мобилната телефонија во државава, во четвртиот квартал лани, просечно иницирале 107,96 повици месечно, а зборувале 235,9 минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон.

Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје

Со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, започна - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студено утро, преку денот релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Студено утро, преку денот релативно топло

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 4. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 4. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 4. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас.

Кариера

Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите рабхоти се подобруваат.

Здравје и совет

Почастете се со нешто што го посакувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко.

Кариера

Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување.

Здравје и совет

Согледувајте ја реалноста.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце.

Кариера

Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите.

Здравје и совет

Ќе бидете прифатени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно.

Кариера

Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво.

Здравје и совет

Здрави сте и весели.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа.

Кариера

Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници.

Здравје и совет

Не може се да биде совршено.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри.

Кариера

Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете.

Здравје и совет

Не е забрането ако сакате да се опуштите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги.

Здравје и совет

Дишете длабоко.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. Самците засега ќе останат осамени.

Кариера

Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка.

Здравје и совет

Трпение, спасение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка.

Кариера

На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте.

Здравје и совет

Малку пополека и обмислено.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат.

Кариера

Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби.

Здравје и совет

Би можеле да поместите планини.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа.

Кариера

Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите.

Здравје и совет

Во право сте целосно.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува.

Кариера

Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер