Отворање на официјалната изложба на Остен Биенале 2024 и доделување награди и признанија - Канал 5

Отворање на официјалната изложба на Остен Биенале 2024 и доделување награди и признанија

Отворање на официјалната изложба на Остен Биенале 2024 и доделување награди и признанија на уметници.

Отворање на официјалната изложба на Остен Биенале 2024 и доделување награди и признанија

Активностите на Остен Биеналето Скопје 2024 кои со голем успех се одвиваа во текот на целата измината година, ќе имаат своја завршница вечер во 19 часот во Националната галерија на Република Македонија – Чифте амам Скопје со отворањето на официјалната изложба и доделувањето на награди и признанија на уметници и сорботници на ОСТЕН.

Изложбата ќе биде и вовед во одбележувањето на 80 години од постоењето на Остен (1945 - 2025)

-Овој настан е уште позначаен со оглед на фактот што е првиот во низата настани планирани во оваа јубилејна година кога се одбележуваат 80 години од постоењето на ОСТЕН! Симболично, на изложбата ќе изложуваат 80 наградени уметници и финалисти од над 40 земји, од кои повеќето лично доаѓаат во Скопје од различни страни на светот да ги примат наградите, наведуваат организаторите.

Ќе бидат изложени дела од визуелните уметности – уметност на хартија, сликарство, објекти, инсталации, фотографии, видео и мултимедијална уметност.

Остен Биеналето Скопје 2024 започна со објавување на меѓународниот отворен повик на кој се пријавија 273 уметници од 51 земја со 863 дела. Селекцијата на уметници ја изврши Корнелија Конеска, жирирањето беше спроведено од страна на Меѓународно жири во состав: Бруно Кора од Италија (претседател), и членовите д-р Пик Кеобандит од Белгија и Маја Колариќ од Србија.

Инаку, од јануари до јуни 2024 г. се одвиваше најавната програма на Биеналето во Галерија ОСТЕН со серија самостојни и групни изложби на пријавените уметници. Официјалната програма на Остен Биеналето започна на 27 јуни во галерија ОСТЕН со самостојната изложба на самоукиот надреалист и голем македонски сликар Вангел Наумовски – слики, цртежи и графики (од колекцијата на ОСТЕН) ... која се одвиваше до декември 2024 со групните изложби од селектираните уметници на Биеналето.

Беа доделени традиционлано наградите од Интернационалното жири, од Советот на Остен.

Наградите што ги доделува Советот на амбасадори на Остен ги понесоа Микеланџело Пистолето (1933-) ГРАН ПРИ за животно остварување и Вангел Наумовски - наградата Светско културно наследство

Пистолето е италијански уметник (сликар, уметнички акции, објекти) и теоретичар, еден од основачите и главен протагонист на Арте повера, радикално италијанско уметничко движење од минатиот век, чии уметници истражуваа низа неконвенционални процеси и примена на нетрадиционални „секојдневни“ материјали.

Вангел Наумовски се смета за еден од најголемите македонски ликовни уметници кого теоретичарите го вбројуваат во редот на самоуките надреалистички сликари, сосем пригодно да се оддаде почит на неговото творештво по повод 100-годишнината од неговото раѓање (1924 - 2006) и 100-годишнината од надреализмот (1924 - 2024), наведуваат организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите. Пријавувањето започнува на 1 октомври.

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите

Европската Унија доделува нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз на 18-годишници за патување низ Европа.

Младите можат да аплицираат онлајн од 1 до 15 октомври; право на учество имаат сите граѓани на ЕУ родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2008 година, под услов да пополнат краток квиз за ЕУ ​​и иницијативите за млади.

Право на учество имаат и жителите на земји надвор од ЕУ кои се вклучени во програмата за размена „Еразмус+“ (Erasmus+).

До седум дена патување со воз низ Европа Европската комисија ќе ги извести успешните кандидати и ќе им додели билети за воз кои важат за патување во траење до седум дена, во рамките на еден месец, во периодот од 1 март 2027 година до 31 мај 2028 година. Иницијативата „DiscoverEU“ е дел од програмата „Еразмус+“ и беше лансирана во 2018 година со цел да им овозможи на младите граѓани на ЕУ „да патуваат и да ја истражуваат разновидноста на Европа, да го откриваат нејзиното културно наследство и историја, како и да се поврзуваат со луѓе од целиот континент“.

Според информациите од ЕУ, Обединетото Кралство повторно ќе се приклучи кон програмата во 2027 година – за првпат по Брегзит (неговото повлекување од Европската Унија). Досега, околу 473.000 млади луѓе ги искористиле бесплатните билети за воз доделени преку иницијативата „DiscoverEU“, при што нови серии билети се пуштаат во оптек двапати годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-ток

Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, .

МВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-ток

Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, со што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“..

Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на својот профил. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото..

Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото, а во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.. По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.. , информираат од МВР..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Платформата“ со конкретен план за суштински реформи во СДСМ

Платформата, составена од поранешни и сегашни челници на СДСМ, следните денови ќе излезе со конкретен предлог за суштински реформи во СДСМ.

„Платформата“ со конкретен план за суштински реформи во СДСМ

На денешниот брифинг со новинарите објаснија дека планот прво ќе СДСМ му го презентираат на претседателот на партијата, Венко Филипче. Поводот е тоа што, според нив, опозициската партија не успева да дејствува обединувачки кон граѓаните кои се антивладино расположени. дополнително, не се задоволни од моменталниот рејтинг на партијата и сметаат дека ваквиот СДСМ, ако излезе на избори, ќе доживее катастрофален пораз кој може трајно да ѝ наштети на партијата и да ја спушти под егзистенцијалниот минимум.

Од Платформата исто така сметаат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува едни од најслабите перформанси на една владеачка гарнитура во изминативе 35 години, без да направи прогрес на ниту едно поле.

Според нив, за да може да се настапи против таквите политики на владеачката партија, потребна е силна опозиција која ќе формира и поширок опозициски фронт.

Според најавите, во текот на викендот ќе објават повеќе детали околу конкретните чекори.

Според Филипче постојат сомнежи дека тие луѓе се платени од власта за да ја раситнат опозицијата и уште еднаш ги повика ако сакаат да помогнат во опозициската битка дебатата да ја водат во рамките на партијата, а не со платформи надвор од неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер