Отворање на 53-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид - Канал 5

Отворање на 53-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид

Со настап на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“, заедно со фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Неврокоп, Република Бугарија, утревечер во Охрид ќе биде отворено 53-от по ред Балкански фестивал на народни песни и игри.

Отворање на 53-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид
Најстарата манифестација од тој вид во Република Македонија и оваа година ќе понуди богата и разноврсна уметничка програма, со акцент врз настапи на ансамбли и КУД што ги негуваат традиционалните песни и игри од балканските простори. Во текот на петте фестивалски денови на сцената „Долни Сарај“ ќе настапат 12 ансамбли и КУД од Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Полска, Словенија, Грција, Србија, Турција, како и три фолкорни друштва на нашите иселеници од Мелбурн, Австралија.

Овогодишното фестивалско издание „Танец“ ќе го отвори со сосема нова програма, нови атрактивни кореографии, на внимателно обработени фолклорни теми, блиски до изворното. Балканскиот фестивал на народни песни и игри е еден од ретките манифестации од тој вид во регионот што опстојува веќе пет децении и успева да го задржи високото реноме, притоа покривајќи ги сите трошоци за престој на учесниците на фестивалот.

Манифестацијата ја организира Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, под покровителство на Собранието на Република Македонија, а со финансиска поддршка на Министерството за култура. Влезот за сите фестивалски вечери е бесплатен, а летната сцена Долни Сарај каде ќе се одржуваат настапите е реновирана, со поставена кровна конструкција со помош на Министерството за култура на Република Македонија./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

По повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. 

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

Националната пливачка федерација (НПФ) со поддршка од Министерството за спорт, го надмина долгогодишниот проблем со блокираната сметка и целосно се враќа во функција. Решавањето на овој проблем е значаен чекор кон финансиска и организациска стабилизација на Федерацијата и создавање услови за понатамошен развој на македонското пливање.

На денешната прес-конференција, на која присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, официјално беше соопштено дека обврските се исполнети и проблемот е надминат.

„По речиси една и пол година од состанокот што го имавме во Министерството за спорт и кој за македонското пливање значеше тргнување од мртва точка, еве денеска имаме уште поконкретен резултат. Секој си ги исполни зацртаните задачи во рамките на своите ингеренции и тоа донесе резултат. Обврската на Министерството за спорт и на Владата беа да се обезбедат средства и да се одблокира сметката на Федерација што беше блокирана 12 години и ние тоа во целост го исполнивме. Обврската на Националната пливачка федерација и на претседателот Сашо Лазаревски беше да обезбедат непречено функционирање, сите клубови да бидат во една федерација, да нема поделби и проблеми како претходно. Пливањето ќе ја има нашата поддршка затоа што во федерацијата има луѓе кои се посветени и одговорни, искрено го сакаат спортот и сакаат да напредуваат и сигурен сум дека во иднина ќе имаме уште поголеми успеси во овој спорт“ – рече министерот Борко Ристовски.

Министерот за спорт истакна дека решавањето на долгогодишниот проблем е важен чекор кон враќање на стабилноста и создавање нови перспективи за македонското пливање. Во насока на долгорочно унапредување на пливањето, Министерството за спорт, во соработка со општините и раководството на НПФ, работи на создавање услови дел од базените што ги гради државата да бидат предадени на управување и користење на Федерацијата.

„Нашата обврска како Министерство за спорт е да ги отстрануваме пречките што го кочат спортот и да создаваме услови во кои спортистите ќе можат да напредуваат и да остваруваат резултати. Ова е важен чекор, но продолжуваме и со конкретни мерки за подобрување на спортската инфраструктура и условите за тренинг. Во таа насока е и новиот модел на стопанисување со спортските објекти што ги гради државата. Еден од новите базени веќе е предаден на управување на Националната пливачка федерација, а наскоро ќе биде завршена процедурата за уште два други, сѐ со цел спортистите да добијат подобри услови за работа, со овие спортски објекти правилно да се стопанисува и тие во целот да ја исполнат својата намена“ - посочи Ристовски.

Овој пристап има за цел да овозможи подобро искористување на спортската инфраструктура, поголема достапност на базените за пливачите, за Федерацијата и за клубовите и создавање подобри услови за развој на младите таленти.

Претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, изрази благодарност за поддршката и добрата соработка со Министерството за спорт и најави почеток на нова ера за македонското пливање.

„Со огромно задоволство сакам да соопштам дека заедно со Министерството за спорт успеавме да исполниме сите задачи што ги поставивме пред една и пол година и дека Националната пливачка федерација сега работи со одблокирана сметка,функционира одлично обединета и сите клубови заедно работат на тоа. Благодарност до министерот за спорт кој даде ветување и се заложи за нашата федерација, благодарност и до Владата која изнајде средства и начин да ни помогне и еве денеска ние започнуваме една нова ера“ – рече Лазаревски.

Со решавањето на проблемот со блокираната сметка и со активностите за подобрување на инфраструктурните услови, Министерството за спорт продолжува со поддршката на македонското пливање и со заложбите за негова стабилизација и враќање на патот кон нови спортски успеси.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во Тирана

Насилството продолжи на улиците во Тирана. За време на вчерашните протести повредени биле двајца демонстранти и двајца полицајци.

Судири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во Тирана

Судирите избувнаа пред министерството за образование, откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицијата, која возврати со солзавец. Протестите предводени од студентите траат веќе 13 дена. Првично беа поттикнати од незадоволството од состојбите во образованието, високите трошоци за живот и ограничените можности за вработување на младите. Движењето прерасна во антивладини демонстрации, при што се бара оставка од премиерот Рама, кој во неколку наврати повика на дијалог, но демонстрантите тие понуди ги одбија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Во четврток во „Само интервју“ гостува премиерот Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер