Отворање изложба „Стоп на теророт“ во Музејот на Град Скопје - Канал 5

Отворање изложба „Стоп на теророт“ во Музејот на Град Скопје

Во рамки на манифестацијата за одбележувањето на 110 години од трагедијата во селото Загоричани (1905 – 2015), вечер во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена втората меморијална ликовна изложба „Стоп на теророт“. Воедно ќе биде промовирана и книгата „Зверствата во село Загоричани“ од Гр. Попанастасов.

Отворање изложба „Стоп на теророт“ во Музејот на Град Скопје
На изложбата ќе бидат презентирани 52 дела со различни ликовни естетски определби, од 38 академски ликовни уметници припадници на различни генерации и преокупации кои со своите дела прикажуваат дел од своето најново творештво.

Манифестацијата е во организација на Родокрајното здружение Загоричани, Книгоиздателството Матица Македонска и Сојузот на македонците од Егејот Македон – Скопје, со поддршка од Министерството за култура. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политичките тензии нема да го запрат Коридорот 8: Договорен е моделот за тунелот со Бугарија

Заладените политички односи меѓу Македонија и Бугарија нема да го загрозат железничкото поврзување на двете земји, уверува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Политичките тензии нема да го запрат Коридорот 8: Договорен е моделот за тунелот со Бугарија

Во гостувањето во „Само интервју“, тој соработката со бугарската страна ја оцени како добра и најави средба со бугарскиот колега. За изградбата на прекуграничниот тунел е договорен модел според кој проектот ќе биде изработен од Македонија, а тендерот ќе го распише Бугарија, како членка на ЕУ со можност да обезбеди повеќе европски грантови.

Избраниот изведувач ќе има пет години за изградба, а целта е македонскиот дел да биде завршен до 2032 година, паралелно со тунелот и преостанатите делници на бугарска страна.

-Дали овој најнов развој на тензиите и односите меѓу двете земји може да го доведе во ризик овој проект или тоа е веќе завршена работа? - Па, не очекувам. Од причина што прво се работи за исклучително важен проект, геостратешки важен проект покрај економски, Коридорот 8, железничко поврзување. И второ, јас од првиот ден зборував дека се работи за инженерски, а не за политички проблем, што и се докажа. Мислам дека духот на соработка е добар и со новиот министер за транспорт во Бугарија,- Александар Николовски – вицепремиер и министер за транспорт.

Во меѓувреме, се подготвува и проектот за брзата железница што треба да ја поврзе Македонија со Грција и Србија. Николоски соопшти дека во август биле добиени сите шест потребни студии и дека доколку се исполнат предусловите, градежните работи би можеле да почнат напролет.

За втората половина на ноември и почетокот на декември најави средби на високо ниво во Лондон, уверувајќи дека промената на британската влада не ја довела во прашање соработката.

Николоски најави и дека во план е реконтрукција и електрификација на пругата Велес-Битола за што се очекува да се обезбедат средства преку програмата ИПА 3, по што ќе следат тендерска постапка и избор на изведувач.

Паралелно, со Светска Банка и ЕБОР се договара набавка на нови електрични локомотиви и патнични возови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од среда, 21 октомоври започнува вакцинацијата против грип

Од среда, 21 октомоври започнува вакцинацијата против грип, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. 

Од среда, 21 октомоври започнува вакцинацијата против грип

Први ќе се вакцинираат лицата кои се во старечките домови со цел да се спречи едидемија во домовите.

Граѓаните кои треба да се вакцинираат ќе бидат повикани преку СМС пораки и приоритет ќе имаат хронично болните и возрасните лица.

Пријавувањето за вакцина за грип е преку сајтот вакцинација.мк. Досега се пријавни вкупно 38.000 граѓани.

Вакцините против грип што стигнаа во Македонија се од јужнокорејскиот производител „ГЦ Биофарма“. Засега има 30.000 вакцини, најавено е дека ќе пристигнат уште 26.000.

Оваа година против борбата со грип најавени се 80.000 вакцини.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветнаесет години без Тоше Проески

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 19 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Деветнаесет години без Тоше Проески

Со низа настане се одбележува прераното заминување на една од најголемите македонски музички легенди.

Настан се одржива и во Скопје, на пешачката патека која го носи името на Тоше, таму е Дејан Трајковски, Дејан што е предвидено да се случува таму?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер