Отварање на новото студио на Јована Филиповиќ

Екипата на „G Carpet”  имаше ексклузивна прилика да присуствува на отварањето на новото студио на Јована Филиповиќ. 

Во таа прилика Јована со нас ги сподели своите импресии и ни раскажа нешто повеќе за понатамошните планови.

Како си ти, како се чувствуваш?

- Па искрено многу сум возбудена, и нормално горда на мене и на целиот мој тим дека овој месец славиме 10 години од постоењето на фирмата, на брендот. Така традиционално го отвараме и новото студио, затоа што пред 10 години го основавме брендот го отворивме првото студио, и ете сме после 10 години со ново студио.

10 години, тоа не е мала бројка, која е онаа вистинска порака или ина што те мотивира за да продолжиш да креираш и да опстануваш на оваа сцена?

- Имам многу мотивација во мене имам многу енергија и желба. Денска си посакав следното нешто што ќе го направам е една мала фабрика кадешто ќе имаме уште поголема фамилија „Јована Филиповиќ” и ќе работиме нормално и за Македонија и за странство и пошироко. А пораката е никогаш да не се откажувате од своите соништа, мислам јас не се откажав и не планирам да се откажам туку напротив да се борам уште повеќе и заедно со тимот да постигнеме уште многу поголеми работи.

Ме интересира дали тебе првичната идеја за студиото ти беше да се чувствуваш како дома?

- Тоа ни е секогаш поентата и со сите претходни студија, кога ќе дојдат луѓето да се чувствуваат добредојдено да се чувствуваат како дома.

И за крај ако може нешто да ми откриеш за твоите идни планови, некои нови колекции?

- Дефинитивно нова колекција ќе спремаме сега за новото студио. Овој период се фокусираме повеќе да го средиме новото студио, имаме некои нови парчиња меѓутоа немаме нова колекција. Така да тоа ќе биде следно дефинитивно.

Видео: Гоца Тржан му одржа лекција на едно момче од публиката

Популарната пејачка Гоца Тржан имаше настап за своите фанови, а поради помлад фан мораше да го прекине концертот за јавно да одговори на неговите барања.

Пејачката Гоца Тржан важи за личност која често гласно ги искажува своите ставови.

Гоца на еден свој настап му „одржа лекција“ на едно момче од публиката кое негодуваше за нејзините песни и бараше да отпее нешто од репертоарот што пејачката го окарактеризира како „денешен минлив тренд во музиката“.

„Пеј нешто за нас“, викна еден дечко од публиката.

- Знаеш што, друже, јас не ги знам знам тие „дрнди мрнди“. Не учев за вечерва, дај кец. Има стари песни што можам да ги изведам. Не би сакала да ги набројувам сите брендови во светот, тоа ми е досадно. - рече Гоца Тржан и предизвика овации кај публиката, а потоа продолжи да ги пее нејзините хитови.

УНРВА: Десет деца дневно губат една или две нозе во Газа

Во просек по десет деца во Појасот Газа секој ден остануваат без едната или двете нозе, предупреди денеска шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.

-Секој ден имаме во просек по десет деца кои остануваат без едната или двете нозе, рече Лазарини на прес-конференција во Женева, додавајќи дека тие податоци не ги вклучуваат децата кои останале без рака или шака.

Тој рече дека тие податоци се базираат на податоците на УНИЦЕФ.

-Десет на ден, тоа се речиси 2.000 деца по повеќе од 260 дена од таа брутална војна. Знаеме дека најчесто ампутациите се вршат во ужасни услови и понекогаш без никаква анестезија, а тоа важи и за децата, рече тој.

Лазарини го спомена и извештајот на невладината организација Save the Children во кој се наведува дека од почетокот на војната во Појасот Газа „исчезнале до 21.000 деца“, без разлика дали биле затрупани под урнатините, заробени, закопани во анонимни гробници или изгубени контакти со семејството и роднините./МИА

Видео: „ChatGPT“ пристигна во автомобилите на „Volkswagen“

„Volkswagen“ конечно го интегрира „ChatGPT“ во своите автомобили.

Оваа технологија ја има кај сите возила од семејството „ID“, како и кај новите модели „Golf“, „Tiguan“ и „Passat“.

Возачите ќе можат да пристапат до „ChatGPT“ преку гласовниот асистент, а тој може да ја контролира климатизацијата, навигацијата и многу повеќе.

„VW“ соопшти дека „ChatGPT“ ќе може да бара информации за туристички атракции или за резултат од спортски натпревар.

Исто така, се додава дека вештачката интелигенција ќе може дури и да прави математички задачи за деца.

Тие ги уверуваат корисниците дека нема потреба да се грижат кога станува збор за безбедноста, бидејќи информациите за возилото се испраќаат анонимно до гласовниот асистент само доколку системот „VW“ може да одговори на барањето, а подоцна автоматски се отстрануваат.

Извор: Б92

притисни ентер