Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони

 Откупот на тутунот е при крај, Досега се преземени преку 20 илјади тони по просечна цена од речиси 400 денари.

На теренот, главно во прилепско-пелагонискиот регион за откуп остануваат уште околу 1000 тони. Од Сојузот на тутунските здруженија очекуваат дека откупот ќе заврши за 15-тина дена, иако законскиот рок е до крајот на февруари.

-Откупот на тутунот ќе заврши далеку порано од законскиот рок, 28 февруари. Со ова темпо, се надеваме дека ќе заврши за 10 до 15 дена. Според последната информација, досега се откупени околу 20 000 тони тутун по просечна цена од околу 400 денари. Значи, на теренот има 700 до максимум 1000 тони. Тој тутун е во овој Прилепско-пелагониски регион, во Долненско, Крушевско, а во источниот регион веќе преку 90 проценти е откупен родот. Со родот сме пријатно изненадени. Нашите предвидувања беа околу 17 до 18 000 тони. Условите за берба во септември и октомври се продолжија, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

За новата производствена реколта веќе се почнати преговори со компаниите. Начелно се говори за идните договори, а ќе дојдат на ред и цените. Преокупацијата е за цените и почитувањето на Законот за тутун.

-Преокупација ќе ни биде, секако цената и нема да дозволиме да биде пониска од годинашната. И да се плаќа квалитетот. Ќе бараме целосна примена на законот за тутун, нагласува Ристески.

Според Џемал Назифоски, тутунопроизводител од Крушевско состојбите во производството се задоволителни и тоа ќе опстои.

-Како производител на тутун со 3000 килограми сум задоволен од цената на тутунот, од субвенциите и мислам дека ќе продолжи оваа динамика на одгледувањето тутун. Тоа ќе го зголеми интересот кај младите, вели Назифоски.

Во земјава се преку 20 000 семејства кои се занимаваат со тутунопроизвоство.

Фото: Ријана во секси долна облека, објавата има над 2 милиони лајкови

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно воодушеви со фотки во секси долна облека.

Популарната пејачка Ријана објави неколку провокативни фотографии за да ја претстави најновата колекција на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“.

36 годишната Рири која е и успешна бизнисменка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.

Бујната пејачка носи црно,чипкано боди со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици и оглавици.

Објавата има над 2 милиони лајкови на Инстаграм.

Македонија поразена од Франција во последниот меч на СП 2025

Со пораз од 32-25 (18-14) од фаворитот за медал Франција , најдодобрата репрезентација на Македонија го заврши настапот на 29 Светски шампионат. 

Вечерва во последниот меч од втората фаза црвено жолтите беа достоен противник на големата Франција иако на крајот беше запишан вториот пораз во шестиот мундијалски напревар.

Црвено-жолтите по шесте средби на СП 2025 година и остварениот скор од две победи, две реми и исто толку порази може да се каже дека одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.

И вечерва наш најдобар стрелец беше првиот мундијалски снајпер Филип Кузамановски со 8 погодици, а признанието најдобара поединец на мечот заслужено заврши во рацете на младиот плејмејкер Марко Митев.

По вечерашниот пораз од Франција, македонскиот национален тим дуелите во Главната фаза ги заврши на 4 место со 4 поени исто колку што имаше и селекцијата на Австрија. На првите три позиции се Франција, Унгарија и Холандија.

И покрај поразот, честитки за борбената,мотивирана и квалитетна игра заслужува целиот македонски тим од најсиксуниот голманот Митревски,преку капитенот Кузмановски до најмладите Атанасијевиќ, Галевски, Митев...

Нашата најдобра селекција Светскиот шампионат на крајот ќе го заврши на позиција од 13- до 16 место , најверојатно како 15 репрезентација на Светот, што секако е одличен пласман за овој наш подмладен тим.

Македонија според игрите во Вараждин и покажаниот квалитет, бевме рамновравен ривал на сите противници и на оние од врвот на европскиот и светски ракомет, може да се каже дека доби тим за долг период . Шесте мундиајлски средби сигурно ќе значат многу во иднина за нашите млади репрезнативци, Митев, Ѓоргиев, Џоновс, браќата Атанасијевиќ, Галевски и останатите.

Фото: Нивес ужива во Дубаи

Најпознатата хрватска старлета, која воедно е и писателка и водителка Нивес Целзиус покажа како ужива во монденскиот Дубаи.

Провокативната Нивес откако неодамна го објави своето патување, откри дека нејзината крајна дестинација бил Дубаи.

На социјалните мрежи хрватската старелета на радост на фановите објави фотки од одморот на кој таа позира во секси бикини а во преден план се нејзините бујни облини .

Нивес во Дубаи заминала со својата ќерка Таиша и една блиска пријателка.

притисни ентер