Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари - Канал 5

Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега откупубачите од производителите купија околу 25 000 тони по просечна цена од 419 денари за килограм. 

Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари

Откупот привршува но тутунарите не треба да стравуваат, зашто пунктови ќе има отворено до крајот на февруари, до 28, кога е законскиот рок за откуп.

-Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Но потсетувам, дека и кооперантите и откупувачите треба да знаат, законски, откупот на тутунот трае до 28 февруари. Се појавуваат информации дека е хаос во откупот. Тоа не е точно и не треба да се доведуваат тутунопроизводителите во заблуда. Со години се врши намалување на пунктовите за откуп, бидејќи се и намалени количествата за откуп на тутун. Тутунопроизводителите да не се плашат, целиот род ќе им биде откупен. Треба да бидат трпеливи, да им се исуши тутунот и да може да им биде откупен во прва класа, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Сојузот е подготвен да разговара и со откупувачитеи со ресорното министерство за новата реколта и новите договори со цени.

- Да завршат празниците, очекуваме да ги почнеме разговорите и со откупувачите за договорите за годинашнава реколта и за новите цени, а со Министерството заземјоделство за Законот за тутун, вели Ристески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отворен целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци

Градскиот базен во Кавадарци денес официјално е пуштен во употреба по завршената реконструкција.

Отворен целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци

Во реконструкцијата како што појасни градоначалникот Митко Јанчев, биле вложени околу 1 милион евра преку владин јавен повик.

Обновени се големиот и малиот базен, системот за филтрација и пречистување на водата, соблекувалните, санитарните јазли и останатите придружни содржини, а поставени се и нови водни атракции и детски реквизити.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на пратките

Невремето во Скопје предизвика проблеми и во Македонска пошта. 

Невремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на пратките

Поради обилниот дожд била оштетена серверската соба, односно електронскиот систем за распределба на пратките, поради што веќе три дена има доцнење во доставата.

Директорот на Македонска пошта, Куртиши, уверува дека проблемот се санира и очекува од утре доставата да се нормализира.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД продолжуваат со воздушните напади врз Иран

Соединетите држави ја завршија дванаесеттата последователна ноќ на воздушни напади врз Иран. 

САД продолжуваат со воздушните напади врз Иран

Цели биле иранските поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за надзор и објекти на противвоздушната одбрана.

Според ЦЕНТКОМ, операциите треба дополнително да ја намалат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и трговски бродови. Американската команда тврди дека, откако повторно почнала да ги блокира иранските пристаништа, пренасочила девет комерцијални бродови, а уште еден онеспособила. Дополнително за првпат Америка го употреби стратегискиот бомбардер Б-1 во нападите врз цели на Иран.

-Во моментов, ситуацијата е прилична едноставна. Бродови се обидуваат да минат низ теснеците и тие се напаѓани. Комерцијални бродови кои пловат низ теснеците се напаѓани. САД го штитат овој поморски сообраќај и, покрај тоа, ги гаѓаат местата од каде што се извршуваат нападите врз тие бродови, со цел дополнително да се намали способноста на Иран да напаѓа и да го загрозува глобалниот поморски сообраќај. Тоа сега се случува и на тоа сме сега фокусирани – изјави Рубио.

Со веќе препознатливата остра реторика, Трамп се закани дека САД ќе ја напаѓаат цивилната инфраструктура во Иран како одговор на секој напад врз брод во Ормускиот Теснец.

-Во овој судир што го имаме со Исламската Република Иран, и намерно ја нарекувам така, затоа што, да ви кажам, тие трпат нависнина силни удари и сакаат да постигнат договор. Но, јас велам дека се уште не се подготвени за договор. Затоа што секојпат кога ќе постигнеме некаков договор, тие сакаат да ги менуваат и слино. Не се подготвени. Но, ќе бидат подготвени многу наскоро. – изјави Трамп.

Во меѓувреме, Техеран ги нападна американските сојузници низ Блискиот Исток. Иранските државни медиуми јавија дека американски ракети погодиле цели во западниот дел на Иран. Во уште еден американски ракетен напад на границата со Ирак, биле убиени две лица.

Раководството во Техеран одговори со сопствени закани. Во случај на американски напади врз иранската инфраструктура, ќе следува масовна одмазда, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи на платформата Х. Тој посочи дека иранската одбранбена политика е јасна: „Око за око“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер