Герасимовски: Времеплов низ срцето на Скопје, запознајте ја историјата, културата и архитектурата на Центар
1Хорор во САД: Од библиотеката се слушале звуци од огнено оружје и вресоци на луѓе, има мртви (ВИДЕО)
2Герасимовски: Времеплов низ срцето на Скопје, запознајте ја историјата, културата и архитектурата на Центар
3Општина Карпош: Засилена динамика на реновирање и реконструкција на оштетените урбани игралишта и урбани елементи
ЖивотОткрил тајна соба додека ја реновирал старата куќа- веднаш повикал помошКорисник на Редит објави серија фотографии на кои е прикажана „тајна соба“ откриена при реновирање во неговиот дом.Необичната соба ја нашол додека работел во бањата, а потоа решил да побара помош на социјалните мрежи, пренесува Мирор. Совршено се вклопува. "Купив куќа на рид во кој влегувате од средината. Долу има дневна соба, а горе спална соба. Задниот дел од куќата гледа надолу. Додека ја реновирав бањата, открив празна соба", објасни тој. Мажот додал дека „тајната соба“ одлично се вклопува со дневната соба, што значи дека може да постави врата и да ја користи како дополнителна просторија. „Се прашувам дали некој има идеја за намената на оваа просторија и дали ми треба посебна дозвола за да ја приспособам“, додаде тој. UPDATE #1 - Found a hidden space under my house! Going to turn it into a wine cellar byu/tuckerPi inhiddenrooms „Внимавајте“ На објавените фотографии се гледа мал, изолиран простор кој би можел да се искористи. Многу корисници шпекулираа за што е тоа. „Не сум сигурен за целта, но сум видел слични соби во бунгалови во планините. Тие се користеа како складиште или простор за намалување на влажноста“, напиша едно лице. „Мислам дека поправањето на оваа соба би било мака, без вистинска вредност. Особено затоа што нема прозорци“, вели друг. „Бидете внимателни и ангажирајте архитект ако планирате да направите промени. Можно е ѕидовите што ги гледаме да се носители и не би сакале да ја загрозите стабилноста на куќата“, советува трето лице.Тагови: куќа соба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХорор во САД: Од библиотеката се слушале звуци од огнено оружје и вресоци на луѓе, има мртви (ВИДЕО)Најмалку две лица загинаа во пукотница што се случила во библиотека во Калифорнија, соопшти локалната полиција.Пукањето се случило во градот Чико на северот од оваа американска држава, а еден осомничен е во притвор, јавува Асошиејтед Прес. Полицијата соопшти дека одговорила на повик во кој се слушале звуци од огнено оружје и вресоци на луѓе од библиотеката. „Кога полицајците влегле во библиотеката, осомничениот избегал низ задната врата. Дополнителни сили за спроведување на законот зад библиотеката го привеле осомничениот“, изјави началникот на полицијата Били Олдриџ. Според него, инцидентот е многу тажен и трауматичен за многу луѓе. Two killed, child injured in shooting at Butte County Library — Chico, California — June 22, 2026. 5:12 PM. Gunshots heard on open 911 line. Officers inside in 6 minutes. Suspect fled out the back — taken into custody without firing a shot. pic.twitter.com/nLxBkDdM4W — freeledger (@thefreeledger) June 23, 2026 Улиците околу библиотеката биле привремено затворени, а за луѓето што биле во зградата бил отворен центар за семејно обединување. Едно дете е однесено во болница со полесни повреди. 🚨BREAKING🚨:SUSPECT IN CUSTODY AFTER CALIFORNIA LIBRARY SHOOTING REPORT 🇺🇸⚠️ Police say a suspect is in custody following a reported shooting at the Butte County Library in Chico, California. Authorities have secured the scene & are investigating the incident pic.twitter.com/Hm9RNIDUFE — Al Hind (@AlHind0) June 23, 2026 Полицијата не го објави името на осомничениот ниту детали за тоа што го предизвикало пукањето, но рече дека верува дека стрелецот дејствувал сам. АП додаде дека полицијата изјавила дека нема да ги објави имињата на убиените додека не бидат известени најблиските роднини. Локалните власти ги повикаа луѓето да ја избегнуваат областа. Извор: Б92Тагови: пукање САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Времеплов низ срцето на Скопје, запознајте ја историјата, културата и архитектурата на ЦентарОпштина Центар ги поканува сите заинтересирани граѓани на бесплатна тематската прошетка „Времеплов низ Центар, историја, култура и архитектура“, која ќе се одржи на 24 јуни (среда), од 18:00 до 20:00 часот.Собирно место е на улица „Македонија“, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, од каде ќе започне прошетката низ богатото историско, културно и архитектонско наследство на централното градско подрачје. Водичи на турата ќе бидат Димитар Таневски и Антонио Павловски , а посетителите преку интересни факти и приказни ќе се запознаат со минатото на Центар од еден нов агол. „Придружете ни се на уште една прошетка низ повеќе локации кои се наше секодневие, но толку малку знаеме за нив. Ова е прилика да откриете што е тоа што го прави нашиот град единствен и уникатен“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Маршутата опфаќа препознатливи обележја , меѓу кои Градскиот трговски центар, Камениот мост, Кејот на Вардар, Даут Пашин Амам и многу други значајни историски и архитектонски знаменитости. Посетителите ќе имаат можност да слушнат за личности, настани и објекти кои оставиле траен белег врз развојот на градот, како и да откријат детали што често остануваат незабележани во секојдневниот урбан ритам. Турата е бесплатна и е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаОпштина Карпош: Засилена динамика на реновирање и реконструкција на оштетените урбани игралишта и урбани елементиОд општината апелираат до граѓаните да не ја вандализираат урбаната опрема и урбаните елементи, бидејќи истите служат за нивна рекреација, дружење и одмор на сите генерации на карпошани, особено во летните месеци.Целосно се реновирани и реконструирани, оштетените урбани елементи на детските игралишта, во дворот на ООУ „Јан Амос Коменски“, во урбаната заедница Тафталиџе 1, на „Фонтана“ во у.з Карпош 3, кај Адреналински парк во Карпош 3, како и на ул. „Никола Парапунов“, во населбата Карпош 4. Во рамки на ова игралиште, беа реновирани клупите, беа поставени нови лулашки, и се санираше другата урбана опрема. Се поставија и нови влезни врати, се детските лизгалки и клацкалки. На детското игралиште во ООУ „Јан Амос Коменски“, се поставија нови даски со качувалки за платформата на лизгалиштето, нов лимен покрив на куполата и се фиксираше лизгалката. Исто така се постави и клацкалка, како и две сосема нови лулашки. Се бојадисаа железните делови на игралиштето и се постави даска на клупа во училишниот двор. Во оваа фаза на реновирање, реконструкција и поправка на оштетените детски игралишта и урбани елементи на територијата на општина Карпош, се постави и нов обрач и мрежа за кош на игралиштето за баскет кај студентскиот дом „Гоце Делчев“, нова табла и мрежа за кошот на локацијата позади ресторанот „Македонска куќа“ во населбата Козле, како и нова стаклена табла и мрежа на игралиштето во населбата Влае 2. Во рамки на училишниот двор на основното училиште „Аврам Писевски“, во населбата Бардовци, беа поставени и пет нови клупи, а беше средено средено детското спортско игралиште со што се подобри амбиенталниот простор на училиштето, односно училишниот двор доби модерен и функционален изглед. На улицата Варшавска бр.7 се заменија оштетени и стари даски на две клупи , додека на ул. Варшавска бр. 9 се пребојадисаа клупите за седење. Општина Карпош и во иднина, ќе инвестира во реновирање на постојните над педесет и пет урбани (детски) игралишта кои се наоѓаат на нејзината територија, ќе ги реконструира оштетените клупи и корпи за отпадоци, како и ќе поставува нови, по барање на граѓаните, на однапред утврдени локации, онаму каде што има потреба. Затоа, повторно апелираме до граѓаните, да не ја вандализираат урбаната опрема и урбаните елементи, бидејќи истите служат за нивна рекреација, дружење и одмор на сите генерации на карпошани, особено во летните месеци. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook