За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
1За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
ЗабаваОткријте го POLYGON концепт автомобилот во “POLYGON CITY”POLYGON CITY, остров внатре во универзумот FORTNITE.Дел од иновацијата зад сосема новиот концепт автомобил на PEUGEOT – PEUGEOT POLYGON CONCEPT, е и околината во која првпат можете да го откриете. По краткиот преглед на надворешниот дизајн на POLYGON минатата недела, PEUGEOT го објави своето претставување во универзумот на Fortnite. Во партнерство со Gameloft, лидер во развој и издавање на мултиплатформски игри, PEUGEOT им овозможува на сите фанови и гејмери можност да ги откријат клучните карактеристики на PEUGEOT POLYGON CONCEPT. Отворете Fortnite и од главното мени одете во табот “Discover”. Внесете Island Code: [4592-5340-1652]. Fortnite е една од најпознатите и најмоќни онлајн игри. Како и PEUGEOT POLYGON CONCEPT, така и PEUGEOT Island во Fortnite нуди импресивно и иновативно искуство за сите фанови и играчи. PEUGEOT продолжува со својата мисија да истражува нови аудитории и ја потврдува својата присутност во гејминг универзумот, овозможувајќи забавен и нов начин за откривање на концепт автомобилот кој ја прикажува визијата на PEUGEOT за иднината. Официјалното претставување ќе се одржи на 12 ноември, преку дигитално откривање на YouTube каналот на PEUGEOT. PEUGEOT POLYGON CONCEPT е претставен на спектакуларниот остров PEUGEOT POLYGON CITY. Креиран од Gameloft, во тесна соработка со дизајнерскиот тим на PEUGEOT, овој остров ја има формата на Hypersquare – револуционерен систем за управување со steer-by-wire технологија, клучен елемент за идното задоволство во возење кај PEUGEOT возилата и самиот POLYGON CONCEPT. Играчот се спушта на PEUGEOT POLYGON CITY, посебен остров каде што веднаш ќе ја препознае Hypersquare формата од воздушна перспектива. Предизвикот: создај го својот POLYGON CONCEPT, персонализирајќи го со помош на токени заработени преку мини-игри расфрлани низ градот. Овој концепт автомобил го носи персонализирањето на сосема ново ниво, овозможувајќи им на играчите да прилагодат голем број елементи на автомобилот – внатрешни и надворешни, како што се Hypersquare, тркалата, бојата на каросеријата и светлосните потписи. Фил ЈОРК, Директор за маркетинг и комуникации во PEUGEOT, изјави: „Возбудени сме што соработуваме со Gameloft за да го оживееме PEUGEOT POLYGON CONCEPT во оваа возбудлива и ексклузивна претпремиера. Со влегувањето во универзумот на Fortnite, не претставуваме само концепт автомобил – ги покануваме фановите и гејмерите да ја доживеат нашата визија за идниот дизајн и бројните можности за конфигурација што ги нуди PEUGEOT POLYGON CONCEPT. Едно возило со повеќе страни. Ова е начин да се поврземе со нови аудитории и да ја преосмислиме автомобилската иновација преку дигитална експлорација.“ Жан-Батист ГОДИНО, Извршен Потпретседател на Gameloft Brands, изјави: „PEUGEOT POLYGON CITY не само што ја исполнува мисијата интерактивно да ги ‘преведе’ основните вредности на PEUGEOT на една од најголемите забавни платформи денес, туку и да создаде возбуда и поврзаност со помладите генерации. Ова е еден од најзначајните проекти што ги имаме.“ БИДИ ДЕЛ ОД POLYGON CITY ОСТРОВОТ ДЕНЕС! Авантурa што спојува забава и умешност во футуристичка околина — исто како и POLYGON CONCEPT. Откриј го PEUGEOT POLYGON CONCEPT на PEUGEOT POLYGON City островот во Fortnite, следејќи ги чекорите подолу: Отвори Fortnite на уредот по твој избор. Од главното мени оди во табот “Discover”. Внеси го Island Code: [4592-5340-1652]. Притисни Play и нурни се во искуството. *PEUGEOT POLYGON City е независно креиран остров во Fortnite и не е спонзориран, одобрен или управуван од Epic Games, Inc. PEUGEOT Polygon City Island е достапен само на избрани конзоли. ЗА GAMELOFT Лидер во развојот и издавањето на мултиплатформски игри, Gameloft® се има етаблирано како пионер во индустријата, создавајќи иновативни гејминг искуства веќе 25 години. Gameloft создава игри за сите дигитални платформи — од мобилни, до крос-платформски наслови за PC и конзоли. Компанијата управува со свои познати франшизи како што се Asphalt®, Dragon Mania Legends, March of Empires и Dungeon Hunter, а истовремено соработува и со големи светски брендови и носители на права, вклучувајќи ги LEGO®, Universal, Illumination, Hasbro® и Fox Digital Entertainment. Gameloft ги дистрибуира своите игри во повеќе од 100 земји и вработува 3.000 луѓе низ целиот свет. Секој месец, 1 милијарда уникатни корисници може да се достигнат преку рекламите во игрите на Gameloft, преку Gameloft for Brands — водечка B2B платформа посветена на брендовите и агенциите. Gameloft е дел од Vivendi групацијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интересиЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата. Очигледно, некои политички структури сè уште не можат да се помират со фактот дека времето на институционалното самоволие, селективното толкување на законите и политичкото надмудрување со државните институции е завршено. Времето кога ДУИ и СДСМ ги толерираа и практикуваа таквите политики е минато. Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите важат подеднакво за сите. ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци. Нашиот став е јасен: почитување на Уставот, почитување на законите и заштита на институционалниот поредок на државата. Потенцираме дека во моментов не постои уставна и законска основа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Ова не е прашање на нечии етнички чувства или политички амбиции, туку прашање на доследна примена на правниот поредок. Особено е недозволиво преку таканаречени хибридни решенија да се создаваат преседани со потенцијално далекусежни последици за правосудниот систем и функционирањето на институциите. Токму затоа претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, побара лидерска средба со коалициските партнери, на која отворено и одговорно ќе се разговара за ова прашање, ќе се дефинираат принципите и ќе се утврдат црвените линии. Ние не бегаме од дијалог, но дијалогот не смее да биде параван за заобиколување на Уставот и законите. Во однос на пораките и заканите упатени кон претседателот на ЗНАМ, вклучително и алузиите за Врање и повиците да внимава што зборува, сметаме дека ваквиот речник е несоодветен, неодговорен и недостоен за избрани народни претставници. Пратениците се избрани да ги застапуваат интересите на граѓаните во македонското Собрание, а не да испраќаат закани и да создаваат меѓуетнички тензии. Би сакале да го потсетиме господинот Ријад Шаќири дека пратеничката плата ја добива од буџетот на Република Македонија, кој го полнат сите граѓани, и Македонци и Албанци и припадници на сите други заедници. Затоа, наместо да упатува несоодветни пораки и да се занимава со други држави, би било одговорно својата енергија да ја насочи кон економскиот развој, подобриот животен стандард и решавањето на проблемите на граѓаните на оваа држава. Што се однесува до навредливите квалификации на Аднан Азизи за ЗНАМ, сметаме дека тие повеќе зборуваат за политичката нервоза во неговите редови отколку за нашата политичка позиција. Резултатите од последните локални избори во Брвеница, каде што кандидатот на ВРЕДИ не успеа да се пласира во вториот круг, се доволно јасна политичка порака. Нема потреба со навреди да се прикриваат изборните резултати и политичките слабости. Во однос на реакциите од ДУИ и најавениот бојкот на свечената седница по повод Денот на Куманово, жалиме што една свеченост посветена на градот и неговите граѓани преку шовинистички и сепаратистички наративи се користи за дневнополитички пресметки. Ваквиот пристап на ДУИ не е ништо ново, затоа што тие и досега никогаш не присуствувале на ваквите настани негирајќи ги придобивките од НОБ. Куманово е град на сите негови граѓани, а почитта и соживотот се градат со меѓусебно уважување, а не со политички ултиматуми и бојкоти. На крајот, сакаме да порачаме дека ЗНАМ нема да подлегне на притисоци, уцени и политички провокации. Ние сме за еднаквост на сите граѓани, но еднаквост во рамките на Уставот и законите. За нас нема селективна правда, нема привилегирани политички субјекти и нема хибридни решенија кога станува збор за функционирањето на правната држава. Македонија мора да биде држава на закони, а не држава на политички пазарења. Тоа е нашиот принцип, нашата одговорност и нашата црвена линија. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook