НаукаОткриено најголемото наоѓалиште на диносауруси во светотВо националниот парк Торторо во Боливија, меѓу пространство од стари карпи, откриено е најголемото наоѓалиште на траги од диносауруси. „Во националниот парк Торторо во Боливија, меѓу пространство од стари карпи, откриено е најголемото наоѓалиште на траги од диносауруси. На источната падина на Андите, палеонтолозите на наоѓалиштето Карерас Пампа изброиле речиси 18.000 различни траги од диносаурусите“, објави „Сајенс алерт“. Наоѓалиштето вклучува рекордни 16.600 тропски траги распоредени во 1.321 патека, и 289 различни отпечатоци. Сите траги се од тероподите - месојадни диносауруси, но има и отпечатоци од денешните птици. Станува збор за едно извонредно наоѓалиште чијашто вредност е уште поголема поради едноставниот сплет на условите на животната средина коишто го овозможиле неговото сочувување. „Наоѓалиштето Карерас Пампа во националниот парк Тороторо, Боливија, е извонреден збир на диносаурусови и птичји отпечатоци (фосилни траги), траги од пливање на Тероподите, траги од опашки и најразлични дупки направени од безрбетници“, пишува заедничкиот американско- боливиски тим предводен од палеонтологот Раул Есперанте од Институтот за геонаучни истражувања во САД. Наоѓалиштето Карерас Пампа некогаш бил брег на старо слатководно езеро. Иако езерото е пресушено одамна, неговото опкружување било погодно за сочување на трагите во меката кал и водата богата со карбонати. Самиот број на траги упатува на тоа дека ова езеро било важно живеалиште за животните во ова подрачје. Што откриваат трагите? Освен вообичаени отпечатоци од стапала, наоѓалиштето ги сочувало и трагите од канџи, вдлабнатини на опашките итн. Големината на отпечатоците од стапалата варира од најмали, помали од десет сантиметри, до оние најголемите до 30 сантиметри. „Отпечатоците од стапалата на тероподите, како и трагите од влечење на опашките се многубројни и добро сочувани во наоѓалиштето појавувајќи се на патеките на коишто можат да се најдат плитки, длабоки и многу длабоки траги“, соопштуваат научниците. „Трагите од опашките укажуваат на тоа дека диносаурусите покажувале некој вид локомоторно движење како одговор на тонење во меката подлога што довело до допирање на површината со своите опашки. Карерас Пампа сега е едно од најважните наоѓалишта на остатоци од диносауруси на светот. Содржи најголем број забележани траги од тероподите, најголем број траги од пливање и нуди редок увид на однесувањето на диносаурусите и на некогаш, успешен еко-состав. Поради сето тоа, сметаат дека треба да биде вброено меѓу најисклучителните наоѓалишта на светот, познато како фосилно наоѓалиште со исклучително добро зачувување“, се истакнува во написот. Со изобилството и исклучително зачуваните траги и отпечатоци, наоѓалиштето Карерас Пампа претставува ихнолошки битно фосилно наоѓалиште. Квалитетот, според научниците, го прават наоѓалиштето едно од најважните локалитети со остатоци од диносауруси во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаОд 1 декември постороги услови за кредит за купување на втор или следен станНови правила за добивање кредит за граѓани кои купуваат втор или следен стан. Од 1 декември со поригорозни услови за задолжување на граѓаните кои купуваат втор или следен стан.. Народната банка ги намалува максималните лимити за кредитна задолженост и ги скратува роковите за отплата, додека поповолните услови остануваат за граѓаните кои првпат купуваат сопствен дом. Според новите правила, максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите на граѓаните се намалува за пет процентни поени. Кај денарските кредити лимитот се намалува од 50 на 45 проценти, а кај кредитите со валутна компонента од 45 на 40 проценти. Тоа значи дека граѓанин со месечни примања од 60.000 денари, кој досега можел да има кредитни обврски до 30.000 денари месечно според лимитот за денарски кредити, од декември ќе може да се задолжи најмногу до 27.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Пуштена во функција реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназијаГрадоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев присуствуваше на пуштањето во функција на реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназија.-После долго време, од почнување на работење на самата гимназија, Општина Кавадарци прави темелно и комплетно реконструирање на спортската сала.- изјави градоначалникот Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Истрага за криминална група инволвирана во изнуди и перење париОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица .Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор од државата. Во текот на подолг временски период, односно од 2021, групата што ја формирал првоосомничениот кумановец, со груби закани изнудувала пари од оштетени лица, присилувајќи ги и најчесто искористувајќи ја нивната зависност поради претходна позајмица. Така, една оштетена побарала од првоосомничениот 4.000 евра на заем, усно прифаќајќи да ги врати за еден месец со камата од 2.500 евра. Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар. Нотарот кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост. Имајќи ги во своја корист ваквите договори, групата осомничени започнале повторно да и се закануваат на оштетената да го предаде возилото и да им го врати наводниот долг. Врз основа на договорите, сопственоста на возилото била променета во корист на еден од осомничените, а потоа оштетената била принудена да им го исплати и наводниот паричен долг. Друг оштетен, уште во 2021 позајмил на два пати по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата. Иако согласно договорите за заем ги вратил паричните средства, осомничените продолжиле да му бараат дополнителни исплати како камата и врз основа на таа зависност го принудиле да ја користат неговата сметка за да префрлаат големи суми на пари од изнуда како формални заеми и да ги извлекуваат во готовина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00