ТехнологијаОткриени уште осум мистериозни сигнали од вселената Освен црната дупка , најголемата мистерија на вселената се ирадио сигналите кои се повторуваат во правилни интервали.Станува збор за брзи пробиви на радиосигнали (FRB, fast radio bursts), што се краткотрајни и непредвидливи и доаѓаат од длабоката вселена. Ненадејно се појавуваат на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди.Кога доаѓаат поединечно не се интересни за научниците, но сега наеднаш имало пробив на осум такви радиосигнали. Биле забележани од телескопот (Canadian Hydrogen Intensity Mapping Experiment), кој се наоѓа во долината Оканаган во Британска Колумбија . До сега се познати вкупно 10 вакви сигнали што се повторуваат. Овие сигнали се голема мистерија , зашто траат само неколку милисекунди ,а ослободуваат за тоа време повеќе енергија од 500 милиони Сонца. Шест од осумте новооткриени радиосигнали од вселената се повториле само еднаш , а најголемото временско растојание меѓу два од нив било 20 часа. Иако научниците сè уште не можат со сигурност да знаат од каде доаѓаат овие сигнали, тие идентификуваа пет можни извори на мистериозните FRB што можат да произведат повторливи сигнали на радио-бранови. Така, тие веруваат дека би можеле да бидат произведени од ротирачка неутронска sвезда, две ѕвезди во процес на спојување, блицстар, црна дупка и непозната вселенска цивилизација. Неутронските sвезди се распаднати јадра на гигантски sвезди кои беа многу пати поголеми од нашето Сонце. Тие се со дијаметар од околу 10 километри и имаат маса двојно поголема од нашата матична ѕвезда. Поради сопствената тежина, тие пропаѓаат до таков степен што повеќето протони и електрони се спојуваат во неутрони. Научниците веруваат дека брзите ротирачки неутронски sвезди со силно магнетно поле може да предизвикаат ваков вид сигнал. „Неутронска sвезда може да генерира сигнали како овие, но сè уште не сме запознаени со физиката што стои зад овие појави“, вели астрофизичарот од Универзитет на Британска Колумбија (УБЦ), Ингрид Скали. Двете неутронски sвезди кои се во процес на спојување исто така би можеле да бидат одговорни за FRB. Според астрономот Шрихарш Тендулар, од универзитетот МекГил во Канада, ова е едно од најверојатните сценарија, но не во случај на повторени сигнали, бидејќи sвездите ќе бидат уништени во одреден момент во текот на процесот. „Ова е катаклизмичен настан, така што не може да има повторлив сигнал“, објасни тој. Повеќето од набљудуваните сигнали со голема брзина биле регистрирани само еднаш и може да бидат предизвикани од две sвезди кои се спојуваат, но за два повторливи сигнали, треба да се најде друго објаснување. Блицтар е брзо ротирачка неутронска sвезда што се распаѓа под сопствената тежина и формира црна дупка. Тоа би можел да биде објаснување за поединечните FRB. Црните дупки би можеле да ги објаснат FRB на различни начини; на пример, може да биде дека црната дупка се распаѓа во самата себе, или дека се судрила со темна супстанција. Помалку популарно објаснување е дека станува збор за еден вид вселенско летало произведено од технолошки напредна цивилизација. Астрофизичарот Ингрид Скали не смета дека оваа опција е веројатна. „FRB доаѓаат од различни насоки и од различни растојанија, така што веројатно тие потекнуваат од различни галаксии“, вели Скали. „Ми се чини многу малку веројатно дека толку различни туѓи цивилизации ќе произведат ист вид сигнал на ист начин“, објаснува таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЌерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари. „Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм. Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез. Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“. „Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера. View this post on Instagram A post shared by 🧚🏻♀️ (@sundayrose) „Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФридрих Мерц е во сериозни проблемиСамо 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар. Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември. Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти. Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“. Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас. Извор: Б92Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси МадуроАмериканскиот претседател Доналд Трамп го прашал „Грок“ – чет-бот со вештачка интелигенција во сопственост на Илон Маск – како народот на Венецуела би реагирал на апсењето на тогашниот претседател Николас Мадуро.Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот на Мадуро. Во декември 2025 година, Трамп се сретнал приватно со Маск во Овалната соба, каде што со часови го испрашувал „Грок“ за својот мандат и политичкото наследство. „Тајм“ ја заснова оваа информација на изјава од официјално лице кое присуствувало на средбата. Едно од прашањата што Трамп му ги поставил на чет-ботот било како би реагирале Венецуелците доколку САД го уапсат Мадуро. Официјалното лице цитирано од списанието вели дека „Грок“ го опишал Мадуро како „репресивен и крајно непопуларен диктатор“ и проценил дека многумина во Венецуела навистина би можеле да го прослават неговиот пад. Операција во Каракас Еден месец подоцна, Трамп наредил операција за апсење на Мадуро. Американските сили го привеле него и неговата сопруга, Силија Флорес, за време на воена операција во Каракас на 3 јануари, а потоа ги префрлиле во Соединетите Држави. Мадуро бил однесен во Њујорк, каде што се соочува со федерални обвиненија за трговија со дрога – обвинувања што тој ги негира. Кога некои Венецуелци навистина го прославиле апсењето, Трамп – според официјалното лице – заклучил дека „Грок“ е „генијален“. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Николас Мадуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook