Откриени траги на мистериозен човечки вид , научниците ги нарекуваат ,,популација на духови” - Канал 5

Откриени траги на мистериозен човечки вид , научниците ги нарекуваат ,,популација на духови”

Мистериозна популација на древни луѓе живеела во Западна Африка пред половина милион години, а научниците веруваат дека нивните гени сè уште живеат во луѓето.

Откриени траги на мистериозен човечки вид , научниците ги нарекуваат ,,популација на духови”

Оваа „архаична популација на луѓе-духови“ се чини дека се оддалечила од современите луѓе пред неандерталците да се разделат од семејното дрво, се наведува во студијата објавена во списанието Science Advances, пренесува CNN.

Поделбата се случи пред околу 360.000 до 1 милион години, според истражувачите на Универзитетот во Лос Анџелес (UCLA). Овие древни луѓе имале деца со предците на денешните Африканци, како што неандерталците се репродуцирале со предците на модерните Европејци, пишуваат генетичарите Арун Дурвасула и Срирам Санкарараман, забележувајќи дека ДНК на ова архајско население сочинува 2 до 19 проценти од генетското наследство на современите луѓе во Западна Африка. .

Студијата открила постоење на неандерталска ДНК кај современото европско население. Истражувачите од UCLA велат дека повеќе студии откриле траги на древните линии во потеклото на денешните Африканци, но дека природата на овие гени останала слабо разбрана. Ова делумно се должи на ретките фосилни записи во Африка и тешкотијата во извлекувањето на древната ДНК.

Научниците од UCLA создале „геномски мапи на архаичното потекло“ за четири етнички западноафрикански популации во Нигерија, Сиера Леоне и Гамбија.

Истражувачите споредиле 405 геноми на луѓе од Западна Африка со гените на Неандерталците и испитувале дали има вкрстувања со непознати хоминиди чии предци се разделиле од човечкото семејство пред неандерталците.

Професорот Џоел. Д. Ирланд, биоархеоолог од Универзитетот во Ливерпул, раскажува дека веројатно имало повеќе антички човечки популации: „Мислам дека во еден момент имало различни типови популации, при што генетиката е доволно различна за да изгледа различно. Сите се дружеле со сите. Мислам дека ќе откриеме повеќе за овие „популации на луѓе-духови“ “.

Откако ги добиле првите геноми од хоминидите од каменото време, научниците во 2010 година откриле дека древните предци на денешните Европејци, Азијци и Американци се мешале со неандерталците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Голема заплена во Индонезија: 2,6 тони метамфетамин скриени во резервоари за вода

Индонезиските власти заплениле 2,6 тони течен метамфетамин на брод што пловел под танзаниско знаме и уапсиле десет члена на екипажот. 

Видео: Голема заплена во Индонезија: 2,6 тони метамфетамин скриени во резервоари за вода

Станува збор за една од најголемите заплени на дрога во историјата на земјата, а операцијата била спроведена завчера во близина на Бенгкалис, во провинцијата Риау, пренесува „Еуроњуз“. Бенгкалис се наоѓа во источниот дел на индонезискиот остров Суматра, во провинцијата Риау, долж Малајскиот Проток.

Тоа е област свртена кон Малајскиот Полуостров и се наоѓа релативно блиску до Сингапур. Националната агенција за борба против наркотици соопшти дека добила информација за брод што испловил од Саравак, Малезија. Бродот пловел низ Андаманското Море, а властите се сомневале дека превезува дрога наменета за индонезискиот пазар.

Агенцијата, заедно со царинските службеници, го пресретнала бродот „МВ Рејн Мејкер“ (MV Rain Maker) доцна синоќа и утврдила дека тој пловел под лажно име. „При прегледот на бродот, пронајдовме 2,6 тони течен метамфетамин.

Дрогата била складирана во осум буриња за вода и еден резервоар за вода“, изјави Рој Харди Сиахаан, службеник во агенцијата за борба против наркотици.

Кучиња-трагачи на бродот открија и повеќе од 1,5 милиони нелегални цигари. Уапсени се десет члена на екипажот, сите државјани на Мјанмар. Ова е втора голема заплена во која е вклучен брод под танзаниско знаме во овој регион во текот на месецов.

На 8 август, индонезиските власти запленија 1,3 тони кетамин од брод во водите околу островите Риау, во близина на Сингапур. Тогаш беа уапсени осум члена на екипажот: седум државјани на Мјанмар и еден државјанин на Тајван.

Минатата година, властите ја забележаа најголемата заплена на дрога во историјата на Индонезија, откако на еден рибарски брод пронајдоа две тони кристален метамфетамин. И тој брод пловел од Андаманското Море кон островот Батам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крива Паланка со богата програма во знакот на традицијата, културата и музиката

Општина Крива Паланка ја најавува завршницата на августовската културна програма, која од 25 до 29 август ќе донесе значајни културни манифестации, меѓународни гости, традиционални содржини и голем музички настан.

Крива Паланка со богата програма во знакот на традицијата, културата и музиката

Од 25 до 27 август, на Градскиот плоштад ќе се одржи XXI Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, една од најпрепознатливите културни манифестации во градот, која повеќе од две децении ја негува традицијата и гради пријателства без граници.

Годинава фестивалот ќе обедини фолклорни ансамбли од десет земји: Македонија, Полска, Холандија, Црна Гора, Турција, Словачка, Хрватска, Србија, Бугарија и Украина. Во текот на трите фестивалски вечери, со почеток во 19:30 часот, публиката ќе има можност да го доживее богатството на народните носии, песни, ора, ритми и обичаи од различни култури.

Паралелно, од 25 до 27 август, на Кејот на Крива Река ќе се одржи „Шопско село“ – Фестивал на занаети, ракотворби и храна, посветен на народното творештво, традиционалните производи и домашната гастрономија. Дел од програмата ќе биде и традиционалната подготовка на гулаш, во духот на заедништвото и гостопримството.

Кулминацијата на богатата августовска програма е на 29 август, кога на Градскиот стадион во Крива Паланка ќе се одржи голем целовечерен концерт со настапи на Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар.

Со програмата што ги спојува културното наследство, традицијата, гастрономијата и современата музичка сцена, Крива Паланка продолжува да создава содржини што го збогатуваат културниот живот и го промовираат градот пред домашната и регионалната јавност.

Општина Крива Паланка ги поканува сите љубители на културата, традицијата и добрата музика, како и гостите од земјата и регионот, да бидат дел од овие настани и да ја почувствуваат атмосферата на Крива Паланка.

Добредојдовте во Крива Паланка – град во кој традицијата се чува, културата поврзува, а музиката обединува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Изведе аут како корнер

Фудбалер од Иран изведе неверојатен аут, топката леташе цели 45 метри, неговата техника го претвори во интернет-сензација.

Видео: Изведе аут како корнер

Иранскиот фудбалер Надер Мохамади (29) повторно го привлече вниманието со својата необична техника на изведување аут. За време на натпреварот од руската Прва лига против Уфа, дефанзивецот на Спартак Кострома изведе аут со салто, исфрлајќи ја топката на импресивни 45,6 метри.

Според податоците од руската аналитичка платформа „RuStat“, ова е најдолгиот измерен аут забележан во руската Премиер лига и Прва лига откако започнало следењето на овие податоци во 2021 година. Топката се искачи речиси 11 метри во височина Спартак Кострома и Уфа одиграа нерешено 1:1 во понеделникот, во рамките на шестото коло од руската Прва лига, а еден од најинтересните моменти на натпреварот не беше гол.

„RuStat“ го измери аутот на Мохамади на растојание од 45,6 метри. Вкупната патека на движење на топката изнесуваше 51,6 метри, при што таа достигна максимална висина од 10,8 метри.

Со овој потег, иранскиот фудбалер постави рекорд во базата на податоци на „RuStat“ за двете највисоки нивоа на рускиот фудбал.

Истовремено, Мохамади не ја искористи класичната техника на залет. При изведувањето, тој се потпре на топката, направи салто нанапред и ја искористи силата на ротацијата за да ја фрли што е можно подалеку.

За Мохамади, ова не е само потег смислен за да го привлече вниманието на публиката. Откако запиша асистенција на натпреварот против СКА-Хабаровск, тој објасни дека со години вежбал ваков начин на изведување аут. „Како дете се занимавав со гимнастика. Уште од млади години го вежбам ова изведување аут со салто“, изјави Иранецот за „Чемпионат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер