Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
КултураОткриени се записи на дрво, 30.000 години постари од најстарото писмо- германските археолози зачудениЗнаци на предмети стари повеќе од 40.000 години, кои долго време се сметале за обична декорација, би можеле да претставуваат рана форма на запишување информации, десетици илјади години пред првото писмо. Тоа е она што го веруваат лингвистот Кристијан Бенц од Универзитетот во Сарланд и археологот Ева Дуткевич од Музејот за праисторија и рана историја во Берлин, по анализата на палеолитските артефакти, соопшти Универзитетот во Сарланд. Тие анализирале повеќе од 3.000 записи на околу 260 предмети кои датираат од пред 34.000 до 45.000 години, објави „Тајмс“. Многу од артефактите доаѓаат од пештери во планинскиот венец Швабска Јура во југозападна Германија, регион познат по уметноста од ледено доба. Меѓу нив е мала фигура на мамут од слонова коска и фигура на „човек лав“ од пештерата Холенштајн-Штедел, кои се обележани со правилни редови крстови, точки и запирки. Слични низи се појавуваат на алатки и предмети низ цела Европа. - Нашите анализи покажуваат дека овие низи на знаци немаат никаква врска со денешните системи на пишување, кои се говорни јазици и се карактеризираат со висока густина на информации. Спротивно на тоа, знаците на археолошките предмети често се повторуваат - крст, крст, крст, линија, линија, линија. Овој вид повторување не е карактеристика на говорниот јазик - објасни Кристијан Бенц и додаде: - Сепак, нашите наоди покажуваат и дека палеолитските ловци-собирачи развиле систем на симболи кој има густина на информации статистички споредлива со најраните протоклинести плочки од древна Месопотамија, кои биле создадени 40.000 години подоцна. Низовите на знаци во протоклинестото писмо се исто така повторувачки, а поединечните знаци се повторуваат со слична фреквенција. Во однос на сложеноста, овие низи на знаци се споредливи. - Фигурините покажуваат поголема густина на информации од алатките - известува археологот Дуткевич, кој претходно бил кустос на Археолошкиот парк Фогелхерд во Швапската Јура. Примената на методите на компјутерска лингвистика покажа дека низите на овие знаци се исклучително структурирани и имаат сличности со праклинестото писмо, систем на пишување што се појавил во јужна Месопотамија околу 3000 година п.н.е. Научниците објаснуваат дека многу предвидлива низа на знаци (како што се „крст, крст, крст, крст“) може да носи многу помалку информации од поразновидна (на пример: „крст, точка, крст, линија“). Понатаму, истражувачите нагласуваат дека овие откритија не значат дека Европејците од камено доба „користеле зборови или граматика“, туку сугерираат дека развиле способност за визуелно снимање информации, десетици илјади години пред пронаоѓањето на вистинското писмо. Археолозите и лингвистите нагласуваат дека ова се само првите чекори во разбирањето на значењето на овие знаци - дали тие запишувале имот, записи за лов, ритуално знаење или нешто друго, сè уште не е утврдено. „Постојат многу теории, но досега е направена многу малку емпириска работа“, рече Кристијан Бенц. Како што се нагласува, студијата не открива што луѓето од камено доба запишувале со овие знаци. - Откритието ни помага да ги стесниме можните толкувања - рече Ева Дуткиевич. Студијата е објавена во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“.Тагови: записите писмо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter