Откриени се детали за девојката која четири години била заробена и измачувана во подрум - Канал 5

Откриени се детали за девојката која четири години била заробена и измачувана во подрум

Откриени се нови информации за случајот со девојката која четири години била заробена и брутално мачена во подрумот на нејзиното момче Матеуш Ј.

Откриени се детали за девојката која четири години била заробена и измачувана во подрум

Девојката по име Малгоржата (30) ѝ стана позната на светската јавност откако на крајот на август, кога била донесена во болница поради исчашување на рамото, на лекарите им рекла дека човекот кој ја донел е всушност нејзин мачител и дека ја држи со години во заробеништво.

Меѓутоа, сега на виделина излегоа нови информации за случајот. Имено, осомничениот неколку пати ја носел Малгоржата во болница поради разни повреди, а девојката секој пат на лекарите им негирала дека била жртва на насилство.

Исто така, се дознало дека Малгоржата, пред да го запознае Матеуш, живеела во Лежна и водела прилично бурен живот. Напуштањето на домот и проблематичното однесување довеле до тоа државата да ѝ го одземе старателството над двете деца кои ги имала од претходно и да ги стави на грижа на родителите на Малгоржата.

Малгоржата повторно исчезнала во 2019 година. Во еден момент нејзините родители престанале да ја бараат, бидејќи верувале дека повторно си заминала по своја волја, а полицаецот кој бил задолжен да ја надгледува нејзината условна казна се обидел да открие каде се наоѓа. Се верува дека токму во тоа време почнала да излегува со Матеуш, за кого тврди дека го запознала преку Интернет.

Исто така, се дознало дека во 2020 година таа побарала засолниште од Матеуш во Сигурна куќа поради насилство, каде ѝ дале засолниште и ја советувале да ги прекине сите врски со него. Меѓутоа, таа побегнала од Сигурната куќа и никому не кажала каде оди.

После тоа, таа завршила во село во близина на Гаики во Полска, каде Матеуш живеел со своите болни родители. Според нејзините тврдења, Матеуш ја заклучил во подрумот каде постојано ја тепал, силувал и мачел.

Но, Матеуш неколку пати ја однел во болницата во Глогово поради повредите што ѝ ги нанесувал. Лекарите се посомневале дека Малгоржата е жртва на психичко и физичко насилство.

"Жената дојде кај нас со повреди кои укажуваа дека е жртва на насилство. Секогаш кога ќе разговаравме со неа на таа тема, се колнеше дека никој не ја тепал или малтретирал. Категорично одби да ги извести надлежните", изјавила Ева Тодоров, портпаролка на болницата.

Како што истакна Тодоров, без согласност на Малгоржата, лекарите биле немоќни да направат нешто. Законски не смееле да ја известат полицијата, бидејќи станувало збор за полнолетно лице, кое е способно да се грижи за себе.

Признала дека била жртва на малтретирање дури кога последен пат била донесена во болница, со сериозна повреда на рамото. Потоа го обвинила Матеуш за најлоша злоупотреба.

Таа тврди дека ја изгладнувал, дека била затворена, без пристап до храна, вода или тоалет. Дека ја држеле без струја, телефон, телевизија... Го обвинила Матеуш дека ја тепал со раце и нозе и разни предмети.

Таа тврди дека ја гушел, ѝ ги вртел рацете, ја влечел за коса, пренесе Билд.

Наведува и дека со години била изолирана од сите, дека ја контролирал, понижувал и навредувал. Повремено ја пуштал да излезе од подрум со вреќа на главата, за да не знае каде е.

Матеуш Ј.(35), кој веднаш по пријавата е уапсен, категорично ги негира обвинувањата, а неговите родители тврдат дека воопшто не знаеле дека жената е заробена и мачена на нивниот имот.

Малгоржата се уште е во болница, а лекарите не даваат нови информации за нејзината здравствена состојба.

Филипче: Владата работи спротивно на интересите на граѓаните

​Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера се сретна со граѓаните и членовите на СДСМ во Радовиш, каде што испрати силни пораки за актуелната состојба во државата и идните предизвици.

Филипче: Владата работи спротивно на интересите на граѓаните

„ВМРО-ДПМНЕ не ја води државата како што треба, тоа ние го знаевме и граѓаните го гледаат тоа. Граѓаните веќе ги гледаат и чувствуваат лошите политики. Но тоа не значи дека по автоматизам ќе ни ја вратат нам довербата“, истакна Филипче.

Тој порача дека Македонија има Влада која работи спротивно на интересите на граѓаните и на државата.

„Имаме работа со Влада којашто како никогаш досега во историјата на земјата работи спротивно на интересите на граѓаните и на државата. Што и да прават, колку и да ја ставаат на максимум својата пропаганда којашто на некој начин е фабрика на илузии, тоа граѓаните не може да ги залаже“, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека економската состојба станува сè потешка за граѓаните, додека Владата не презема мерки за подобрување на стандардот.

„Луѓето не можат да врзат крај со крај со платите коишто Владата никако не сака да ги зголеми. Младите само планираат како да се иселат од земјата, тоа се нивните разговори“, рече Филипче.

Говорејќи за Радовиш, Филипче изрази цврста верба во успехот на претстојните избори.

„Радовиш е еден од градовите каде што може да победиме на изборите – цврсто сум убеден. Затоа што знаеме што не доведе до тука и сме тргнати по патот на корекција на работите и тоа го приметуваат луѓето. Ако продолжиме вака, да знаете дека успехот е загарантиран“, порача Филипче.

На крајот, тој упати апел до членството за заедништво и мобилизација.

„Да работиме заедно, да се поддржуваме еден со друг, нас партијата ни е семејство. Да го мобилизираме целокупното членство, сите околу нас“, истакна претседателот на СДСМ.

СДСМ

Концерт „Музички мостови“ на триото „Интерарт“ во Истанбул

Триото „Интерарт“ од Битола вечер ќе одржи концерт „Музички мостови“ во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул.

Концерт „Музички мостови“ на триото „Интерарт“ во Истанбул

Како што информира Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, на концертот ќе настапат истакнатите македонски изведувачи – флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, заедно со пијанистката Татјана Божиновска. Со својата изведба, уметниците ќе ги пренесат слушателите низ светот на класичната и современата музика, интерпретирајќи дела на Д. Шостакович, Ф. Доплер, С. Петровски, А. Фурстенау и И. Кларк.

Концертот е дел од годишната програма на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија, поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија.

Ердоган денеска во Рим на средба со Мелони

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ќе ја посети Италија каде ќе се сретне со премиерката Џорџа Мелони, јави „Туркие тудеј“.

Ердоган денеска во Рим на средба со Мелони

Ердоган ќе учествува на четвртата меѓувладина средба помеѓу Турција и Италија, на која ќе бидат разгледани билатералните односи и можностите за продлабочување на соработката.

притисни ентер