Откриени се 20 непознати дела на Микеланџело - Канал 5

Откриени се 20 непознати дела на Микеланџело

Независната истражувачка Валентина Салерно идентификувала 20 дела кои претходно биле или малку познати или со сомнителна автентичност, и потврдила дека тие му припаѓаат на уметникот Микеланџело Буонароти.

Откриени се 20 непознати дела на Микеланџело

Во својата студија „Michelangelo gli ultimi giorni“ (Последните денови на Микеланџело), ​​Салерно го реконструирала последниот период од животот на уметникот споредувајќи документи од италијански и странски архиви, објави Анса.

Таа открила дека Микеланџело не ги уништил скиците и скулптурите во својот римски дом како што се верувало претходно, туку им ги доверил на своите ученици и пријатели да ги чуваат на тајна локација. Еден од пронајдените документи опишува постоење на соба во која биле скриени толку вредни добра што бил потребен систем од повеќе клучеви за да се отворат.

Според експертите, собата е празна повеќе од 400 години.

Резултатите од истражувањето биле поддржани од експерти од Латеранската црква и базиликата „Свети Петар“, а индициите биле потврдени и на аукција во „Кристи“ во Лондон, каде што била продадена скица за пиедесталот на либиската сибила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна борбен авион во Унгарија, пилотот се катапултирал

Борбен авион „Грипен“ на Унгарските вооружени сили се урна во близина на Солнок доцна претпладнево, а пилотот успеа безбедно да се катапултира. Информацијата ја потврди премиерот Петер Маѓар, пренесува „Еуроњуз“. 

Се урна борбен авион во Унгарија, пилотот се катапултирал

Премиерот на својот профил на мрежата „Икс“ (X) напиша: „Од засега непознати причини, пред неколку минути во близина на Солнок се урна борбен авион 'Грипен' на Унгарските одбранбени сили. Пилотот успешно се катапултираше. Во тек е истрага, а министерот за одбрана е на пат кон местото на несреќата“.

Министерот за одбрана Ромулус Русин-Сенди подоцна извести дека пилотот е пренесен во болница и дека нема други повредени. Според него, пилотот направил сè што е во негова моќ за да обезбеди авионот да падне на воен терен.

Во близина на Солнок се наоѓа и унгарска воена воздухопловна база. Унгарската флота на авиони „Грипен“ Унгарските вооружени сили располагаат со вкупно 14 борбени авиони „Грипен“. Сите тие се стационирани во воздухопловната база Кечкемет и редовно учествуваат во меѓународни операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда.

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, а Левица прво треба да се откаже од своите проруски политики и од Христијан Мицкоски.

„Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се согласува за избори и повикува на некакво обединување на опозицијата. Обединувањето може да биде само со и зад Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Филипче.

Тој посочи дека СДСМ веќе го објави Фронтот за вистина и правда, чиј главен постулат е европската иднина на Македонија.

„Левица е партија којашто е проруска партија, којашто имаше јасен транспарент дека НАТО се убијци во Собранието и доколку ги сменат своите политики и се откажат од своите ментори и финансиери, мајка Русија и татко Христијан Мицкоски, и тие се добредојдени во Фронтот за вистина и правда“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека за политичко обединување потребна е јасна определба на Левица за НАТО, за Европската Унија и иднината на државата.

„Нека се откажат, нека кажат дека НАТО е добро за земјата и дека се за Европската Унија. Затоа што Европа и проевропските политики, патот напред кон Европа, е тоа што е главен постулат на нашиот Фронт за вистина и правда“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ веќе разговара со политички партии, граѓански организации, поединци и интелектуалци за проширување на Фронтот за вистина и правда.

„Ги повикуваме тука и имаме многу разговори со други партии, луѓе, поединци, граѓански организации, видни интелектуалци коишто очигледно е дека сфаќаат што се случува, дека оваа власт не прави ништо, дека нема добри политики за граѓаните“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната

Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија.

Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот.

„Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме и веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме и на договор со други земји, Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт.

Тој посочи дека целта е да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери.

„Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија“, истакна Николоски.

Според него, на овој начин се опфаќаат земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери, а Владата и Министерството продолжува со работа за изнаоѓање дополнителни решенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер