Откриени нови детали за егзопланетата,жешка како Сонцето - Канал 5

Откриени нови детали за егзопланетата,жешка како Сонцето

Астрономите детално проучиле една посебна егзопланета што преживува во неверојатно екстремни услови.

Откриени нови детали за егзопланетата,жешка како Сонцето

Европската вселенска агенција (ЕСА) користела ExOPlanet (или CHEOPS) за да измери екстремно високи температури на планетата, кои на некои места достигнуваат 3.200 степени Целзиусови, што можат да ги стопат, па дури и да ги трансформираат сите карпи и метали.

Иако површината на егзопланетата WASP-189b сè уште не е топла како површината на нашето Сонце - кое гори со околу 6000 степени Целзиусови, и е исто толку жешко како и некои џуџести sвезди.

WASP-189b е идентификувана како една од најекстремните откриени планети. Орбитира или се врти околу својата матична sвезда на секои 2,7 дена. Таа е огромна, 1,6 пати поголема од Јупитер, а едната страна е секогаш свртена кон матичната sвезда, а на другата е вечна ноќ.

„WASP-189b е особено интересна затоа што е гасовит гигант кој орбитира многу близу до својата sвезда“, рече астрофизичарката Моника Лендл од Универзитетот во Женева.

,,И требаат помалку од три дена за да направи круг околу ѕвездата и е 20 пати поблиску до неа отколку Земјата до Сонцето“, додаде таа.

Оваа блескава планета се врти околу ѕвездата HD 133112, што е за 2000 степени потопла од нашето Сонце и е една од најжешките sвезди за која се знае дека има планетарен систем, пишува Science Alert.

Со оглед на тоа што е слична по големина на Јупитер, но многу поблиску до неговата sвезда, WASP-189b спаѓа во категоријата жешки планети. Жешкиот Јупитер е вид на егзопланета слична на Јупитер, кој се наоѓа многу близу до матичната sвезда и има висока температура на површината поради нејзината големина, маса и состав.

Научниците се надеваат дека со новите информации за планетата WASP-189b ќе го подобрат разбирањето на карактеристиките на жешкиот Јупитер.

"Знаеме само неколку планети кои орбитираат околу толку жешки sвезди, а овој систем е далеку најсјаен. WASP-189b е исто така најсјајниот жежок Јупитер што можеме да го регистрираме за време на неговото поминување пред или зад својата sвезда, што го прави целиот систем навистина интригирачки", рече Лендл.

Треба да се спомене дека научниците неодамна открија егзопланета што е дури и потопла од WASP-189b. Астрономите првпат ја забележале КЕЛТ-9б во 2017 година, но само на почетокот на оваа година сфатиле дека станува збор за топла планета што ги уништува молекулите на водород во атмосферата со својата топлина.

"KELT-9b е ултра жежок Јупитер. Има три пати поголема маса од Јупитер и кружи околу sвезда оддалечена 670 светлосни години. Температурата на неговата површина е 4300 степени Целзиусови и е најжешката егзопланета откриена досега.

Вселенскиот телескоп Спицер на НАСА откри докази дека планетата е толку жешка што молекулите не можат да останат заедно. Врските помеѓу атомите на водород веројатно ќе се распаднат на дневната страна на планетата КЕЛТ-9б и повторно ќе се спојат само кога ќе стигнат до ноќната страна “, пишува НАСА.

Студијата наречена „ The hot dayside and asymmetric transit of WASP-189 b seen by CHEOPS , е објавена во списанието „ Astronomy & Astrophysics “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор Мацура

Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи.

Одреден притвор за сопственикот на „Алта банка“  Давор Мацура

Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица.

На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот.

Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство.

Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање.

Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања.

Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“.

На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата.

Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари.

Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци.

Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните.

Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас.

За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност.

Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки.

Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор.

По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски.

Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер