Откриени најстарата ѕвезда во вселената и 39 масивни древни галаксии - Канал 5

Откриени најстарата ѕвезда во вселената и 39 масивни древни галаксии

Астрономите неодамна дошле до фасцинантни факти поврзани со далечното минато на нашата вселена.

Откриени најстарата ѕвезда во вселената и 39 масивни древни галаксии

Не само што успеале да откријат 39 масивни древни галаксии, кои претходно не биле познати, туку е откриена и ѕвезда стара колку и нашата вселена.

Имено, ѕвездата црвен див – „ SMSS J160540.18–144323.1", која се наоѓа на околу 35000 светлосни години оддалеченост има најмала количина на железо меѓу сите досега анализирани ѕвезди во нашата галаксија, пренесува „ Science Alert".

Тоа мало количество на железо значи дека станува збор за една од најстарите ѕвезди во целата вселена. Ѕвезда која најверојатно и припаѓа на втората генерација ѕвезди по „Големата експлозија“ која се случила пред околу 13,8 милијарди години.

-Оваа анемична ѕвезда, која најверојатно се формирала само неколку стотини години по „Големата експлозија“, има количество на железо 1,5 милиони пати пониско од количеството на железо кое го има Сонцето, објаснува астрономот Томас Нордлендер од Австралискиот национален универзитет.

Според анемичноста на ѕвездите можеме да ја процениме нивната старост. Поради тоа што во раната вселена скоро воопшто немало метали. Првите ѕвезди се состоеле во главно од водород и хелиум и се смета дека биле многу масивни, жешки и со краток век. Овие ѕвезди се водат како „Популација Три“ но нив никогаш не сме ги виделе и најверојатно нема ни да ги видиме. Но, можеме да ги забележиме ѕвездите од следната генерацијата, меѓу кој спаѓа и ново откриената „"SMSS J160540.18–144323.1", на основа на кои можеме да утврдиме и како изгледале првите ѕвезди во вселената, дополнил угледниот астроном.

Друга група на научници користејќи опсерватории од Земјата но, и од вселената забележала древни галаксии. Според научниците ова е првото вакво откритие на вака голем број на прастари галаксии, пишува „СНН“.

-Сега прв пат откривме вака голема популација на огромни галаксии кои настанале во текот на првите две милијарди години од настанувањето на вселената, која сега е стара 13,7 милијарди години. Тие досега за нас беа невидливи, изјавил астрономот Тао Ванг од Универзитетот Токио и Јапонската национална астрономска опсерваторија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм на Алпите: Научник предупредува дека се случува нешто невидено

Глечерите на Алпите се топат со забрзано темпо и би можеле целосно да исчезнат за неколку децении, покажува најновото истражување на италијанската еколошка организација „Легамбиенте“.

Аларм на Алпите: Научник предупредува дека се случува нешто невидено

Од 2000 година, површината на глечерот е намалена за 39 отсто, што се вели дека придонело за глобалното затоплување.

Тотално исчезнување до 2050 година?

Секое лето, организацијата „Легамбиенте“ ги истражува најважните глечери на Алпите, а како што истакна Ванда Бонардо, патеките кои порано минувале преку мразот, сега делумно минуваат низ карпестиот терен.

Според неа, на други места водата тече над области кои не така одамна биле целосно замрзнати, а се појавиле и длабоки пукнатини што некои тури ги прави крајно опасни.

Исто така, се тврди дека е можно сите алпски глечери под 3.500 метри да исчезнат до 2050 година.

„Се распадна на парчиња“

Глечерот Форни во близина на Бормио во Ломбардија покажува колку брзо пејзажот може да се промени, а глациологот Клаудио Смираља, кој го набљудува 65 години, вели дека она што го доживеал летово било нешто што досега не го видел во целата негова кариера - глечерот се распаднал на неколку делови, пишува Кронен Цајтунг.

Неговата површина на многу места изгледа сиво и црно, а во исто време глечерот губи мраз.

Светската служба за следење на глечерите тврди дека од 2000 година годишно исчезнуваат во просек 273 милијарди тони мраз, а до 2025 година тој број веќе достигна 408 милијарди тони.

Исклучителна топлина во планините

Процесот би можел да биде особено брз на Алпите.

Екстремната топлина во планините игра значајна улога во ова - во лето нивото на замрзнување често беше помеѓу 4.000 и 5.000 метри, што значи дека дури и на височини каде што обично останува снег, сега може да биде премногу топло на долги периоди.

Се вели дека е „двојно проблематично“ за глечерите бидејќи снежната покривка обично делува како заштитен слој и го спречува сонцето директно да го загрее мразот, но, кога овој снег се топи, мразот останува незаштитен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две торнада по погодија Њујорк: Беше надреално! (ВИДЕО)

Две ретки торнада вчера ги погодија Њујорк Сити и Лонг Ајленд, додека силната бура зафати делови од средноатлантскиот регион на Соединетите Американски Држави и предизвика проблеми со сообраќајот на некои главни автопати.

Две торнада по погодија Њујорк: Беше надреално! (ВИДЕО)

„Две пијавици, или колони од воздух и влага што ротираат над вода, се појавија покрај јужниот брег на Квинс, Њујорк и округот Насау, Лонг Ајленд, пред да се преселат во внатрешноста и да станат торнада“, рече Џон Мареј, метеоролог од Националната метеоролошка служба.

Торнадо во Квинс се упати кон источниот Рокавејс, јужно од меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди, соопшти метеоролошката служба.

Оштетени кабини и објекти во одморалиштето

Торнадо на Лонг Ајленд ги оштети кабините и објектите во одморалиштето Sun and Surf Beach Club во Атлантик Бич, округ Насау, предизвикувајќи негово привремено затворање, објави одморалиштето на социјалните медиуми.

„Торнадото оштети околу 50 кабини и однесе делови од покриви и ѕидови. Едно лице претрпе полесни повреди на главата“, рече Џосија Грин, шеф на противпожарната служба во Инвуд, град во округот Насау.

„Имаше извештаи за луѓе заглавени во возила поради поплави, но никој не е сериозно повреден“, објави на социјалните мрежи извршниот директор на округот Насау, Брус Блејкман.

YouTube video

„Гледањето како се движи кон брегот беше сосема надреално“

Алеја Сковил, 32, изјави дека добила предупредување за торнадо на својот мобилен телефон околу 18:45 часот. Неколку минути подоцна, погледнала низ прозорецот на нејзиниот стан во Квинс и видела голем ротирачки столб од воздух над океанот кој изгледал како да се движи кон Атлантик Бич.

„Кога вртлогот се урна, големи парчиња остатоци полетаа во воздух од она што изгледаше како клуб на плажа“, рече таа. Кратко потоа, торнадото ослабе и почна да се враќа кон океанот.

„Возилата за итни случаи и спасување брзо почнаа да пристигнуваат во областа каде што торнадото се урна, а екипите останаа таму неколку часа. Гледањето торнадо во живо беше нешто што никогаш не го очекував, а гледањето како се движи од водата кон брегот беше сосема надреално“, рече таа.

Торнада и во Делавер

Торнадата се „ретки“ во Њујорк Сити и Лонг Ајленд, иако нивната сила и времетраење обично се многу помали од торнадата во централниот дел на САД, рече Мареј. Атлантскиот океан ги ублажува температурите на воздухот и морето во областа, спречувајќи ја силната атмосферска нестабилност потребна за формирање на торнада, објасни тој.

Торнадо, исто така, погоди област во близина на Довер, Делавер, во неделата, соопшти Националната метеоролошка служба. Властите во Довер, главниот град на државата, прогласија вонредна состојба и ги повикаа жителите да останат дома. Бурата предизвика прекини во електричната енергија и собори дрвја, но немаше извештаи за сериозни повреди, соопшти полицијата во Довер.

Во Њујорк, властите накратко го затворија автопатот Бруклин-Квинс поради поплави. Автопатот Лонг Ајленд беше затворен во двата правци на булеварот Франсис Луис во Квинс, а беа пријавени застои во сообраќајот кон исток на автопатот Џеки Робинсон Парквеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот во Церово будно се следи – екипите со максимален ангажман на терен

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, моментално се наоѓа на терен заедно со командантот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, каде се следи состојбата со пожарот што го зафати селото Церово, Општина Желино.

Пожарот во Церово будно се следи – екипите со максимален ангажман на терен

На терен се ангажирани екипите на ТППЕ Тетово, кои со максимален ангажман работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење.

Екипите работат на терен во справувањето со огнената стихија, со цел пожарот што поскоро да биде ставен под контрола.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и совесни, особено при движење и престој на отворен простор, со цел да се спречи избувнување и ширење на пожари, соопштуваат од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер