Откриени две нови планети на коишто можеби има живот

Германски научници открија дека околу ѕвездата Тигарден кружат две планети кои можеби се и населени, а се наоѓаат на 12,5 светлосни години од Земјата, што е релативно блиску.

Планетите Тигарден Б и Ц личат на внатрашните планети на нашиот Сончев систем и се претпоставува дека имаат атмосфера погодна за развој на живи суштества, пренесува „Сан“.

„Тие имаат малку поголема маса од Земјата и се наоѓаат во таканеречената „населива зона“, каде што може да има вода“, објаснува доктор Матијас Зекмајстер од Универзитетот на Гетинген, Германија.

Маск нуди 100 милиони долари за изум за зафаќање јаглерод од воздухот

Сопственикот на Тесла Моторс, претприемачот Илон Маск, на Твитер вети награда од 100 милиони долари за развој на најдобрата технологија за зафаќање јаглерод.

„Давам награда од 100 милиони долари за најдобра технологија за зафаќање јаглерод“, напиша Маск, проследен со втор твит, ветувајќи повеќе детали следната недела.

Ко-основачот на PayPal, што го продаде, Маск денеска управува со некои од најфутуристичките компании на светот. Покрај Тесла, тој е сопственик и на SpaceX и Neuralink, старт-ап компанија која го поврзува човечкиот мозок со компјутерите.

Зафаќањето на емисиите од глобалното затоплување станува критичен дел од многу планови за борба против климатските промени, но до денеска е направен многу мал напредок во технологијата, со напори насочени кон намалување на емисиите наместо отстранување на јаглеродот од воздухот.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) кон крајот на минатата година соопшти дека е потребно нагло зголемување на употребата на технологијата за зафаќање јаглерод, доколку земјите сакаат да постигнат цели за нето-емисиите.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го забрза развојот на технологијата за зафаќање јаглерод како дел од неговиот сеопфатен план за борба против климатските промени.

Постигнат напредок на средбата на македонско-бугарската Комисија за историски прашања

Во периодот до наредната редовна средба, која начелно е договорена да се одржи на 25 и 26 февруари, ќе се продолжи со работа во однос на останатите прашања од записникот од десеттата и за записникот од последната, единаесеттата средба на Комисијата.

На денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок, соопштија за МИА извори од Комисијата.

– Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот, посочија истите извори.

Во периодот до наредната редовна средба, која начелно е договорена да се одржи на 25 и 26 февруари, ќе се продолжи со работа во однос на останатите прашања од записникот од десеттата и за записникот од последната, единаесеттата средба на Комисијата.

Како што претходно јави МИА, на денешниот онлајн состанок, на кој учествуваа по тројца претставници од двете страни, беше предвидено да се разговара само за текстовите на записниците што сè уште не се потпишани, но не и за некакви историски прашања.

Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци. Претходниот, 11-ти состанок на Заедничката комисија се одржа на 4 декември минатата година./МИА

Академик Беџети: Се чудам дека сé уште се размислува со резерва за промените во образованието

„Се чудам дека има сé уште такви кои размислуваат со резерва и на некој начин со предрасуди за да не се влезе во почетни промени во овој дел.“

Академик Абдулменаф Беџети ја оцени како многу плодна денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.

„Ми останува да повикам на поддршка на оваа иницијатива, бидејќи знаеме колку е комплексно, колку е тешко да се влезе во ваков комплексен зафат. За поздравување е тоа што првпат, дури и при расправа за еден реформски зафат во основно образование, се повикуваат дури и институции од највисоки образовни и научни области како што се претставниците на МАНУ. Од оваа гледна точка навистина сите елементи беа разгледани, расправата беше многу плодна, конструктивна и би требало да биде проследена и од другите“, изјави академик Беџети.

Тој укажа дека има голем консензус во тоа дека проблемите во образованието и образовниот систем започнуваат во основно образование, а како последица ги има и во високото образование.

„Се чудам дека има сé уште такви кои размислуваат со резерва и на некој начин со предрасуди за да не се влезе во почетни промени во овој дел. Не само дека тоа е законска обврска, која произлегува од веќе донесениот закон пред две години, туку е определба да не се задоцни“, нагласи Беџети.

За академиците рече дека останува да дадат конструктивен придонес за реформата да се одвива во најдобар тек.

„Дури и најдолгите патишта почнуваат со првите чекори. Ова се само први чекори на влегување во еден многу тежок и комплексен систем, а министерството, работната група и сите чинители во тој дел, на чело со Бирото за развој на образованието многу јасно ги препознаваат овие проблеми и знаат дека и решенијата не се така едноставни, туку тие се доста комплексни од сите аспекти. Почнувајќи од педагошки аспект, од ресурси, од инфраструктура и суперструктура на образование, па се до резултати на учење коишто треба да произлезат од ова“, рече академик Беџети.

Министерство за образование и наука

притисни ентер