Откриена врска меѓу вискиот крвен притисок и ракот на дојките

Научниците идентификувале протеин , кој може да биде фактор на ризик и за високиот крвен притисок , како и за ракот на дојките.

Претходните истражувања откриле дека жените со висок крвен притисок имаат околу 15 проценти зголемен ризик од развој на карцином на дојка во споредба со жените со нормален крвен притисок. Се покажало дека високите нивоа на протеините GRK4 предизвикуваат висок крвен притисок. Најновото истражување, претставено на научната конференција во Њу Орлеанс, покажа дека GRK4 протеинот постои во клетките на ракот на дојка, но не во нормални, неинфицирани клетки.

"Ракот и хипертензијата имаат заеднички фактори на ризик. Претходното истражување од нашата лабораторија на GRK4 откри дека е регулирано со онкоген наречен c-Myc, кој игра улога во развојот на многу видови на карцином, вклучително и карцином на дојка. Ова не доведе до хипотезирање дека GRK4 би можел да биде врската “, изјави шефот на научниот тим, Веи Џу.

Речиси половина од сите возрасни со висок крвен притисок се жени. Пос 65-годишна возраст, повеќе жени имаат висок крвен притисок отколку мажи. Бременоста, контролата на раѓањето и менопаузата може да го зголемат ризикот од развој на висок крвен притисок и доколку не се лекува, тоа може да предизвика здравствени проблеми како што се срцеви заболувања, мозочен удар и губење на видот.

Важно е да се напомене дека ракот на дојка е најчесто дијагностициран тип на карцином и втора водечка причина за смрт кај жените.

„Во другите студии, забележани се GRK2 и GRK5 да даваат подетални информации за различни видови на рак, но Џу рече дека нивниот тим е првиот што барал врска помеѓу GRK4, високиот крвен притисок и ракот на дојка.

„Лековите што се насочени против GRK4 можат потенцијално да се користат за лекување на пациенти со хипертензија и карцином на дојка“, рече Џу.

Анализа: Вештачката интелигенција силно ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија

Вештачката интелигенција (ВИ) во голема мера ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија, според проценката на една од најголемите банки во земјата, објавена во локалните медиуми. 

Во текстот се наведува дека денес 3,3 милиони белгиски вработени работат во области директно поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Секој трет работник во Белгија има позитивни очекувања од распространувањето на вештачката интелигенција за подобрување на економијата во следните пет години, но 42 отсто стравуваат дека тоа ќе доведе до губење на работни места. Проценката покажува дека во една третина од работните места (1,6 милиони) денес, имплементацијата на вештачката интелигенција ќе помогне да се зголеми продуктивноста, но во 34 проценти (1,7 милиони) може да биде потребна целосна автоматизација.

Најпогодени се очекува да бидат вработени во администрацијата, каде најверојатно ќе има отпуштања, додека вештачката интелигенција ќе може да им помогне на директорите на компаниите, хирурзите и судиите без да ги смени. Досега, само 3 отсто од работниците во Белгија стравуваат дека ќе бидат погодени поради вештачката интелигенција во следните пет години, а најрелаксирани се хонорарците, покажуваат податоците. Според проценките, може да се очекува дека воведувањето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми економијата за 0,1-0,5 отсто годишно.

Цитираните експерти прецизираат дека европското законодавство за вештачка интелигенција не и дава предност на ЕУ во однос на САД. Според нив, промените на европскиот пазар на труд ќе бидат постепени и може да се очекува појава на нови професии. /МИА

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

притисни ентер