Откриена тајната на ватиканскиот чад

Славниот чад од оџакот на Систинската капела не е производ само на запалените гласачки ливчиња, туку и на нешто друго, што традиционално се користи за да се доби црн или бел чад.



Славниот чад од оџакот на Систинската капела не е производ само на запалените гласачки ливчиња, туку и на нешто друго, што традиционално се користи за да се доби црн или бел чад.

Тајната на чадот кој е архаичен начин за информирање на светот дали е избран новиот папа или пак гласањето пропаднало, ја открива Паоло Сагети, задолжен за поставување на системот за уништување на ливчињата. Долго време катранот бил одговорен за црниот, а влажната слама за белиот чад, вели тој, но откако неколкупати, наместо црн или бел, се појавувал сив чад, што предизвикувало збунетост кај верниците, направен е нов систем.

Тоа било случај и при изборот на Бенедикт 16, кога од оџакот с епојавил светло сив чад, Оттогаш за црната боја се користи мешавина од калиумов перхлорат, антраин и сумпор, а за белиот – калиумов перхлорат, лактоза и колофониум.

Французинот Гобер четврти пат најдобар дефанзивец во НБА

 Францускиот центар Руди Гобер по четврти пат во кариерата е прогласен за најдобар одбранбен играч на сезоната во НБА лигата.

Кошаркарот на Минесота освои 433 гласови, а неговиот сонародник Виктор Вембањама, најдобриот дебитант во елитното натпреварување, беше втор со 245.

На третото место се пласираше Бем Адебајо од Мајами, пред Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс и Херб Џонс од Њу Орлеанс.

Со своето четврто признание Гобер се израмни со НБА легендите Дикембе Мутомбо и Бен Валас.

Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 11 час.e 11,72 за парламентарните е 12,8

Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 11 часот e 11,72 за парламентарните е 12,87 отсто

Според податоците на Држвната изборна комисија, во Куманово за претседателските избори, излезeноста до 11 часот e 11,72 за парламентарните е 12,87 отсто. Во Липково според ДИК излезеноста за претседателските е 1,76 за парламентарните, 7,33 отсто. Во Старо Нагоричане пак за претседателските е 11,76, додека за парламентарни изнесува 11,99 проценти.

Во Куманово според податоците на ОИК право на глас за претседателските избори имаат 93.508, додека за парламентарни 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.

Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

Јавниот сервис на БиХ го укина сигналот на ентитетската телевизија поради неподмирени долгови

Сигналот на РТВ на Федерацијата Босна и Херцеговина беше исклучен за целата програма, освен за давање услуги за продукција на Дневник и вести.

Управниот одбор на државната радиотелевизија Радиотелевизија на Босна и Херцеговина (БХРТ) од денеска привремено ги укина услугите на ентитетскиот јавен радиодифузен сервис Радио-телевизија на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) поради, како што наведоа, неподмирени долгови.

Сигналот на РТВ на Федерацијата Босна и Херцеговина беше исклучен за целата програма, освен за давање услуги за продукција на Дневник и вести.

Во Босна и Херцеговина има три јавни радиодифузери - БХРТ, РТВ на Федерацијата на БиХ и РТВ Република Српска.

Законот за јавниот РТВ систем бара од субјектите радиодифузери да плаќаат дел од средствата што ги собираат од данокот на РТВ на нивната територија на сметката на БХРТ.

Тоа значи дека ентитетскиот јавен радиодифузен сервис е должен да плати на БХРТ 50 отсто од приходот од наплатата на надоместокот.

Според соопштението на БХРТ, долговите на РТВФБиХ кон овој радиодифузер изнесуваат повеќе од еден и пол милион марки (750.000 евра).

притисни ентер