Откриена спомен-плоча во спомен на загинатите во автобуската несреќа кај Ласкарци

На комеморативен собир во паркот на градскиот плоштад во Гостивар беше откриен постамент со спомен-плоча во спомен на загинатите во сообраќајната несреќа кај скопско Ласкарци. 

Откриена спомен-плоча во спомен на загинатите во автобуската несреќа кај Ласкарци

Во овој трагичен настан на денешен ден во 2019 година животите ги загубија шеснаесет гостиварци и жители на околни места, а триесетина патници беа повредени.

На собирот попладнево покрај роднините на загинатите и нивни пријатели кои запалија свеќи и положија цвеќе, присуствуваше и делегација од општината, предводена од вд градоначалникот Ваљбон Лимани, кои симболично положија 16 рози.

- Дојдовме тука да ја одбележиме шестгодишнината од трагичниот настан во и да ја откриеме спомен плочата со имињата на жртвите во несреќата. Со ова воедно сакаме и да им изразиме сочувство на фамилиите кои ги загубија најмилите и да испратиме порака вакви настани да не се повторат во нашиот град, рече градоначалникот Лимани.

Со поставувањето на спомен обележјето во чест и сеќавање на загинатите во автобусот на превозникот „Дурмо Турс“ општинските власти ја заокружија иницијативата која ја започна во декември 2022 година. Тогаш еден дел од паркот во центарот Гостивар беше преуреден и во него се засадија шеснаесет тиси, а подоцна се поставија и табли со имињата на загинатите.

На 13 февруари 2019 година автобус на превозникот „Дурмо турс“, тргна кон Гостивар во 16:15 со 51 патник. Подоцна на автопатот во близина на селото Ласкарци (скопско) излета од коловозот. Во несреќата животите ги загубија Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо, Ерза Османи, Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски.

По долгиот судски процес, лани беа донесени пресуди за обвинетите. Според кажувањата на дел од роднините на загинатите, конечниот судски расплет не е завршен, бидејќи како што рекоа, поднесена е жалба и 13 месеци се чека на одговор од Скопскиот апелациски суд. /МИА

Престрогото родителство штетно за младите личности во развој

Прекумерната контрола може да доведе до проблеми во развојот на самодовербата, социјалните вештини и донесувањето одлуки.

Престрогото родителство штетно за младите личности во развој

Родителите често веруваат дека ограничувањето на излегувањата и поставувањето строги правила ги штити децата од опасност, но прекумерната контрола може да доведе до проблеми во развојот на самодовербата, социјалните вештини и донесувањето одлуки.

Имено, кај децата кои растат во премногу строги семејства, каде што правилата се „драконски“ и нема никаков простор за „преговарање“ и попуштање, честопати се развива анксиозност и ниска самодоверба. А пак, децата израснати во средина со поголема самостојност за одлуките, желбите и поотворена комуникација, имаат подобри социјални вештини и поголемо чувство за одговорност. Адолесцентите кои имаат поголема слобода во донесувањето одлуки, подоцна покажуваат повисоко ниво на зрелост и емоционално прилагодување.

Освен тоа, престрого контролираните деца често стануваат побунтовни или кријат информации од своите родители, наместо отворено да комуницираат со нив.

Умерено строгото (авторитетно, а не „авторитарно“) родителство, коешто е спој од јасни правила, смирен, топол тон и флексибилност, се смета за најздраво за развојот на детето, советуваат стручњаците. Исто така, дружењето со врсниците е клучен дел од растењето, а социјалната интеракција овозможува да се развијат комуникациски вештини, емпатија кон другите луѓе и чувство на припадност.

Кога децата се премногу ограничени, тие може да се почувствуваат изолирани, што доведува до социјална несигурност и проблеми со менталното здравје. Поставувањето пофлексибилни правила, како што е согласноста за враќање дома подоцна, наместо строга забрана, поттикнува одговорност. Децата кои имаат доверба во родителите честопати се поодговорни, бидејќи не чувствуваат потреба се кријат, да бегаат или да се бунтуваат. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Зошто СДС молчи за фотографиите каде се гледа дека Фрчкоски се дрогира?

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Жално е што напорот за докажување на правдата за СДС е политички процес и на тоа гледаат низ партиска призма. Уште пожално е што правдата не е циркус, туку процес.

Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови. А, кога сме кај тезата на СДС дека селективна била акцијата за виновниците за трагедијата во Кочани, во притвор има двајца градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, има функционери и поддржувачи на СДС и ДУИ, но и луѓе кои не се членови на партии.

Ова е битка за промена на системот, а не за заштита на системот.

А, кога сме кај тезата селективна правда не е правда, СДС зошто молчи за синчето на Фрчкоски? Дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор?

Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци?

Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?

ВМРО-ДПМНЕ

Нема допис од Владата со Советот на ЈО дека се стопира постапката за разрешување на Коцевски

До Советот на јавни обвинители не е стасан допис или известување од владата дека се стопира постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски.

Нема допис од Владата со Советот на ЈО дека се стопира постапката за разрешување на Коцевски

За ова информираше престедателката на советот Душица Димитриевска, пред почетокот на денешната седница на која требаше да се разгледува предлогот на владата на неговоро разрешување, но која беше одложена поради немање кворум. Според Димитриевска роковите и понатаму течат и точката за разрешување на Коцевски ќе биде разгледана најдоцна на почетокот на идната недела.

притисни ентер