Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ФудбалОткриена причината поради која Винисиус не сака да го продолжи договорот со Реал МадридНајтрофејниот европски фудбалски клуб, Реал Мадрид се соочува со голем проблем, бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор му соопшти на раководството на клубот дека нема да го продолжи договорот сè додека неговиот однос со главниот тренер Алонсо.Најтрофејниот европски фудбалски клуб, Реал Мадрид се соочува со голем проблем, бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор му соопшти на раководството на клубот дека нема да го продолжи договорот сè додека неговиот однос со главниот тренер Чаби Алонсо е затегнат. Тој ја пренел пораката директно до претседателот Флорентино Перез на состанок кон крајот на минатиот месец, според три независни извори, објави „Атлетик“. Затегнатиот однос меѓу Алонсо и Вини клуминирал по победата на Реал од 2-1 над Барселона на Ел Класико на 26 октомври. Винисиус побара средба со Перез за да се извини за своето однесување за време на натпреварот, кога бурно реагираше при замената во 72-та минута. Тој излезе од теренот, извикувајќи: „Секогаш јас, го напуштам тимот, подобро да си одам, си одам“. Сепак, состанокот не бил само за извинување. Винисиус ја искористи можноста јасно да го искаже својот став за иднината, нагласувајќи дека поради затегнатиот однос со Алонсо, продолжувањето на неговиот договор, кој истекува во јуни 2027 година, во моментов не го смета за најдобра опција за себе. Тој став се уште не се променил, пренесуваат шпанските медиуми. Тензиите меѓу играчот и тренерот, кој го наследи Карло Анчелоти во мај, растат од месец во месец. Извори блиски до Бразилецот велат дека корените на проблемите можат да се пронајдат во поразот од 4-0 од Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство на 9 јули. Алонсо планирал да го остави Винисиус на клупата за тој натпревар, но повредата на Трент Александар-Арнолд го принудила да ги промени своите планови. Бразилецот играл од првата минута, но на десната крилна позиција, наместо на неговата природна лева позиција. Винисиус верува дека Алонсо не се однесува праведно кон него, а тоа го ставил јасно до знаење во своето јавно извинување по „експлозијата“ на Ел Класико. Во објава на социјалните мрежи, тој им се заблагодари на сите, вклучително и на Перез, но намерно го изостави името на тренерот, што предизвика изненадување во клубот. Разговорите за продолжување на неговиот договор започнаа во јануари годинава, но брзо заглавија. Тековниот договор на Винисиус, потпишан во 2022 година, му носи околу 18 милиони евра нето годишна плата и има клаузула за откуп од фантастични 1 милијарда евра. Реал Мадрид му понуди зголемување на платата на околу 20 милиони евра претходно оваа година, но понудата беше одбиена. Неговите претставници побараа историски договор, на ниво со оној на Кристијано Роналдо, со пакет вреден до 30 милиони евра по сезона, вклучувајќи плата, бонуси и бонус за потпишување, што никогаш не било случај во клубот. Преговорите сега се целосно заглавени, а освен финансиите, клучна пречка е судирот со Алонсо. Иако потегот на Винисиус може да се протолкува како преговарачка тактика, изворите тврдат дека Бразилецот навистина не гледа поента во долгорочното обврзување кон клубот во сегашните околности. Интересно е што одделот за комуникации на Реал официјално негираше дека средбата меѓу Перез и Винисиус воопшто се одржала, и покрај тоа што „Атлетик“ ги потврди информациите од повеќе извори во клубот. Управниот одбор е задоволен што Алонсо дава резултати. Во моментов Реал е лидер во Ла Лига, но и покрај добрите резулати, расте загриженоста за незадоволството меѓу клучните играчи. Клубот се надева дека добрите резултати на крајот ќе го подобрат односот меѓу тренерот и играчот, а клучна улога во помирувањето би можеле да играат претседателот Перез и главниот скаут Јуни Калафат, кои се познати по добриот однос со Винисиус.Тагови: Винисиус Жуниор Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook