Откриена фотографија од единствената вистинска љубов на Ленин - Канал 5

Откриена фотографија од единствената вистинска љубов на Ленин

Историчар од лондонскиот Универзитет „Кралицата Марија“ (QMUL) ја открил првата потврдена фотографија од руската револуционерка Аполинарија Јакубова, за која се верува дека била единствената вистинска љубов на Владимир Илич Ленин.

Откриена фотографија од единствената вистинска љубов на Ленин
Д-р. Роберт Хендерсон ја открил фотографијата во Државниот Архив на Русија, во рамките на своето истражување за рускиот револуционер Владимир Бурцев за кој пишува книга.

Аполинарија и Ленин биле многу блиски додека двајцата живееле во Петерсбург во 1890-тите. Се верува дека тој во овој период и предложил брак но бил одбиен. Документирани се нивните експлозивни дискусии за политиката на партијата. Се шпекулира дека Ленин никогаш не се опоравил од одбивањето на Јакубова на неговата брачна понуда.




И покрај огромните истражувања малку се знае за Јакубова додека таа престојувала во Русија, а уште помалку за годините кога емигрирала во Лондон.

Затоа пронаоѓањето на фотографијата од Јакубова има големо историско значење - вели д-р Хендерсон, пренесува официјалниот сајт на Универзитетот „Кралицата Марија“ во Лондон.

- Оваа фотографија ги потврдува сеќавањата на нејзините современици, за магнетизмот и убавината но и за силната личност на Аполинарија кон која Ленин бил привлечен. Знаеме дека и се обраќал со шармантен термин, нагалено - Кубочка, или подоцна Лирочка. Во овие имиња е собрана неговата љубов, нежност и блискост кон неа - вели лондонскиот академик Хендерсон.

Црно - белата фотографија била направена додека Јакубова била во сибирски затвор поради нејзината револуционерна активност. Се врува дека оттаму избегала по што заминала во Лондон. Таму организирала средби со другите политички емигранти од Русија. Дури и кога биле заедно во Петерсбург, Аполинарија и Ленин имале различни ставови - таа верувала дека работниците треба да имаат улога во организирањето на државата, општеството и партијата, а Ленин верувал дека централните фигури на партиските оперативци треба да ја спроведат револуцијата.

- И покрај регуларните посети од Ленин додека бил во Лондон, разликите меѓу нив останале. јакубова и нејзиниот сопруг останале во Лондон до 1907 кога се верува дека се вратиле во Русија. По оваа дата, јакубова исчезнува од документираната исротија - вели академик Хендерсон.

Според еден извор таа починала во 1913, а според други во 1917.

/ извор: qmul.ac.uk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер