Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница
1Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
2Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница
ЗдравјеOткриена е тајната на младешкиот изглед на Селма Хаек Не може да го замисли денот без една билка Селма Хаек важи за една од најубавите актерки во светот. За нејзината блескава кожа и фантастичниот тен се зборува со години. Неверојатно е што оваа мексиканска актерка има 56 години и речиси и нема брчки на лицето или телото. Многумина беа заинтересираа како таа успева да го одржи младешкиот изглед на кожата, и покрај постојаните снимања, сценската шминка и генерално, активниот начин на живот. Едно време, актерката откри дека за тоа е заслужно едно растение кое расте во Мексико, а кое таа со задоволство го користи во секојдневната рутинска нега. Станува збор за тепезкохуите (Tepezcohuitе) вид мимоза, декларирана и како коренско растение, со потекло од јужно Мексико. Tepezcohuite is a folk remedy from Southern Mexico. Traditionally the nutrient rich bark is ground into a fine powder and applied to wounds. Tepezcohuite also offers skin barrier protection by reducing moisture loss and antioxidants that support cellular structure. pic.twitter.com/2dN13JZo5P — Face of Love Botanicals™ (@FaceofLoveCo) September 8, 2022 Билкарите воглавно оваа билка ја користат за лекување на воспаленија на кожата, кашлица, бронхитис, чир на желудник, вагинални инфекции и болки. Уште го нарекуваат дрво за кожа поради неговите лековити својства. Традиционално се користи за лекување на изгореници и заздравување на рани. Ги одложува знаците на стареење на кожата. Кората се меле во прав и се нанесува на површината на кожата. Се користи главно во земјите од Латинска Америка. Се верува дека кората и лисјата на дрвото слично на папрат имаат различни медицински придобивки, иако не се спроведени некои големи или веродостојни студии за дрвото. Иако ова благотворно растение не постои на нашите простори, билкарите веруваат дека најслични својства со него имаат невенот, камилицата, кората од врба, кората од бршлен и алоето. Поради танините што ги содржи кората на ова мексиканско растение, тоа има антиоксидациски и антивоспалителни својства. Тоа помага при воспаление на кожата предизвикано од акни. Може да ги неутрализира слободните радикали, кои се главна причина за стареењето на кожата. Тоа помага да се одржи кожата здрава и чиста. Поради неговите антивоспалителни својства тоа помага при лечење на егзема и други кожни заболувања, пишува Medicinenet.com.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општинатаДенеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака .Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака во која што зборуваме за единство, зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е поразлично од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво. Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо. Затоа би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина, опција на иднина, опција на 21 век. Немојте да дозволите да ве делат затоа што после 1ви ноември ќе дојде 2ри ноември, тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, ќе уживаат во она коешто вие им го овозможувате, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други. Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1ви ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија и да биде Стојанче Цоки идниот градоначалник на општина Брвеница. Ви благодарам и се гледаме во победничка Брвеница на 1ви ноември со заокружен број 1, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРадичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во БрвеницаПочитувани мои сограѓани, денес со мене е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Бевме во теренска посета во неколку населени места, Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.Најнапред сакам да се заблагодарам на претседателот што ми ја дава поддршката за сите проекти коишто се во фаза на реализација, а тоа се неколку коишто ги набројавме претходните денови. Благодарност до сите граѓани коишто ми ја доверија довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно, рече Стојанчо Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и СедларцеДенеска остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце, во Општина Брвеница.Непосредниот разговор со граѓаните е најдобриот начин да ги препознаеме нивните приоритети, да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат и да понудиме конкретни решенија. Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место. Силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter