ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар
1ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар
Шоу бизОткриена е причината зошто Селена Гомез морала да ја избрише снимката на која плаче (ВИДЕО)Селена Гомез го избриша емотивното видео во кое со солзи зборува за планираните масовни депортации на илегални имигранти од страна на Доналд Трамп.Селена Гомез го избриша емотивното видео во кое со солзи зборува за планираните масовни депортации на илегални имигранти од страна на Доналд Трамп, бидејќи се плашела дека тоа би можело да остави впечаток на слабост - и можело да ги чини нејзините републикански обожаватели на нејзината марка Rare Beauty, тврди таа за Дејли Мејл. Покрај тоа, изворот открил дека Селена одлучила да се повлече од политичките теми. „Таа сфати дека не може да се спротивстави на нацијата поддржана од републиканците - од кои многумина се лојални клиенти на нејзиниот бренд Rare Beauty “, рече изворот. „По оваа драма, таа одлучи да се држи настрана од политиката и да се фокусира на сопствениот пат“, додаде тој. View this post on Instagram A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) Да потсетиме дека Селена брзо го избриша видеото на кое плаче на Инстаграм, но тоа беше доволно време да предизвика реакции кај републиканците и приврзаниците на Трамп. Кандидатот за американскиот Сенат, Сем Паркер беше првиот кој јавно повика на депортација на Селена Гомез, нагласувајќи дека, според неговите зборови, „не смее да има толеранција за поддржувачите на спротивната страна“. „Депортирајте ја Селена Гомез. Селена Гомез избра илегалци наместо Америка. Таа е трета генерација на мексикански илегални имигранти кои добија државјанство за време на амнестијата од 87 година. Таа има пристрасен однос кон Америка, исто како и нејзините илегални родители“, рече тој во постот. Selena Gomez picked illegals over America b/c she's the 3rd gen descendent of Mexican illegals who received citizenship in the '87 Amnesty. She has an entitlement attitude toward America, like her illegal g'parents. Maybe Selena should be deported, too?pic.twitter.com/yTXlwtckwH pic.twitter.com/2UR6FY8d5i — Sam Parker 🇺🇸🧯 (@BasedSamParker) January 27, 2025 Гомез на своите приказни на Инстаграм, на црна позадина, напиша: „О, господине Паркер, г. Паркер. Ви благодариме за смеата и заканите“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во ГостиварСДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар. Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар. СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса. Фактите се јасни. Контролата на квалитетот на водата е во надлежност на локалните институции. Во Гостивар локалната власт ја предводат кадри поддржани од СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот Валбон Лимани е нивен избор и нивна политичка одговорност. Наместо да одговорат кој потфрлил таму каде што тие ја имаат локалната власт, СДС секојдневно пласира невистини и ја насочува јавноста кон погрешна адреса. Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните. Затоа, ако навистина бараат одговорност, нека почнат од сопствените редови. Наместо прес-конференции со обвинувања, нека им објаснат на граѓаните што направиле и зошто дошло до оваа состојба. Институциите остануваат целосно посветени на решавање на проблемот. Веќе е обезбедена технички исправна вода за лична и домашна хигиена, а согласно проценките на надлежните служби, во најбрз можен рок се очекува да биде обезбедена и безбедна вода за пиење во Гостивар. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка микс двојка на Грен слемот во ЊујоркНајтрофејниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и најдобрата свестка тенисерка во моментов, Арина Сабаленка ќе ги здружат силите на последниот грен-слем турнир во сезоната УС Опен во Њујорк.Српскиот тенисер и најдобрата тенисерка во светот заедно ќе настапат во конкуренција на мешани двојки на УС Опен, потврдија организаторите на турнирот во Њујорк. Се очекува нивниот настап да привлече големо внимание кај публиката, со оглед на тоа што од едната страна на теренот ќе биде еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а од другата – тенисерка која веќе ги има освоено најголемите трофеи во женскиот тенис. Челникот на Тениската асоцијација на САД, Крег Тајли, истакна дека новиот формат на мешани двојки претставува можност спортот уште повеќе да им се доближи на навивачите. – Секогаш кога можете да ги споите жените и мажите во ист тим, го прикажувате тенисот во неговото најдобро светло. Токму тоа го овозможува првенството во мешани двојки. Горди сме што повторно ги собираме најдобрите светски играчи во формат што ќе понуди возбудлива забава за нашите навивачи – изјави Тајли. Натпреварите во мешани двојки на УС Опен ќе се играат од 24 до 26 август, пред почетокот на главниот дел од турнирот. Во главната ждрепка ќе учествуваат 16-те најдобри двојки, а натпреварите во почетните кола ќе се играат до освојување на два сета. Сетовите ќе се освојуваат со четири добиени гема, додека при резултат 3:3, победникот ќе се одлучува со тај-брејк.Тагови: Арина Сабаленка Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
СветТрамп домаќин на Нетанјаху и Зеленски,ќе се разговара за војните во Иран и во УкраинаАмериканскиот претседател Доналд Трамп е домаќин на израелскиот премиер Нетанјаху и украинскиот претседател Зеленски.Ќе се разговара за војните во Иран и во Украина кои се во критична фаза. Средбата со Нетанјаху ќе биде прва по почетокот на војната со Иран, која предизвика тензии меѓу двајцата лидери. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на Иран, безбедносната состојба на Блискиот Исток, Појасот Газа и можностите за обновување на дипломатските напори. Трамп и Нетанјаху ќе разговараат и за спроведувањето на договорот меѓу Израел и Либан, како и за нормализација на односите меѓу Израел и арапските држави. Украинскиот претседател Зеленски ќе се обиде да обезбеди продолжување на американската поддршка за Украина, во услови на интензивирани руски воздушни напади и застој на мировните иницијативи. Иако администрацијата на Трамп ги намали директните испораки на оружје за Киев, САД и натаму остануваат еден од најважните партнери на Украина, обезбедувајќи разузнавачка поддршка, како и пристап до сателитскиот систем Старлинк. Средбите се следат со големо внимание бидејќи би можеле да дадат насоки за идната американска политика кон двете најголеми актуелни меѓународни кризи – војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook