Откриен радиосигнал од планета релативно блиска до Земјата - Канал 5

Откриен радиосигнал од планета релативно блиска до Земјата

Научниците од Универзитетот Корнел во Њујорк се чини дека го откриле првиот радио сигнал што доаѓа од планета надвор од нашиот Сончев систем.

Откриен радиосигнал од планета релативно блиска до Земјата

Многумина ќе помислат дека ова е радио сигнал испратен од развиена туѓа цивилизација, но треба да се напомене дека таквите сигнали може да бидат предизвикани и од природни феномени, што најверојатно било и во овој случај.

Но, дури и да не го испрателе „малите зелени“, откривањето на овој вид радио сигнал сепак е чекор кон разбирање на вонземските светови затоа што експертите можат да утврдат дали егзопланетата може потенцијално да го поддржи развојот на животот, пишува „ Futurism “.

Егзопланетата од која потекнуваат радио сигналите спаѓа во категоријата жешки Јупитери и орбитира многу близу до нејзината sвезда во соѕвездието Волар.

Жешкиот Јупитер е вид на егзопланета слична на Јупитер, која е многу близу до матичната sвезда и има висока температура на површината поради нејзината големина, маса и состав. Тие обично ја посетуваат својата sвезда на само неколку дена (револуција <10 дена) , каде едната страна е секогаш свртена кон матичната sвезда, а на другата има вечна ноќ.

Соѕвездието Волар (Boötes) е едно од најголемите соѕвездија на нашето небо.

"Сигналот доаѓа од системот Тау Ботес, кој се состои од бинарна sвезда и егзопланета. Ние веруваме дека сигналот дошол од самата планета", рече астрономот Џејк Д. Тарнер од Универзитетот Корнел.

Научниците го откриле овој сигнал користејќи радио телескоп LOFAR лоциран во Холандија. Тарнер и неговите колеги забележале радио-сигнали во системот Тау Ботес, оддалечен околу 51 светлосни години, што всушност е релативно блиско кога ќе се земат предвид класичните вселенски растојанија. Оваа џиновска планета е само малку подалеку од нашата најблиска sвезда.

На пример, најблиската sвезда до нашето Сонце е Проксима Кентаури, на оддалеченост од 4,2 светлосни години.

Експертите кои го откриле сигналот велат дека ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се открие неговото точно потекло. За почеток, треба да потврдат дека сигналот навистина доаѓа од таа планета. Ако се во право, радио брановите како овој би можеле да ни кажат дали овие далечни светови имаат магнетосфера како онаа што ја штити Земјата.

„Ако понатамошните студии го потврдат ова откритие, ќе имаме нов увид во начинот на истражување на вонземските светови кои се оддалечени десетици светлосни години од нас“, рече астрономот Реј Џајавардана од Универзитетот Корнел.

Земјиното магнетно поле ја штити нашата планета од опасното космичко зрачење.

"Ако магнетното поле на егзопланетата наликува на Земјата, тоа значи дека може да биде населена. Магнетното поле ја штити атмосферата на планетата од сончевиот ветер и космичките зраци", објасни Тарнер.

"Но, сигналот е прилично слаб, па засега е сè уште неизвесно дали навистина доаѓа од таа планета. Исклучително е важно да спроведеме понатамошни истражувања за точно да го утврдиме потеклото на овие сигнали", додаде тој.

Истражувањето наречено „The search for radio emission from the exoplanetary systems 55 Cancri, upsilon Andromedae, and tau Boötis using LOFAR beam-formed observations “ е доставено за објавување во списанието „ Astronomy & Astrophysics“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) отвори истрага против едно лице поради основано сомнение дека било дел од организирана шема за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. 

ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице. Постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Имено, во периодот од февруари до 14 август 2026 година, осомничениот, заедно со тројца осомничени против кои се води постапка во Република Грција, како повеќе лица, неовластено заради продажба и пуштање во промет организирале набавка, држење и пренесување наркотична дрога – марихуана, во вкупна нето-маса од 324 килограми и 474 грама.

Кон крајот на февруари годинава осомничениот набавил товарно моторно возило, а на почетокот на март и приколка, по што веднаш организирал наводен превоз на рециклирана пресувана хартија од Република Северна Македонија кон Република Турција, преку Република Бугарија.

Откако ги завршил царинските формалности, на 8 март 2026 година осомничениот со товарното возило и приколката ја напуштил македонската територија во правец кон Република Бугарија. Меѓутоа, наместо да продолжи кон Република Турција, се упатил кон Република Грција, каде возилото со приколката го оставил на изнајмен затворен плац во Солун.

Таму се сретнал со двајца од осомничените против кои се води постапка во Република Грција, од кои едниот е недостапен за органите на прогонот, и го договорил понатамошниот транспорт на наркотичната дрога, откако истата ќе биде сокриена во товарот со рециклирана хартија.

По набавката на наркотичната дрога, двајца од осомничените, заедно со засега непознати лица, во периодот од 11 до 14 август 2026 година ја сместиле марихуаната во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија.

На 14 август 2026 година, во рамките на акцијата „Вардарис“, полициски службеници во Република Грција лишиле од слобода двајца од осомничените и извршиле преглед и претрес на изнајмениот плац. Таму била пронајдена приколката, од која претходно биле отстранети регистарските ознаки. Во четири палети сместени во задниот дел од приколката и во уште четири палети пред неа било пронајдено погореспоменатото количество на наркотична дрога – марихуана.

Јавниот обвинител оцени дека доколку осомничениот биде оставен да се брани од слобода може да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз соучесници и сведоци или да го повтори кривичното дело. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше доставен предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и со решение вчера на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мика Годц премина од Ајакс во Париз Сен Жермен

Белгискиот фудбалер Мика Годс е најновиот играч на Пари Сен Жермен, што го потврдија холандскиот и францускиот клуб. 

Мика Годц премина од Ајакс во Париз Сен Жермен

Според соопштението на официјалната веб-страница на актуелниот двократен европски шампион, 21-годишното крило потпиша петгодишен договор со Пари Сен Жермен.

Годс претходно настапуваше за Ајакс, а сега ќе ја продолжи кариерата во редовите на францускиот шампион и европски првак.

Претходно денес, Пари Сен Жермен го потврди и доаѓањето на шпанскиот репрезентативец Феран Торес од Барселона. Францускиот клуб продолжува да го засилува својот состав пред новата сезона, а се очекува Годс да понуди уште една напаѓачка опција за тимот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Адетокумбо: „Ќе доминирам сезонава“

Грчката НБА ѕвезда,  Јанис Адетокумбо не ги крие своите амбиции пред новата сезона во НБА.

Адетокумбо: „Ќе доминирам сезонава“

Адетокумбо ја дочекува новата сезона во НБА со големи амбиции, откако му се приклучи на тимот на Мајами Хит.

Очекувањата од тимот од Флорида дополнително пораснаа, а Јанис јасно стави до знаење дека сака да биде еден од најдобрите играчи во лигата и да се бори за највисоките цели.

Во видео објавено на официјалните канали на НБА, Адетокумбо одговараше на прашања со кратки изјави, а неговите пораки пред почетокот на сезоната беа многу конкретни.

„Оваа сезона ќе доминирам. Сакам да докажам дека сум еден од најдобрите играчи во НБА. Сакам да им порачам на навивачите дека ќе ја вратиме – жештината (heat)“, рече Адетокумбо, алудирајќи на значењето на името на тимот Мајами Хит.

Зборувајќи за европската кошарка, тој истакна дека таа моментално минува низ еден од најдобрите периоди во својата историја. Што се однесува до неговиот пристап кон новата сезона, пораката е јасна – победувањето е приоритет. „Мојата филозофија за новата сезона е победувањето. Кога ќе се укаже можност, ќе доминирам. Мајами, подгответе се за возбудлива сезона“, изјави Адетокумбо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер