Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
1Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
ЗдравјеОткриен е уште еден симптом на Ковид-19,што се јавува кај децатаДијареа, повраќање и грчеви во стомакот кај децата можат да бидат знак на инфекција со коронавирус, предупредуваат британските научници.Истражувачки тим од Универзитетот Квинс во Белфаст проучувале деца и тврдат дека гореспоменатите симптоми треба да се додадат на списокот на вообичаени симптоми на коронавирус. Во моментов во Велика Британија, треска, кашлица и губење на мирис или вкус се официјално наведени како симптоми. Секој со кој било од овие симптоми треба да биде изолиран и тестиран за вирус. Центрите за контрола и превенција на болести на САД веќе наведуваат гадење или повраќање и дијареја како можни симптоми на ковид-19, пишува Би-Би-Си. Тимот тестирал примероци од крв од скоро 1.000 деца за да утврдат дали неодамна имале коронавирус. Резултатите објавени како драфт студија на веб-страницата medRxiv откриваат дека 68 од 992 деца имале антитела кон вирусот, што укажува на тоа дека во одреден момент биле заразени со вирусот САРС-КоВ-2. Половина од позитивните деца имале симптоми. Треската била најчестиот симптом, ја имале 21 од 68 деца кои биле позитивни на антитела на коронавирус. Кашлицата била исто така честа, но помалку специфична, а децата кои имале негативен тест ја пријавиле исто како и позитивните. Гастроинтестиналниот симптом, како што се дијареја, повраќање и грчеви во стомакот, се појавиле кај 13 од 68 деца позитивни со антитела и се чини дека се значително поврзани со зараза со коронавирус. Губењето на мирис или вкус било поретко, пријавено од само шест деца со антитела. Ниту едно од децата во студијата не било сериозно болно, ниту имало потреба од хоспитализација. „Знаеме дека, за среќа, повеќето деца кои ќе се заразат со коронавирусот нема да бидат сериозно болни, но сè уште не знаеме колку деца можат да го рашират“, изјави водечкиот истражувач на студијата, др. Том Вотерфилд. Во студијата, со тестирање само на деца со треска, кашлица или промени на мирис или вкус може да се идентификуваат 26 од 34 или 76 проценти од симптоматските случаи. Со додавање на гастроинтестинални симптоми, може да се идентификуваат скоро сите (33 од 34 или 97 проценти) симптоматски случаи. „Откривме дека дијарејата и повраќањето се симптоми пријавени од некои деца и мислам дека вреди да се размисли за нивно вклучување на списокот на познати симптоми“, рече др. Вотерфилд за Би-Би-Си. Официјален претставник за здравство и социјална помош рече: „Експертската научна група сè уште работи на симптомите на ковид-19 со проширувањето на нашето разбирање за вирусот. Секој со силни симптоми на коронавирус во Англија, висока температура, континуирана кашлица или губење или промена на мирис или вкус треба да се тестира што е можно поскоро “.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаНепоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град СкопјеЕдна чаша вода како одговор на информациите дека скопската вода не е безбедна за пиење. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред камерите испи вода од чешма, уверувајќи ги скопјани дека нема место за паника, дека во водата нема бактерии и дека таа е целосно безбедна за пиење. Откако изминативе денови на социјалните мрежи се ширеа предупредувања дека во скопската вода има бактерија ешерихија коли, Ѓорѓиевски на вонредна прес-конференција обвини за организирано ширење паника од опозициски структури. Најави дека ќе бидат идентификувани профилите кои ги ширеле дезинформациите и дека за нив соодветно ќе постапува МВР. Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму велат дека водата секојдневно се испитува од околу 40 точки низ градот, а по појавата на информациите била направена и вонредна ПЦР-анализа, која исто така не покажала присуство на бактерии. -Ние имаме една од 5-те најдобри води и извори во Европа и одговорно тврдам и стојам позади тоа. Јас не сум монстум кој што ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен..Ова е организиран напад за ширење на хистерија, според мене рамно на терористички напад и од утринава се сублимираат сите профили и лажните а и оние приватни а се припадници на опозициските партии и уредно во текот на денот од директорот на Водовод ќе бидат доставени до МВР. - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на град Скопје - Земен е уште еден вонреден примерок од водоснабдителниот систем, од мерно место фабрика Пивара и е направена брза ПСР анализа. Таа е брза анализа која за помалку од 4 часа имаме основни индикаторски параметри каде е констатирано дека не е утврдено присуство на ешерихија коли, ниту на колиформни бактерии, ниту на псевдомонас.- Емилија Јанеска – ЈП „Водовод и Канализација“ Покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство. Од АХВ посочија дека немаат информација за незадоволителни резултати од лабораториско испитување на водата за пиење, што е нивна законска обврска, додека од Министерството за здравство велат дека досега нема регистриран ниту хоспитализиран пациент чија здравствена состојба се поврзува со пиење вода од скопскиот водовод. Директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, вели дека дека иако бројот на пациенти е зголемен поради високите температури, кај ниту еден нема индикации дека причината за хоспитализација е водата. -Бројот е зголемен но не е над нормалата, споредбено со другите години тука е во очекуваниот раст, така што немаме податоци дека некој има гастро интестинални тегоби поради пиење на вода. - Фадил Цана – Директор на Клиника за инфективни болести Во меѓувреме, ОЈО соопшти дека по допрен глас оформило предмет за проверка на информациите за енормно загадување со отпад, во заштитено подрачје во близина на изворите Рашче. Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на обвинителството, посочувајќи дека иако депонијата не е во надлежност на Градот, градските служби во моментов ја чистат. Според него, депонијата се наоѓа на значително растојание од изворите Рашче и не може да предизвика загадување на водоснабдителниот систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријаПолицијата попладнево почна да приведува луѓе во врска со пораките што ги вознемирија скопјани за наводна загаденост на водата, дознава Канал 5.Шестмина се приведени попладнево во полициските станици низ Скопје на информативен разговор во врска со пораките кои се ширеа од синоќа со тврдење дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли, дознава Канал 5. Според инфромаците, двајца од нив се во полициската станица во Кисела Вода, а останатите во другите станици низ главниот град, а сите се повикани по претходна пријава од градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој на прес конференција оцени дека станува збор за оркестрирано ширење дезинформации и паника, за што очекува да има и одговорност.Тагови: приведени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела државаСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Во текот на вчерашниот ден (11.08.2026) во периодот од 16:00 до 21:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 на територијата на СВР Тетово, 34 на територија на СВР Охрид, 19 на територија на СВР Битола... За време на контролата санкционирани се и 224 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00