Откриен е најчудниот објект во Сончевиот систем (ФОТО) - Канал 5

Откриен е најчудниот објект во Сончевиот систем (ФОТО)

Марс е, по Земјата, најдобро проучена планета во Сончевиот систем.

Откриен е најчудниот објект во Сончевиот систем (ФОТО)

Само во овој момент на него има неколку ровери и сонди и орбитери кои орбитираат околу него. Меѓутоа, над црвените песоци, двапати дневно се издигнува чуден природен сателит – Фобос. И покрај деталните студии на Марс, Фобос останува целосна мистерија за научниците и многумина го сметаат за најчудниот објект во нашиот систем.

Фобос и Деимос, другите месечини на Марс, беа откриени во 1877 година и целосно ги збунија научниците, пишува New Scientist.

- Тие се единствените два објекти во оваа фаза, во Сончевиот систем, за кои во суштина немаме поим што се. Знаеме што се другите природни сателити. Знаеме што се астероиди и комети. Фобос и Деимос? Немаме идеја“, изјави Паскал Ли од Институтот SETI во Калифорнија за New Scientist.

Сателитите на Марс можеби се заробени астероиди или можеби се формирале од истиот диск како Марс. Можеби тие се формирани во катаклизма како онаа што ја создаде Месечината. Или нивното потекло е сосема поинакво.

- Што се Фобос и Деимос? Мислам дека тоа е една од најголемите мистерии на науката“, изјави Абигејл Фримен од лабораторијата за млазен погон на НАСА (JPL) за New Scientist.

Why we must investigate Phobos, the solar system’s strangest object Walter Myers/Science Photo Library Next to Earth, Mars may be the most-studied world in our solar system, currently home to a fleet of orbiters, landers and rovers. But above the red sands on which the rovers trundle, a strange…

[image or embed]

— surajworld.bsky.social (@surajworld.bsky.social) February 4, 2025 at 1:14 AM

Сега постои надеж дека можеби ќе можеме да ја решиме оваа мистерија, благодарение на новата мисија на Фобос, која моментално е во тек. Мисијата треба да даде повеќе од задоволителен одговор: можеби откривање повеќе за историјата на внатрешниот Сончев систем и можеби да ни даде одговори за изворите на градежните блокови на животот на Земјата.

Проучувањето на овие марсовски месечини досега не беше приоритет бидејќи повеќето мисии беа фокусирани на Црвената планета.

- Фобос и Деимос отсекогаш биле запоставени светови бидејќи се врзани за еден многу интересен свет - Марс. Никогаш не се размислувало многу“, вели Дејвид Минтон од Универзитетот Пердју во Индијана.

До 1950-тите, било пресметано дека Фобос орбитира околу Марс на секои 7,5 часа, а Деимос на секои 30 часа. Откриена е и големината на овие сателити. Фобос, кој е поголем, има пречник од само 27 километри на најшироката точка. Уште почудно, Фобос паѓа кон Марс со брзина од 2 сантиметри годишно. Затоа, научниците пресметале дека неговата густина е веројатно многу мала.

Фобос е толку чуден што советски научник еднаш се запрашал дали тоа е всушност вонземска вселенска станица.

- Дали Фобос може да биде цврст однадвор, но шуплив одвнатре? Природниот сателит не може да биде шуплив. Идејата дека сателитите на Марс се всушност вештачки можеби на прв поглед звучи фантастично. Сепак, мое мислење е дека ова треба сериозно да се размисли - напиша астрофизичарот Џозеф Шкловски во книгата „Живот во вселената“, која ја напиша заедно со астрономот Карл Саган.

Денес знаеме дека Фобос не е вселенска станица на вонземјани, според New Scientist. Астрономите открија многу астероиди кои се „купишта ѓубре“, лабаво поврзани со купишта отпад со многу внатрешни шуплини. Измерената густина на Фобос е конзистентна. Но, точно е дека овој сателит паѓа кон Марс и дека во следните 100 милиони години или ќе удри во планетата или ќе биде расеан во прстен.

- Фобос е чуден. Ако е стар 4,5 милијарди години, како и сè друго во Сончевиот систем, тогаш го гледаме во последниот дел од неговиот живот“, рече Минтон.

По децении проучување, откриено е малку повеќе од ова: дека Фобос и Деимос се многу чудни. Фобос изгрева на запад и заоѓа на исток, двапати во текот на еден марсовски ден. Тоа е многу потемно од површината на Марс и е едно од најмалку рефлектирачките небесни тела во нашиот систем.

Фобос и Деимос не само што не личат на Марс, туку и составот на материјалите на нивните површини е различен. Многу научници мислат дека овие сателити се заробени објекти, заробени од гравитацијата на Марс. Неодамнешната анализа на Соња Форнасиер од Париската опсерваторија сугерира дека Фобос и Деимос личат на два дела од мртва комета која се распаднала на два дела, а потоа била заробена од гравитацијата на Марс.

- Ме заинтригира идејата дека се работи за заробени предмети. Од каде? Не знам“, рече Форнасиер.

Сепак, научниците велат дека проблемот е што орбитата на сателитот е целосно погрешна за фатените објекти.

Еден начин да се реши мистеријата би биле мисиите на Фобос, но единствените два обиди, советскиот во 1988 година и рускиот во 2011 година, биле неуспешни.

Јапонската агенција за истражување на вселената (JAXA) се подготвува да ја испрати сондата MMX (Martian Moons Exploration) во 2026 година за да го испита Фобос одблизу, да земе примероци од него и да ги врати на Земјата. Ова може да донесе големи промени во разбирањето на двата сателити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Христијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. 

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем.

Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ.

Затоа што Мацура е нивниот личен банкар.

За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари.

Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата.

Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата.

Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка.

Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ.

Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ.

Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата.

Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“.

Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар.

Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата.

Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи.

На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција.

Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка!

Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем.

Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги.

Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност.

Нашата порака до Мицкоски е јасна:

Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш.

Доаѓа крај на твојата криминална банда.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

​Кредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка.

Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер.

Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се!

Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер