Во текот на изминатото деноноќие 15 лица се лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
1Во текот на изминатото деноноќие 15 лица се лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
3МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
ТехнологијаОткажана е вселенската прошетка на руските космонаути, истекувала течност (ВИДЕО)НАСА и руската вселенска агенција ја откажаа синоќешната вселенска прошетка на двајца руски космонаути токму кога требаше да ја напуштат Меѓународната вселенска станица (МВС).Имено, техничарите утврдиле дека леталото Сојуз, кое е прикачено на ISS, испушта течност за ладење од необјаснива причина. Контролорите на летот го забележале протокот на замрзнати честички во 1:45 часот и решиле да ја откажат мисијата. „Ја откажавме вечерашната вселенска прошетка поради истекување на течноста за ладење од Сојуз МС-22. Видовме видлива пареа од замрзнати честички кои доаѓаат од задниот дел на Сојузот, што укажува на истекување“, се вели во соопштението на вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Хјустон. Tonight's spacewalk with two cosmonauts has been cancelled as mission controllers evaluate an observed leak on the Soyuz MS-22 crew ship. More... https://t.co/RhlT1kPS7L pic.twitter.com/MyiKMDCGeA — International Space Station (@Space_Station) December 15, 2022 Ракетниот засилувач Сојуз-2.1а кој го носи вселенското летало Сојуз МС-22 е лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан. Русите и Американците продолжуваат заеднички да ги користат овие летала и покрај нетрпеливоста меѓу земјите поради руската инвазија на Украина. Инцидентот се случил непосредно пред двајцата космонаути, Сергеј Прокопјев и Димитри Петелин, да се подготват за планираната вселенска прошетка за време на која имале намера да преместат уред од еден модул во друг на рускиот сегмент на ISS. Имено, космонаутите ги облекле скафандерите и работеле на други подготовки кога истекувањето било снимено на видео во живо. НАСА објави дека Прокопиев и Петелин не биле во животна опасност, ниту останатите астронаути на вселенската станица. Ова е втор пат руските космонаути да мораат да откажат вселенска прошетка. Кога планирале да го преместат уредот на друг модул на 25 ноември, настанал проблем со пумпите за течноста за ладење во вселенските одела. Руската вселенска агенција и НАСА планираат да ја истражат причината за истекувањето на течноста за ладење. НАСА изјави дека сè уште не е познато како овој инцидент може да влијае на функционалноста на вселенското летало и дали некако ќе претставува проблем за враќањето на екипажот на Земјата на крајот од нивната мисија. Во моментов на Меѓународната вселенска станица има седум членови на екипажот: тројца руски космонаути и тројца американски и еден јапонски астронаут.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо текот на изминатото деноноќие 15 лица се лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возилоВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Сите 15 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, а пет од нив биле малолетници. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Битола: Нов паркинг простор во центарот на градотИзградбата на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“ влегуваат во завршна фаза. Денес се асфалтираше и на оваа локација, а станува збор за површина од 1100 м2. Новиот паркинг простор ќе обезбеди 25 паркинг места, согласно проектот ќе има и улично осветлување, а изведена беше и атмосферска канализација. Со ова Битола добива уште еден паркинг простор во центарот на градот. Вкупната сума на средства кои што ги обезбеди општината од својот буџет изнесува 2.752.772 денари. И на неколку други локации се работи на новите паркинг места во градот, што е заложба на општината за подобрување на состојбата со сообраќајот во централното градско подрачје. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијатаДенеска (06.08.2026) во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност и Министерството за финансии – Биро за јавни набавки.Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска. Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната институционална соработка, со цел зголемување на ефикасноста во размената на податоци по електронски пат, организирање континуирани обуки, како и развивање други форми на соработка од делокругот на работењето на Бирото за јавна безбедност и Бирото за јавни набавки. Меморандумот ги уредува и начините на остварување координација и меѓусебна соработка во областа на спречувањето и сузбивањето на корупцијата и криминалот поврзани со јавните набавки, преку поефикасна размена на информации и заеднички активности во рамките на законските надлежности на двете институции. Со оваа соработка двете институции ја потврдуваат својата заедничка заложба за зајакнување на институционалните капацитети, транспарентноста и интегритетот во системот на јавните набавки, како и за поефикасна борба против корупцијата и криминалот во оваа област.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter