Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗабаваОткако комичарка му се потсмеваше на Маск, тој ѝ го избриша твитер профилот (ФОТО)Откако сагата за сини знакови доби комичен пресврт, Твитер почна трајно да ги затвора профилите за лажно претставување.Маск изјави дека во иднина секој профил кој имитира некого ќе биде трајно избришан, доколку конкретно не се наведе дека се работи за пародија. Меѓу укинатите профили е и тој на комичарката Кети Грифин. Нејзиниот профил беше симнат вчера, истиот ден кога го смени името на профилот во Илон Маск за да му се потсмева на милијардерот. Имено, Грифин на Твитер се нарекувала Илон Маск и под негово име споделувала различни објави на Твитер. Going forward, any Twitter handles engaging in impersonation without clearly specifying “parody” will be permanently suspended — Elon Musk (@elonmusk) November 6, 2022 Но, ова не е прв пат да исмева богат човек. За време на изборната ноќ во мај 2017 година, комичарката објави фотографија на Твитер на која е прикажана како ја држи крвавата глава на Доналд Трамп. Контроверзната фотографија е дело на фотографот Тајлер Шилдс, а Грифин ја објави веднаш откако Трамп предвреме прогласи победа. Твитер ја означи објавата како потенцијално чувствителна содржина, а фотографијата стана вирална и предизвика бес кај про-Трамп Американците, кои ја нарекоа „болна“. This one falls perfectly on the “Fuck around and find out” scale.#KathyGriffin found out. pic.twitter.com/tyxqf01GEN — 𝚛𝚊𝚐𝚎 𝚊𝚐𝚊𝚒𝚗𝚜𝚝 𝚝𝚑𝚎 𝚛𝚎𝚐𝚒𝚖𝚎 (@Liberty25777608) November 6, 2022 Скандалот ја чинеше кариера и изгуби многу деловни понуди, а таблоидите ја споредија со терористка. Нејзините пријатели ѝ го свртеа грбот, како и добар дел од Холивуд, а таа доби и смртни закани. Иако јавно се извини и се соочи со федералниот истражен процес, таа беше безмилосно распната од конзервативната толпа на социјалните мрежи, а нејзината кариера беше во слободен пад. Kathy Griffin has been suspended from Twitter it’s been a long time coming I’m sure millions of Americans are happy right now. #KathyGriffin🤡 pic.twitter.com/jEBAAnuBAo — Avenatti‘s Cellmate (@Avenattiismine) November 6, 2022 „Сè уште сум на црната листа. Ниту една агенција не сака да работи со мене. Нема телевизиска компанија. Нема услуга за стриминг. Никој“, рече таа во интервју за Лос Анџелес Тајмс. „А сепак, ќе заработам пари. Заработив пари за сѐ и пак ќе заработам. Морам да се ископам од оваа дупка“, додаде таа. Подоцна Грифин го повлече своето извинување и го претвори скандалот во стенд-ап комедија што го роди документарниот филм Кети Грифин: Пеколна приказна. Кој знае, можеби сега ќе го повтори истото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 11. септември 2026 година Дневен хороскоп за петок 11. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓи Димов во „Вести плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Ѓорѓи ДимовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без макаЦарската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости.Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости. Не бара сукање, ниту чекање тестото да нарасне, состојките едноставно се соединуваат, смесата се истура во плех и се пече. Најубава е додека сè уште е топла, но вкусна е и кога сосема ќе се излади. Токму затоа може да се приготви однапред и да се послужи кога ви одговара. Состојки: 4 јајца 200 мл јогурт 100 мл масло 200 г. брашно 1 кесичка прашок за печиво 150 г. шунка 150 г. полутврдо сирење 3 помали кисели краставички 1 помала црвена пиперка прстофат сол малку бибер по желба Подготовка: Скршете ги јајцата и изматете ги во поголем сад додека не станат благо пенести. Додајте го јогуртот и маслото, па сето тоа добро соединете го. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и постепено додавајте го во смесата, непрекинато мешајќи, сè додека не добиете глатка смеса без грутчиња. Шунката, сирењето и киселите краставички и пиперката исечкајте ги на ситни коцки. Додајте ги во приготвеното тесто и измешајте со дрвена лажица или шпатула, за рамномерно да се распределат. Со солта внимавајте, бидејќи шунката, сирењето и краставичките се веќе солени. По желба додајте малку бибер. Приготвената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење или претходно намачкан со малку масло. Измазнете ја површината и ставете ја да се пече во рерна на 180°С. Печете околу 30-35 минути, односно додека питата не нарасне и добие убава златно - румена кора. Пред крајот на печењето проверете со чепкалка. Ако излезе сува, питата е готова. Кога ќе ја извадите од рерна, не сечете ја веднаш, оставете ја да постои 10-тина минути за да се стегне и парчињата да го задржат својот убав облик. Оваа пита може да ја послужите со јогурт, кисело млеко или кефир. Погодна е да ја понесете на работа или излет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter