Откако ја одбила понудата за брак, и побарал да му ги врати сите пари што му ги потрошила

42 годишната Мари Лакомб од Австралија ја одбила понудата за брак од 65 годишниот Брус Дастинг и добила сметка од 115 000 фунти. Дастинг уредно запишал колку пари во која прилика потрошил за неа, и сега бара да му ги врати.

Мари тврди дека тие никогаш не биле во романтична врска, но Брус мисли поинаку и тврди дека плаќал за нејзините шопинзи, за зумба часови па дури и за козметичка хирургија.

- Оваа Мари ми ја уништи секоја помисла за хуманост кон другите луѓе што сум можел да ја имам - се пожали Брус за австралиските медиуми.

Мари и Брус се запознале пред 4 години. Таа го учела да танцува зумба. Почнале да се дружат, да одат на вечери, а тој ја посетувал и дома.

Се било во ред до неодамна, кога Брус се охрабрил да ја побара за жена. Откако го одбила, и доставил сметка во која педантно е наведено кога. колку и за што потрошил пари во нејзина корист. Сумата достигнува до 200 000 австралиски долари, кои Брус си ги бара назад.


Fully itemised: Mr Dusting claims he loaned Ms Lacombe money to pay for things including Zumba classes, shopping trips, dental appointments, tupperware, birthday parties and even a tummy tuck and breast implants

Брус вели дека Мари ги користела неговите емоции да извлекува пари од него. Во една прилика итно му побарала пари на заем за операција - а кога отишол во болницата да ја види, видел дека ги зголемила градите!

Но Мари има поинаква верзија. Вели дека му должи само 25 000 австралиски долари кои и ги дал на заем. Сите други пари и ги дал или ги потрошил на неа - доброволно и не треба да ги бара назад, вели Мари. Таа е уверена дека реакцијата на Брус е одмазда за одбивањето на понудата за брак.

Како и да е Брус е навистина повреден и неутешен. Срцето му е скршено до таа мерка што за локалните медиуми изјавил дека никогаш повеќе во животот нема да танцува.


Bruce Dusting, 65

/ извор: Дејли меил







Сафади: Јордан нема да дозволи да биде вмешан во судирот меѓу Иран и Израел

Јордан нема да дозволи да биде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани.

Јордан нема да дозволи да биде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани, соопшти Министерството за надворешни работи на оваа земја, повикувајќи се на зборовите на јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади до неговиот ирански колега Хосеин Амирабдолахијан.

„Сафади нагласи дека сегашната ескалација служи само за одвлекување на вниманието од израелската агресија врз Газа, чие запирање мора да биде приоритет“, се додава во соопштението, пренесува Ал Џезира.

Американски функционер претходно денеска изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападна иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април со околу 300 беспилотни летала и проектили како одмазда за нападот на Израел врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет полицајци кои ги придружувале.

Иранските власти, исто така, претходно оваа недела го критикуваа Јордан за отворање на воздушниот простор во одбрана на Израел за време на иранскиот беспилотен и ракетен напад.

Танцува на покрив на Ламборџини, реакцијата кога пука шофершајбната е хит (ВИДЕО)

Во ерата на социјалните медиуми, инфлуенсерите и креаторите на содржини сакаат да ги изненадат/шокираат корисниците, па често ги поместуваат границите.

Подготвени се да изведуваат разни подвизи и акробации, а едно такво видео веќе некое време кружи на интернет.

Прво беше објавено на Редит и прикажува девојка како се качува на покривот на скапо Ламборџини и почнува да танцува.

Веруваме дека љубителите на автомобили, особено на егзотичните, не гледаат со одобрување на оваа сцена. Да не зборуваме дека таа ја скрши шофершајбната газејќи на покривот.

MC dances on top of car and breaks the windshield 🤦‍♂️
byu/EthanthegamerGD inImTheMainCharacter

Таа и самата изгледа е шокирана од последиците, но не престанува да се смее и да танцува, пренесува NDTV.

„Што луѓето нема да прават за лајкови и кликови“, напишал еден корисник.

Времето и местото каде е снимено видеото не се откриени, а претпоставуваме дека сопственикот морал да издвои значителна сума за поправка на шофершајбната.

Реал пронајде замена за капитенот

Начо Фернандез, 34-годишниот капитен на Реал Мадрид, на крајот од сезоната го напушта Кралскиот клуб.

На Начо му истекува договорот и нема да го продолжи, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Заминувањето на легендата на Реал значи дека клубот ќе мора да најде некој кој ќе го замени.

Романо тврди дека тоа е Лени Јоро, 18-годишниот централен дефанзивец на францускиот прволигаш Лил. Јоро покажал голем потенцијал оваа сезона играјќи за Лил на 39 натпревари. Тој постигнал три гола. Реал веќе некое време го следи овој млад човек, но тој не е единствениот. Го сака и ПСЖ. Трансфермаркт го проценува на 40 милиони евра.

притисни ентер