Откако Илон Маск раскина со Грајм, поранешната сопруга ја откри неговата темна страна - Канал 5

Откако Илон Маск раскина со Грајм, поранешната сопруга ја откри неговата темна страна

Илон Маск и музичарката Грајмс неодамна раскинаа по тригодишна врска.

Откако Илон Маск раскина со Грајм, поранешната сопруга ја откри неговата темна страна

Поранешниот пар се уште е во добри односи, тврди Маск, и заедно се грижат за нивниот едногодишен син X Æ A-Xii.

Илон зад себе има три неуспешни брака, но со две сопруги. Од 2000 до 2008 година, тој бил во брак со Џастин Маск, а подоцна двапати се оженил со Талула Рајли. Тие се венчале за прв пат во 2010 година, а потоа бракот траел две години. Уште еднаш во 2013 година, тие се премажиле, но се развеле три години подоцна.

Џастин, неговата прва сопруга, раскажуваа како била во брак со Маск. Таа ја открива темната страна на животот со овој милијардер.

"Кон крајот на пролетта 2008 година, мојот сопруг Илон Маск поднесе барање за развод по осум години брак и пет деца. Шест недели подоцна, тој ми испрати порака дека се верил со прекрасната британска актерка Талула Рајли, која имаше дваесет години и се преселив во Лос Анџелес. Тогаш мислев дека мојот живот со тој човек се претвори во клише “, открила тогаш таа.

Маск и Џастин се запознале додека тој беше студент. Иако била со него во сите подеми и падови, тој ја напуштил. Поради договорот што го потпишале по венчавката, таа остана без се` што имале стекнато во бракот.

"Ми рече дека треба да одиме кај адвокат за да ни помогне со финансискиот договор на кој инсистираше неговата компанија. Кога го погледнав зачудено, тој рече дека тоа не е предбрачен договор", рече тогаш Џастин.

Наводно, во договорот пишувало дека по разводот таа ја поседува семејната вила во Лос Анџелес, која подоцна ќе ја наследат нејзините деца, дека ќе се откаже од брачниот имот преку развод и дека не треба да споменуваат ништо што кажале или направиле за време на бракот.

"Се потпишав затоа што слепо му верував. Зошто да се омажам ако не му верувам? Ние бевме сродни души. Верував дека никогаш нема да се разведеме. Животот без него ми беше незамислив", рече Џастин.

Џастин тврди дека Илон се променил со текот на годините и ги згоелмил барањата. Тој ја натерал да биде, како што рече, трофејна русокоса. Сакал таа да ја осветли косата, да посвети повеќе време на својот изглед и секогаш да се смее додека сите околу него зборуваат за политика.

"Не можев да се препознаам. Се претворив во трофејна жена - и бев лоша во тоа. Не бев доволно ориентирана кон деталите за да ја одржам совршената куќа или да бидам совршена домаќинка. Не можев да ја сокријам досадата кога мажите зборуваат и жените се насмевнуваа и слушаа. Не бев заинтересирана за ботокс, шминка или криење лузни од царски рез. Без разлика на што посочив, Илон ме натера да станам русокоса ", рече Џастин во исповедта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува скандалот за доделувањето на Златната топка- организаторите најавуваат тужби

Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Л'Екип“ и списанието „Франс фудбал“, која ја доделува годишната награда „Златна топка“, планира да поднесе формална тужба. 

Продолжува скандалот за доделувањето на Златната топка- организаторите најавуваат тужби

Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Л'Екип“ и списанието „Франс фудбал“, која ја доделува годишната награда „Златна топка“, планира да поднесе формална тужба поради наводите за протекување информации и потенцијално лажно обложување поврзано со победата на Хари Кејн од Англија минатиот вторник, објави АФП.

„Интегритетот на „Златната топка“ е апсолутен приоритет“, соопшти групацијата „Амаури“ во соопштение за медиумите испратено до АФП и потврди дека „многу сериозно ги сфаќа наводите за протекување резултати и потенцијално лажно обложување“.

Сомнителни облози

Финансискиот новински портал „Апсајд“ објави во последните денови дека неколку потенцијално сомнителни облози биле поставени на платформата за обложување „Полимаркет“, која нема лиценца за работа во Франција, пред церемонијата минатиот вторник во Лондон.

Според „Апсајд“, само неколку дена пред церемонијата, речиси 265.000 долари биле исплатени преку 12 сметки за кои се верува дека се од исто лице. Редоследот на првите пет кандидати за „Златната топка“ е прецизно предвиден: Хари Кејн, Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси.

„Во тек се проверки за да се утврдат фактите и да се утврди кој би можел да биде одговорен“, објави групацијата Амаури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на аеродромот во Тиват: Руски милијардер е задржан пред летот за Белград

Рускиот милијардер Константин Иванович Струков, кој е на меѓународните листи со санкции, бил запрен на аеродромот во Тиват додека се обидувал да ја напушти Црна Гора, дознава Вијести од неколку независни извори.

Драма на аеродромот во Тиват: Руски милијардер е задржан пред летот за Белград

Според Вијести, надлежните органи покренале постапка за издавање одлука со која му се забранува влез во земјата.

Откако неговиот лет за Белград бил одложен, Струков, откако дал изјава пред службениците на Секторот за гранична полиција, ја напуштил Црна Гора.

„Одлуката за забрана ќе му биде доставена на домашната адреса подоцна“, ѝ било кажано на Вијести.

Струков е еден од најпознатите руски милијардери во рударството и сопственик на компанијата „Јужуралзолото“, еден од најголемите производители на злато во Русија.

Според меѓународната база на податоци OpenSanctions, неговото име е во евиденцијата на неколку јурисдикции кои вовеле санкции.

Санкции му воведоа Соединетите Американски Држави (САД), Европската Унија (ЕУ), Обединетото Кралство, Швајцарија, Украина, Јапонија, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Неговото име е наведено и во регистрите на санкции на Монако, Франција и Белгија, а некои од овие записи се однесуваат на спроведувањето на режимот на санкции на Европската Унија.

Во украинскиот државен регистар се наведува дека Струков е сопственик на компанијата „Јужуралзолото“, како и на рудник за јаглен, и го поврзува со економски структури од стратешко значење за Русија.

Инвестиција во Луштица: Хотел со пет ѕвезди или приватен комплекс?

Инвестицијата на Струков во заливот Добра Лука, во областа Луштица, во рамките на месноста Кочишта-Бргули, во општина Херцег Нови, привлекува особено внимание.

Според јавно достапната документација од општина Херцег Нови, Константин Струков бил наведен како раководител на проектот за изградба на туристичкиот центар Т1, чиј централен објект требало да биде петѕвездениот хотел Добра Лука, со придружни објекти, уште во 2018 година.

Ова е проект на исклучително привлечна локација, веднаш до морскиот брег, за кој се спроведени процедурите за добивање на потребните одобренија и подготовка на техничка документација.

Според достапните информации, Струков претходно го купил земјиштето од „Навигатор Фајнанс“ ДОО.

Наводната вредност на трансакцијата била 5,4 милиони евра, заедно со правата од претходно стекнатата градежна документација.

Сепак, посебно прашање е дали вистинската намена на комплексот е во согласност со неговата официјално презентирана туристичка функција.

Според достапните информации, постои сомневање дека хотелот со пет ѕвездички служел како формална рамка за изградба на комплекс што во пракса би можел да се користи како приватна луксузна резиденција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција

Деца во германските покраини Тирингија и Рајнска област-Пфалц откриле метални иглички и магнети во своите бомбони собрани на Ноќта на вештерките, но за среќа никој не е повреден, објавија германските медиуми.

Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција

Полицијата го истражува случајот како обид за тежок напад, објави германскиот весник „Билд“.

Во Винчигероде, Тирингија, деца откриле метални иглички во своите бомбони додека ги одвиткувале, а полицијата верува дека игличките биле намерно поставени таму за да ги повредат децата.

Сè уште не е јасно кој ги дистрибуирал бомбоните со опасните предмети.

Слична ситуација се случила во Опенхајм, Рајнска област-Пфалц, на Ноќта на вештерките.

Деветгодишно момче подетално ги погледнало своите бомбони и открило два мали магнети, секој со дијаметар од околу два милиметри, на бомбоните.

Неговата мајка била предупредена од објава на Инстаграм и го замолила својот син да ги провери бомбоните пред да ги јаде.

Полицијата сега се обидува да открие кој стои зад овие опасни наоди за Ноќта на вештерките, бидејќи сè уште не е јасно од кои домови потекнуваат бомбоните. Затоа, на родителите им се препорачува почесто да ги проверуваат слатките на своите деца. Слични шокантни откритија се случиле и претходно. Во 2025 година, мајка во Кил пронашла бричеви меѓу бонбоните за Ноќта на вештерките на своите деца, се сеќава Билд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер