Откако е усклучена од апарати, органите на Ен Хеч биле донирани - Канал 5

Откако е усклучена од апарати, органите на Ен Хеч биле донирани

Американската актерка Ен Хеч е „мирно исклучена од апаратите за одржување“ откако била пронајден соодветен примател на органи, потврди портпаролот.

Откако е усклучена од апарати, органите на Ен Хеч биле донирани

Претставник на покојната ѕвезда вчера ја потврди нејзината смрт за новинската агенција PA.

Во петокот, 53-годишната жена беше законски прогласена за мртва откако претрпе „тешка аноксична повреда на мозокот“ додека удрила со нејзиниот автомобил во куќа во Лос Анџелес.

Таа била задржана на апарати за одржување во живот во случај нејзините органи да бидат донирани.

Не е познато колку или кои органи биле донирани, но, според NBC News, хирурзите биле подготвени да ја направат процедурата.

Во изјавата, портпаролката на Хеч, Холи Берд, рече дека актерката „мирно била исклучена од апарати за одржување“ откако било пронајдено компатибилно лице кое ги добило нејзините донирани органи.

Претходно вчера, полицискиот оддел на Лос Анџелес (ЛАПД) соопшти дека ја завршиле истрагата за несреќата на Хеч, по која што остана во кома.

„Од денеска нема да има дополнителни истражни напори за овој случај“, се вели во соопштението.

„Сите информации или записи што биле побарани пред овој пресврт на настаните сепак ќе се собираат како што ќе пристигнат како формалности и ќе бидат вклучени во целокупниот случај.

„Кога лицето осомничено за кривично дело ќе почине, ние не вршиме истрага.“

Одделот претходно потврди дека несреќата се истражува како кривично дело сообраќаен судир со возење под влијание, откако прелиминарните тестови на крвта покажале присуство на дрога во системот на Хеч.

Било потребно дополнително тестирање за да се исклучат супстанциите што се администрираат во болницата.

Противпожарната служба на Лос Анџелес минатата недела соопшти дека нејзиното возило „експлодирало со силен пожар“, во кој што на 59 пожарникари им требало повеќе од еден час целосно да го изгаснат.

Покрај изгорениците, актерката останала со „тешка аноксична повреда на мозокот“ - кога мозокот е лишен од кислород - соопшти нејзиното семејство.

Лин Мишел, жената во чија куќа фатално удрила актерката, на социјалните мрежи ја сподели својата тага по веста за смртта на Хеч.

„Веста за смртта на Ен Хеч е поразителна“, објави Мишел на интернет. „Нејзиното семејство и нејзините пријатели и нејзините деца, особено, навистина претрпеа голема загуба и моето срце е со нив.Целата оваа ситуација е само трагична и навистина немам зборови“, додаде таа. „Испраќам љубов на сите вклучени“.

Фондот формиран за да ѝ помогне на Мишел досега има собрано повеќе од 174.000 долари.

Хеч беше позната по филмовите како „Вулкан“, „Дони Браско“ и римејкот на „Психо“ од 1998 година.

Мајката на две деца се појави и во Танц со ѕвездите, американски еквивалент на Strictly Come Dancing, во 2020 година.

Нејзиното семејство во соопштението во петокот рече: „Денес изгубивме силна светлина, љубезна и најрадосна душа“.

Ѕвездите меѓу кои и актерот Антонио Бандерас и поранешната партнерка на Хеч, Елен Деџенерис, беа меѓу оние кои ѝ оддадоа почит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Подгорица, оствари средба и со министерот за транспорт на Црна Гора, Радош Зечевиќ.

Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка

На средбата се разговараше за можноста за унапредување на транспортното поврзување меѓу Македонија и Црна Гора, подобар пристап на пристаништата и нови развојни политики за меѓусебна соработка.

Николоски и Зечевиќ разговараа и за зголемување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, а беше потенцирана и потребата од подобро регионално поврзување и модернизацијата на транспортната инфраструктура.

Вицепремиерот истакна дека Македонија работи на доизградба и модернизација на европските транспортни коридори, со цел подобро поврзување на регионот, олеснување на транспортот и обезбедување подобар пристап до регионалните пристаништа.

На средбата беа разменети и искуства и практики во областа на поморскиот сообраќај.

Соговорниците се согласија за потребата од унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со цел создавање подобри услови за транспорт, трговија, инвестиции и економски развој во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално

Внукот на контроверзната Вилма Русковска, поранешна јавна обвинителка, која определен период беше и шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал, се јави да зборува за состојби во Фудбалскиот сојуз на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално

Станува збор за претседавачот со Централниот одбор на СДС, Герасим Лазов, до сега познат како личност која само знае да седи и да праќа пораки колку се не чини во државава.

Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче затоа не може да коментира паушално.

Сега му текна на Лазов да се јави и да критикува за ФФМ, а не гледа кога станува збор за СДС кој со кого е поврзан, како стигнува до функција, како делат функции и пари.

На внукот на Русковска, позната како обвинител која гонеше неистомисленици, му порачуваме пред да се појави во јавност, прво да погледне околу себе и каде е тој и што е СДС предводена од Венко Филипче и неговиот учител Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

Парни ваљак објави дека ги одложува сите концерти планирани за октомври и ноември. 

Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави.

Пораката на бендот до публиката

Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението.

„Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“

Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември

Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој.

„Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“

YouTube video

Информации за билетите

Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер