ЗабаваОткако четири пати ги зголемила градите, сега ќе ги намалува (ФОТО)Инфлуенсерка која потрошила околу 40 илјади евра на естетска хирургија открива дека сега сака да ги намали градите.Манекенката Ивон Бар четири пати ги зголемувала градите, а исто така била и на липосукција. Германската манекенка преживеала и бразилски лифтинг за задникот, а и ботоксот не и е непознат. Но, сега открива дека размислува за намалување на градите бидејќи мажите се плашат да излезат со неа, пренесува Дејли Стар. Медиумите претходно пишуваа за фудбалер со кого се дружела и кој не сакал јавно да ја признае нивната врска „поради нејзините лажни гради“. View this post on Instagram Hey guys ⭐️ How do you like this bikini? Let me know in the comments below👇🏼 A post shared by 𝗬𝘃𝗼𝗻𝗻𝗲 𝗕𝗮𝗿 (@yvonne_bar_) on Oct 26, 2020 at 9:29am PDT „Размислувам за намалување на градите во одреден момент во иднина, бидејќи тие секогаш ме проценуваат според нив и ме гледаат на погрешен начин“, рече таа. „Ме гледаат и ме третираат како да сум бонбона, а не нешто сериозно и се чувствувам како да ги плашам добрите мажи“, додаде Ивон. View this post on Instagram How do you like my swimsuit? 🥰 Save this Post and comment to let me know A post shared by 𝗬𝘃𝗼𝗻𝗻𝗲 𝗕𝗮𝗿 (@yvonne_bar_) on Sep 18, 2020 at 8:12am PDT Таа исто така објаснила како понекогаш страда од болки во грбот поради големината на градите. Манекенката со 1,2 милиони следбеници на Инстаграм вели дека се надева дека ќе основа семејство еден ден и смета дека намалувањето на градите е добар чекор на тој пат. View this post on Instagram Love Greece 🇬🇷 How many balloons do you see in this picture?? 🤣🤣 wrong answers only 🎈 A post shared by 𝗬𝘃𝗼𝗻𝗻𝗲 𝗕𝗮𝗿 (@yvonne_bar_) on Aug 31, 2020 at 1:56am PDT Но, и покрај тоа што размислува за намалување на градите, таа вели дека други естетски процедури и се на ум. „Сакам да го поправам носот затоа што имам малку проблеми со дишењето“, вели таа, додавајќи дека малку сака да ја смени и неговата форма. View this post on Instagram How was your Sunday? 💕 A post shared by 𝗬𝘃𝗼𝗻𝗻𝗲 𝗕𝗮𝗿 (@yvonne_bar_) on May 24, 2020 at 1:17pm PDT „Исто така верувам дека кревањето на образите ќе ми го направи лицето поелегантно“. Ивон вели дека и покрај четирите постапки, не се плаши од операција на градите. Таа, наводно, ги собрала пари за операциите преку „OnlyFans“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66Тајван ги презеде првите два од вкупно 66 борбени авиони Ф-16В Блок 70 купени од Соединетите Држави.Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува значаен чекор во зајакнувањето на воздушната одбрана на земјата. „Ова ја покажува нашата решеност да ги зајакнеме капацитетите за самоодбрана и да обезбедиме мир преку сопствената сила“, рече Лаи. Обука и воведување во употреба Командата на тајванските воздухопловни сили соопшти дека ќе спроведе обука за премин кон новиот тип на авион, а потоа постепено ќе ги воведе во оперативна употреба. Командата истакна дека 7-мото тактичко борбено крило е формирано во декември 2023 година и е предвидено да биде опремено со новите авиони Ф-16В Блок 70. Министерот за одбрана Велингтон Ку претходно пред новинарите потврди дека „годинава ќе бидат испорачани повеќе од два авиона“. Договор вреден 8 милијарди долари Соединетите Држави ја одобрија продажбата на 66 авиони Ф-16В и придружна опрема на Тајван уште во 2019 година. Вкупната вредност на договорот се проценува на приближно 8 милијарди долари. Извор: Индекс.хрТагови: САД Тајван Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„GTA 6“ ќе биде најголемата игра на „Rockstar“: „Никогаш не сме направиле вакво нешто“Со години, „GTA 6“ се најавува како потенцијален рекордер за најголемо лансирање во историјата на индустријата за забава – како во поглед на очекувањата, така и во однос на капиталот вложен во нејзиниот развој. „Rockstar“ дополнително ја поттикнува оваа возбуда. Според еден од клучните раководители на студиото, целта е речиси секој аспект од претстојната игра да се подигне на ново ниво. Арон Гарбут, раководител за развој и висок функционер во „Rockstar“, вели дека тимот се обидел огромниот притисок околу проектот да го претвори во дополнителна мотивација. Наместо да прават компромиси меѓу големината на светот, деталите и интерактивноста, тие се стремеле истовремено да ги подобрат сите овие елементи. „Обично мора да правите компромис меѓу обемот и деталите, или меѓу деталите и интерактивноста. Со овој проект, тргнавме во спротивна насока“, изјави Гарбут за „Game Informer“. Тој истакна дека „Rockstar“ го зголемил нивото на детали, обемот, опсегот, големината, интерактивноста и густината на светот – подобрувања што треба да бидат очигледни во секој аспект од играта. „GTA 6“ ветува огромен отворен свет, подетална средина, напредна физика и поголем број интерактивни елементи. Иако „Rockstar“ сè уште не ги открил сите карти, досега објавените трејлери веќе навестуваат колку внимание е посветено на деталите. Секако, зад проект од вакви размери стојат огромните финансиски ресурси на издавачот „Take-Two Interactive“. Точниот буџет за „GTA 6“ не е јавно потврден, но јасно е дека станува збор за еден од најамбициозните проекти во историјата на индустријата за видеоигри. „Rockstar“ е познат по тоа што со години ги развива своите игри и вложува огромно време во светот, анимациите, физиката и деталите. Следствено на тоа, Гарбут смета дека „GTA 6“ претставува нешто што „Rockstar“ никогаш претходно го нема создадено. „Не мислам дека некогаш сме направиле нешто што е дури и приближно на ова“, изјави тој. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“На 03.10.2026 (сабота) со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Р.С.Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.Тагови: Посебен режим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter