Отишла во Турција по холивудска насмевка, а се вратила унаказена - Канал 5

Отишла во Турција по холивудска насмевка, а се вратила унаказена

Убавите усни, забите и насмевката станаа императив во денешно време и луѓето патуваат илјадници километри за да добијат нов изглед со помош на лекарите од некои престижни клиники. 

Отишла во Турција по холивудска насмевка, а се вратила унаказена

Сепак, многумина се лажат со евтините понуди кои се и до 70 проценти пониски отколку во другите земји, па без детално да проверат, без да читаат рецензии се враќаат дома со многу непријатно искуство.

Тоа ѝ се случило на една жена од Северна Ирска по име Аманда Тарнер, која на платформата TикТок сподели дека сè тргнало наопаку откако отишла да си ги поправи забите во една клиника во Истанбул. По неофицијалната преписка, која ја објавила, со персоналот на клиниката преку „Vocap“, Аманда одлетала во Турција по нови коронки, мислејќи дека ќе ја добие најубавата холивудска насмевка што ѝ ја ветиле. Цената на третманот вклучувала и престојот во хотел со 4 ѕвездички и бесплатен превоз од аеродромот.

Во својата објава на социјалната мрежа TикТок, таа изнесе шокантни детали. Стоматолозите премногу ѝ ги истругале забите за да ги навлечат коронките, а усните и натекле и ја болеле. Работата да биде уште полоша, таа цело време трпела неподносливи болки, бидејќи како што открива, не добила соодветна анестезија пред да се отстрани слојот од забната глеѓ.

Барала дополнителна инјекција, а она што следело било уште полошо.

Стоматологот кој работел на нејзините заби го допрел неговиот телефон непосредно пред лекувањето и на тој начин создал ризик од контаминација. Се пожалила дека има страшни болки, да престанат со работа, но тие не ја слушале.

Иако Аманда отишла на „преправка на туѓото дело“ и сега забите ѝ се бисерно бели со нови коронки, таа вели дека една недела ништо не јадела од претрпените болки.

@amandaturner1809 This is how I was left all last week no temps on and in a lot of discomfort I don’t think I have ever looked as ugly😂 it was brutal, wasn’t properly froze to begin with, I was body popping in pain, and crying my eyes out, I had to literally beg for more injections to numb me. By telling my story I hope to make other aware of just how wrong this can go. I should never have been left without temps and this is all playing a part in why I am in as much pain as I now am. It’s not worth it #fyp ♬ original sound - Amanda Turner

На некои снимки каде веројатно не поминало многу време од „третманот“, Британката едвај зборува.

На нејзиното објавено видео имаше различни коментари - од оние на кои им е жал за измамата што ја доживеала, до оние кои ја обвинуваат, велејќи ѝ дека аларм требало да ѝ биде тоа што со лекарите се слушнала само преку Вокап.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови.

Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот.

Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција

Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците.

Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема.

Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал.

Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер