Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
БалканОтфрлена е кривичната пријава против сопругата на хрватскиот претседател за аферата „Дај петка“Хрватската канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (Ускок) потврди дека ја отфрлиле кривичната пријава за злоупотреба на влијание против сопругата на претседателот на Републиката, Сања Мусиќ Милановиќ, во аферата „Дај петка“.Кривичната пријава е поднесена откако нејзиниот син и уште некои ученици од класичната гимназија добиле завршни оценки по два предмети во 2022 година, објави Телеграф. Во Ускок потврдија дека по спроведена полициска истрага на нивно барање е донесено решение за отфрлање на кривичната пријава бидејќи, како што наведуваат, „постоење на основано сомнение за извршување на наведеното кривично дело или кое било друго кривично дело за кое гонење се презема по службена должност не е утврдено.“ . Како што претходно објави Јутарњи лист, кој го откри случајот, истрагата е покрената затоа што четворките на синот на Милановиќ по математика и латиница биле сменети во петки по завршувањето на учебната година, откако Сања Мусиќ Милановиќ му пишала на директорот на училиштето и се пожалила на работата на наставникот по математика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возилаДенес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБез вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаБез вода делови од ЦентарЕдна информација за граѓаните од централното градско подрачје. Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Силно невреме попладнево го зафати КавадарциСилно невреме попладнево го зафати Кавадарци и територијата на општината, проследено со силен ветер и обилни врнежи. За среќа, нема повредени лица, а благодарение на добрата атмосферска канализација и навремено санираната инфраструктура, не се регистрирани материјални штети на инфраструктурните објекти. На повеќе локации се регистрирани паднати дрвја и гранки, околу 10 поплавени подруми, како и проблеми со електричната и телекомуникациската инфраструктура. Паднати дрвја се регистрирани и на регионалните патни правци Кавадарци–Дреново и Кавадарци–Неготино. Екипите на ЈП „Комуналец“ веднаш се мобилизирани и се на терен. Ангажирани се 12 работници од хигиена и зеленило, како и 15 работници од секторот Водовод и канализација, заедно со два трактора, две камиончиња и еден скип. Екипите работат на расчистување на наносите, решетките и јавните површини, како и на санирање на последиците од невремето. На терен се и екипите на ТППЕ Кавадарци, како и екипи на Општина Кавадарци. Се интервенира на сите локации каде што има потреба, во координација со електродистрибутивните и телекомуникациските оператори, кои работат на санирање на дефектите. Во координација со надлежните служби, Полициската станица Кавадарци ги обезбедува локациите каде што постои ризик или движењето е отежнато. Сите надлежни служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно расчистување и нормализирање на состојбата. За сите пријави и информации од граѓаните, достапен е Општинскиот кол-центар на 13.300.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook