3Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
КултураОтец Бобан: Света Петка била и останува блескав пример за сите христијани, поучувајќи ги да застанат на правиот патПравославните христијани утре го празнуваат споменот на Света Петка, поточно Преподобната Параскева (Петка) Епиватска. Култот на Света Петка е широко распространет во Македонија, нејзината икона е присутна во секоја црква, во секој манастир, а во речиси секое населено место во земјава има храм, посветен на неа, но и извори, лековити води, за кои се верува дека се благословени од светителката и се наречени петочни води. Православната црква празнува три личности со исто име Параскева – Петка, а утре се празнува Света Петка Епиватска или Трновска. Во спомен на Преподобната Параскева Петка Трновска, Православната црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27 /14 октомври и што меѓу народот е познат како Петковден. Многумина веруваат дека таа е заштитничка на жените и децата, болните, но и од разни несреќи, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. За житието, подвигот и значењето на личноста на Света Петка разговаравме со Бобан Митевски, свештенослужител во храмот „Свети Николај“ во населбата Аеродром. Во разговор за МИА тој вели дека оваа светителка била и до денес останува блескав пример за сите христијани, поучувајќи ги со својот животен пат да застанат на правиот пат и да Го постават Христа над сè. Митевски нагласува дека таа живеела навистина подвижнички, незамисливо за денешниот човек – предавајќи се во крајна изолација од светот, во суровите предели на Јорданската Пустина. -Главна инспирација за Света Петка, како што читаме од нејзиното житие, се Христовите зборови, предадени нам преку Евангелието: Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека Ме следи. Сметам дека токму овој Божествен апел, кој станал modus vivendi за многу светители, е призивот што Бог му го испраќа на денешниот човек, изморен од секојдневието, од трката со времето и со предизвиците. Бог нè повикува на доброжртва, на благословен подвиг за да најдеме мир во себе, со ближниот и со Бога, нагласува Митевски. Човекот, продолжува тој, денес е премногу свртен кон себе, а со тоа и отуѓен од повикот за кој е создаден – заедница со другите во Бога и со Бога. -Затоа Господ нè повикува на откажување од старите ние, од себељубивиот човек којшто сака да си угодува, којшто е слуга на сопствените страсти. Затоа денес луѓето се депресивни и осамени – зашто не умеат да го понесуваат својот животен крст со смирение, не знаат да љубат преку самозаборав, вели Митевски во интервјуто за МИА. -Православните христијани на 27 октомври го празнуваат празникот на Преподобната Параскева (Петка) Епиватска или познат како Петков ден. Празнувањето на Света Петка е мошне застапено во нашата земја, на што според вас се должи славењето на оваа светица? -Актуелноста и широко распространетиот култ на некој од светиите се должи најмногу на влијанието на нивниот живот и на нивниот подвиг. Света Петка била и до денес останува блескав пример за сите христијани, поучувајќи ги со својот животен пат да застанат на правиот пат и да Го постават Христа над сè. Просто и да нема град кај нас, а да нема во него храм посветен на оваа преподобна мајка. Нејзиниот култ кај народот е огромен, но и чудата што се случуваат по нејзиното молитвено застапништво пред Бога се недобројани. Православната црква празнува три личности со исто име Параскева – Петка, може ли да ни појасните која од нив се празнува на 27 октомври? -На 27 октомври се прославува преподобната света Петка, којашто оставила сè зад себе и богатството и суетата на овој свет, за да го достигне од Бога даденото предзначение за човекот – а тоа е обожението. Оваа светителка живеела навистина подвижнички, незамисливо за денешниот човек – предавајќи се во крајна изолација од светот, во суровите предели на Јорданската Пустина. Трпејќи ги временските промени, хранејќи се само еднаш дневно со плодовите на растителниот свет на пустината, трпејќи ги упоритите искушенија од нечестивите демонски сили, го поминувала целодневието во постојана молитва за сите и за сè. Тука останала до својата старост, а потоа, по повик од Бога, се вратила во родниот крај, каде што живеела како странец бидејќи сите што ја познавале, веќе биле упокоени. Откако поживела кратко во родното место, заспала во Господа и, според обичајот, била погребана на гробиштата за непознати. По едно чудесно јавување на еден месен жител, мештаните го откопале нејзиното тело, кое било нетрулежно, и го прославиле Бога, Кој е чудесен во своите светии. Оттогаш нејзините нераспадливи мошти се извор за утеха и исцеление за родот на православните. Инаку, во православниот календар има три попознати светителки со име Параскева (Петка) и се работи за различни личности, коишто живееле во различни периоди и нивните животописи и начинот на кој Му послужиле и угодиле на Бога е различен. Честопати народот знае да ги изедначува, но сепак треба да се знае дека не се работи за една светителка со истото име. Маченичката Параскева (Петка), позната како Римјанка, се слави на 8 август, преподобната Параскева, позната како Епиватска, Трновска или од Јаши, се прославува на 27 октомври, а преподобно маченичката Парсакева (Петка) Икониска – на 10 ноември. Света Петка Епиватска од млади години покажала интерес за монашкиот живот, а по смртта на родителите долги години живеела во пустина, одвоена од цивилизацијата во живот посветен на молитва. Колку нејзиниот живот може да биде инспирација во денешен контекст кога човекот е на удар од најразлични надразби при што има многу малку простор и време да биде сам со себе? -Главна инспирација за Света Петка, како што читаме од нејзиното житие, се Христовите зборови, предадени нам преку Евангелието: Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека Ме следи. Сметам дека токму овој Божествен апел, кој станал modus vivendi за многу светители, е призивот што Бог му го испраќа на денешниот човек, изморен од секојдневието, од трката со времето и со предизвиците. Бог нè повикува на доброжртва, на благословен подвиг за да најдеме мир во себе, со ближниот и со Бога. Човекот денес е премногу свртен кон себе, а со тоа и отуѓен од повикот за кој е создаден – заедница со другите во Бога и со Бога. Затоа Господ нè повикува на откажување од старите ние, од себељубивиот човек којшто сака да си угодува, којшто е слуга на сопствените страсти. Затоа денес луѓето се депресивни и осамени – зашто не умеат да го понесуваат својот животен крст со смирение, не знаат да љубат преку самозаборав. Долг пат минале моштите на Света Петка од Епиват до Јаши ќе може ли накусо да ни го раскажете нивното патешествие? -Откако биле пронајдени и објавени, биле положени во храмот на светите апостоли во Епиват. Подоцна, во 1238 година, по наредба на царот Иван Асен, биле пренесени во Трново, во специјално изградениот храм посветен на светителката. Поради наездата на Турците во 14. век, моштите биле пренесени во Видин, а откако градот бил заземен од завојувачите, биле однесени во Белград, во храмот со името на светителката на градската тврдина Калемегдан. Кога Сулејман Величествениот го освоил градот во 16. век, моштите биле пренесени најпрвин во Цариград, а потоа по барање на влашкиот војвода Василиј Лупин, биле однесени во градот Јаши, денешна Романија, каде што се наоѓаат и до ден-денес, и пред нив низ целата година се поклонуваат и го бараат молитвеното застапништво илјадници православни христијани од сите страни на светот, а меѓу нив и многу групи поклоници од Македонија. Се верува и дека Света Петка е заштитничка на жените и децата, на што се должи тоа верување? -Постои некоја традиција во која светата Параскева ја нарекуваме мајка. Верниците секогаш притекнуваат кон неа како кон мајка, барајќи го нејзиното молитвено застапништво пред Христа. Особено жените – мајки, кои се повикани да бидат духовни атлети, цврсти столбови на христијанските добродетели, стожери на семејствата и како такви – украсувајќи се со овие доблести, да бидат причината за силните и здравите заедници и општества. Преподобната мајка Параскева била и до денес останува блескав пример за сите мајки. Таа со својот пример ги поучува да застанат на патот на Христовата вистина и слобода и да ги воспитуваат со зборот и со сопствениот пример своите синови и ќерки во евангелскиот етос. Во народот Петковден се смета за почеток на зимските празници што следуваат како Митровден, зимскиот Св. Ѓорѓија, Свети Архангел, Свети Врачи, Св. Варвара, Св. Никола...претстои период на слави. Како правилно се одбележува домашната слава? -Домашниот покровител – во ликот на некој од светителите – треба да се почитува и неговиот спомен да се одбележува преку следбата, преку последувањето на неговиот добродетелен живот во слава на Бога. Односно, да се „имитира“, ако можеме така да кажеме, но тоа да биде во слобода и со љубов, со предаденост да Му послужиме и угодиме на Бога, животот на светителите. Многу е едноставно – нив Бог ги прослави поради љубовта кон ближните и кон Него, значи во нив го имаме вистинскиот животен рецепт. Светителите се нашите херои во Христа. Дополнително, незамисливо е на денот на домашната слава да не сме присутни и да земеме целосно учество во Литургијата што се служи на тој ден, постејќи – ако е пост и причестувајќи се – ако за тоа имаме благослов од нашиот духовен отец. /МИА.Тагови: СВ.ПЕТКА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 13. ноември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска. Кариера Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина. Здравје и совет Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета. Кариера Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат. Здравје и совет Сѐ ќе ви биде интересно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба. Кариера Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле. Здравје и совет Бидете малку поскромни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно. Кариера Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа. Здравје и совет Ќе истражувате интересни работи . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи. Кариера Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности. Здравје и совет Не сте сами на светот. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската. Кариера Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете. Кариера Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа. Здравје и совет Верувајте во поубаво утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер. Кариера Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина. Здравје и совет Потрудете се да се храните здраво. Рак 22.6-22.7. Љубов Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното. Кариера Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите. Кариера Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно. Здравје и совет Размислувајте во тишина. Девица 23.8.-23.9. Љубов Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење. Кариера Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска. Кариера Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПетар Арсовски и Иван Анастасовски во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски и Иван АнастасовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook