Отчет на Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата - Канал 5

Отчет на Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Во изминатата една година остваривме голем дел од програмските определби и цели со што поставивме темели за изградба на квалитетен и конкурентен национален образовен систем.

Отчет на Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Во изминатата една година остваривме голем дел од програмските определби и цели со што поставивме темели за изградба на квалитетен и конкурентен национален образовен систем кој ќе овозможи еднаквост, ефикасност, потребно знаење и вештини, синхронизираност со пазарот на трудот и генерално задоволство кај сите чинители на воспитно – образовниот процес. Фокус на Владата е и науката, се вложува двојно повеќе од претходно, така што овие два сегменти, образованието и науката го добиваат потребното внимание и навистина стануваат клучни развојни ресурси на државата.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција на која заедно со заменик министерот, државниот секретар и директорите на Педагошката служба, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар, информираше за остварените резултати во првата година од мандатот.

„Недостигот на учебници беше првиот предизвик со кој се соочивме, но го надминавме и покрај краткиот рок. Ги испечативме и испорачавме веќе одобрените, а изработивме и повеќе нови учебници и наставни материјали за основно, по предмети за кои, до тогаш воопшто немаше никакво помагало. Испечативме и над 100 нови наслови во средното стручно образование. Учениците имаа и ќе имаат од што да учат и во новата учебна година“, рече Јаневска, информирајќи дека во тек се постапките за набавка и печатење на учебниците што ќе се користат од септември, вклучително и оние по странски јазици кои недостигаа 6 години.

Министерката се заблагодари на наставниците кои активно учествуваа во креирањето и спроведувањето на досегашните промени, посочувајќи дека грижата на државата кон нив ќе се зголемува и во иднина.

„Донесовме одлука за етапно, реално покачување на платите на наставниците во период од 4 години. И веќе добија над 12%. Универзитетските професори пак, од јануари годинава добија зголемување за 14%“, рече Јаневска.

Потсети и дека наставниците се ослободени од административни обврски за тројно внесување на идентични податоци - во електронски дневник, во свидетелства и во главните книги, така што останува повеќе време за да се посветат на суштината на образовниот процес.

По однос на инфраструктурните инвестиции, рече дека со 2 милијарди денари се градат 7 нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и 4 нови спортски сали, а темелно се обновуваат и два студентски дома во Скопје. Над 50 училишта ќе добијат фотоволтаици, а до крајот на годината ќе продолжи и изградбата на ФИНКИ и ФФК, но и ќе почнат да се градат кампуси за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и за Медицинскиот факултет во Штип.

„Два процеси за кои лично многу се залагам од самиот почеток на мандатот се оптимизацијата на училишната мрежа и воведувањето на едносменска работа. И двата се одвиваат паралелно, а ќе овозможат поквалитетна настава, подолг престој на децата во училиште и поголема социјализација на учениците од рурални средини, заштеда на средства на долг рок и нивно ефективно реинвестирање, како и решавање на предизвикот со вишокот наставници“, рече министерката, додавајќи дека 153 училишта годинава имаа настава во една смена, а наскоро услови ќе се создадат и во 6 други.

Изрази задоволство од соработката со студентите, со кои, како што рече, заедно работиме на унапредување на младинскиот стандард и во таа насока, досега се прифатени 10тина нивни барања за проширување на студентски права и можности.

„Науката е наш фокус, затоа што без наука нема развој на државата. Двојно го зголемивме буџетот за развој на научно – истражувачката дејност и сега изнесува 680 милиони денари. Три повици се веќе објавени за финансирање на иновативни научно – истражувачки проекти, а станавме и партнери со Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија кој ги отвори вратите на своите лаборатории за македонските научници и истражувачи. Базите со научна литература и трудови Web of science и Scopus ги направивме бесплатно достапни за сите вработени и студени на државните универзитети“, додаде министерката.

За една година Државниот просветен инспекторат и службите на МОН направија над 2000 надзори на образовни и научни установи. Заради неактивност или непостапување по дадени насоки, затворени се 14 приватни научни институти и високостручни школи.

Во овој период надградена е и законската регулатива, со што се воведуваат образовни асистенти во средните училишта, обезбедена е поголема поддршка за талентирани ученици кои учествуваат на меѓународни натпревари, како и финансиска поддршка за здруженија на наставници кои организираат меѓународни олимпијади во Македонија. Овозможено е професионално, односно кариерно насочување на учениците од основните и средните училишта, додека, формално се уредува образовниот процес на лицата кои отслужуваат казни во казнено - поправни и воспитно – поправни домови, како и образовниот процес на лицата со надмината возраст за училиште.

Јаневска очекува сите учесници во креирањето и спроведувањето на промените да продолжат да работат со исто темпо, бидејќи сосема јасно е како возвраќа негрижата од минатото - со деца последни на ПИСА тестирањата, универзитети кои ги нема на светските ранг листи и научници кои заминуваат да работат за други држави. Се заблагодари и на медиумите за следењето на работата на инстиуциите и за укажувањата со кои ја подобруваат институционалната ефикасност.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серена Вилијамс почнува нов бизнис, тежок 200 милиони долари

Поранешната тенисерка број еден во светот, Серена Вилијамс, продолжува да гради бизнис империја надвор од теренот. 

Серена Вилијамс почнува нов бизнис, тежок 200 милиони долари

Овој пат, таа ги здружи силите со искусната инвеститорка Бет Фереира за да лансира нова инвестициска компанија, која има за цел да собере дури 200 милиони долари.

Според „Форбс Монтенегро“, новата компанија, наречена „Старфајр Венчрс“, има седиште во Њујорк и планира да инвестира во перспективни стартапи, првенствено во областите на здравството, финансиските услуги и вештачката интелигенција.

Ова не е прв обид на Серена Вилијамс во светот на инвестициите. Таа почна да инвестира во млади компании во 2014 година, а подоцна ја основа „Серина Венчрс“, преку која поддржа повеќе од 100 компании.

Сепак, сега таа сака да направи многу поголем чекор.

Милиони долари за компании кои штотуку почнуваат

Планот на новата инвестициска компанија е да финансира помеѓу 20 и 25 стартапи кои се во рана фаза на развој.

Поединечните инвестиции ќе се движат од 1 милион до 10 милиони долари, а просечната инвестиција се очекува да биде околу 5 милиони долари.

Тоа е значително повеќе од она што Серена претходно го издвои преку нејзиниот прв фонд, каде што инвестициите честопати вредеа неколку стотици илјади долари.

Сепак, Вилијамс и Фереира не открија колку пари се собрани досега, ниту колку лично ќе инвестираат.

Новата компанија веќе ги направи своите први деловни чекори. Во октомври, таа учествуваше во финансирањето на стартапот Town, кој развива асистент базиран на вештачка интелигенција. Таа инвестициска рунда собра 108 милиони долари, со што стартапот се проценува на 1 милијарда долари.

Богатство од 400 милиони долари

Деловните успеси на Серена Вилијамс доаѓаат по една од најуспешните кариери во историјата на тенисот.

Победничката на 23 титули во поединечна конкуренција на Гренд слем и четири златни олимписки медали во текот на нејзината кариера заработи повеќе од 600 милиони долари пред даноци.

Според Форбс, нејзиното лично богатство достигна 400 милиони долари, што ја става на врвот на листата на жени кои го стекнале своето богатство првенствено преку спорт.

Само во изминатите 12 месеци, нејзината заработка беше проценета на 40,1 милиони долари, што ѝ го донесе третото место на листата на Форбс на најплатени тенисерки за 2026 година.

Сепак, Серена одамна се откажа од тоа да биде признаена само за нејзините перформанси на теренот и договорите за спонзорство.

Нејзиниот прв инвестициски фонд собра 111 милиони долари во 2022 година, а меѓу компаниите што ги поддржала има 13 кои се проценети на најмалку 1 милијарда долари.

Таа сака да ги промени правилата на инвестициската индустрија

Покрај нејзините финансиски цели, Серена Вилијамс и нејзиниот деловен партнер сакаат да отворат повеќе простор за жените во светот на инвестициите.

Според PitchBook, само еден процент од инвестициите во американски ризичен капитал минатата година завршиле во компании кои немале мажи меѓу нивните основачи.

Серена верува дека се потребни повеќе жени за да одлучуваат за распределбата на инвестицискиот капитал, но нагласува дека нејзината компанија нема да инвестира исклучиво во компании предводени од жени.

Таа покажува особен интерес за здравствената заштита на жените, како и за компаниите што користат вештачка интелигенција за развој на нови производи и услуги.

Во ова ќе ѝ помага Бет Фереира, инвеститор со долгогодишно искуство, која претходно работеше во FirstMark Capital и WME Ventures, а е генерален партнер во Serena Ventures од 2024 година.

Нивната амбиција е да изградат инвестициска компанија која ќе има долгорочна вредност и која нема да зависи само од признанието на познатата тенисерка.

За Серена Вилијамс, која ги помести границите за време на својата спортска кариера, новиот предизвик сега е да постигне сличен импакт во светот на големиот капитал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зијадин Села во „Само Интервју“

„Само Интервју“ утре со Зијадин Села

 Зијадин Села во „Само Интервју“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.. 

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година.

Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер