Олимписки игриОсвојувачи на медали по шестиот ден на Зимските олимписки игри во ПјонгчангПо комплетираните 9 финални натпреварувања на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг денеска, репрезентацијата на Норвешка беше најуспешна со освоени 6 медали, додека Германија и Канада ја следат со по 3.Македонската скијачка Викторија Тодоровска денеска настапи во крос-кантри трката на 10 километри, која ја заврши на 85-та позиција, со седум минути и 57 секунди заостанување зад победничката. Најбрзо 10-те километри ги мина Рагхнилд Хага. Пласман остварија 90 натпреварувачки, а пет од нив беа послабопласирани од 17-годишната Македонка, за која ова беше деби на ЗОИ. Ден 6, освојувачи на медали: Ски-алпски дисциплини, спуст, мажи: 1. Аксел Лунд Свиндал (Норвешка) - 1:40,25 минута 2. Кетил Јансруд (Норвешка) - 1:40.37 3. Беат Фојц (Швајцарија) - 1:40.43 Ски-алпски дисциплини, велеслалом, жени: 1. Михаела Шифрин (САД) - 2:20.02 минути (1:10.82 минути во првиот и 1:09.20 минута во вториот спуст) 2. Рагнхилд Мовинкел (Норвешка) - 2:20.41 (1:11.17 и 1:09.24) 3. Федерика Брињоне (Италија) - 2:20.48 (1:10.91 и 1:09.57) Крос-кантри, 10 километри слободно, жени: 1. Рагнхилд Хага (Норвешка) - 25:00.5 минути 2. Шарлоте Кала (Шведска) - 25:20.8 3 = Марит Бјорген (Норвешка) - 25:32.4 3 = Криста Пармакоски (Финска) - 25:32.4 Сноубординг, „бордеркрос“, мажи: 1. Пјер Волтер (Франција) 2. Џаред Хјуз (Австралија) 3. Рексино Хернандез (Шпанија) Уметничко лизгање, спортски двојки: 1. Аљона Савченко / Бруно Масо (Германија) - 235,90 поени вкупно (76,59 и 159,31) 2. Суи Венцин / Хан Цун (Кина) - 235,47 (82,39 и 153,08) 3. Меган Дуамел / Ерик Редфорд (Канада) - 230.15 (76.82 и 153.33) Бијатлон, 15 км индивидуално, жени: 1. Хана Јоберг (Шведска) - 41:07.2 минути (0 + 0 + 0 + 0 грешки при пукање) 2. Анастасија Кузмина (Словачка) - 41:31.9 (0 + 1 + 1 + 0) 3. Лаура Далмаер (Геманија) - 41:48.4 (1 + 0 + 0 + 0) Бијатлон, 20 километри индивидуално, мажи: 1. Јоханес Тингес Бо (Норвешка) - 48:03.8 минути (1 + 0 + 0 + 1 грешки при пукање) 2. Јаков Фактор (Словенија) - 48:09.3 (0 + 0 + 0 + 0) 3. Доминик Ландертингер (Австрија) - 48:18.0 (0 + 0 + 0 + 0) Брзо лизгање, 10.000 метри, мажи: 1. Тед-Јан Блумен (Канада) -12: 39.77 минути - олимписки рекорд 2. Јорит Бергсма (Холандија) - 12:41.98 3. Никола Тумолеро (Италија) - 12:54.32 Санка,штафета: 1. Германија - 2:24.517 минути 2. Канада - 2:24.872 3. Австрија - 2:24.988.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во КиевРуски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна. Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм. Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев. Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели. russian terrorists have already attacked two gas stations in Kyiv this morning. This is the fucking “nuclear power” the world is so afraid of. A country 28 times larger, reduced to terrorizing gas stations in Ukraine’s capital. This is russia’s “great power.” https://t.co/eSi7IISRBL — UAVoyager🇺🇦 (@CrimeanVoyager) September 15, 2026 Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеникКумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело. Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина. Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо нивоПремиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија. Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации. Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“. Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.Тагови: САД Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter