Освоен е стан, за само 100 денари, на инстант лозот „Доме сладок доме“ на Државна лотарија - Канал 5

Освоен е стан, за само 100 денари, на инстант лозот „Доме сладок доме“ на Државна лотарија

Семејство од село Аравати, Ресен, на инстант лоз купен во Кавадарци „изгреба“ стан во Скопје.

Освоен е стан, за само 100 денари, на инстант лозот „Доме сладок доме“ на Државна лотарија

Државна лотарија, со радост ви го претставува семејство Секуловски - првите добитници на стан од најдомаќинскиот инстант лоз „Доме, сладок доме“.

Мирјана и Гоце Секулоски од ресенското село Арвати, за само 100 денари „изгребаа“ стан во Скопје. Со ова е освоена првата од 5-те премии на инстант лозот „Доме, сладок доме“, во вредност од 2.914.181 денар, колку што изнесува вредноста на добивката - стан со големина од 32,25 м2, со сите вклучени давачки (данок на имот, трошоци за пренос и друго).

Пред подготовка на обемната документација за предавање на станот, бидејќи во 5-те премии на инстант лозот „Доме, сладок доме“ се содржани и два стана со иста квадратура, но на различен кат, ги поканивме членовите на добитничкото смејство, заедно да ја посетиме среќната зграда и да изберат на кој кат ќе е нивниот иден стан. Во тек на пријатното дружење со водителката Марјана Станојковска и тимот на Државна лотарија, Мирјана и Гоце со двете дечиња (од 6 и 8 години), се запознаа со околинаta и новите соседи на адреса Методија Шаторов Шарло, во населбата Аеродром. Шетајќи низ станот добиен за 100 денари, среќните добитници ја споделија со нас нивната среќна приказна.

Гоце, со намера да купи вода од продажното место „Браво Нутс“, во Кавадарци, првпат во животот решил да купи инстант лозови. Вели – ги видов, ми се допаднаа и си реков – да купам 5. Го привлекол атрактивниот изглед на инстант лозот „Доме, сладок доме“ и секако 5-те премии, но задоволството да ги изгребе лозовите го оставил за дома и го препуштил на сопругата, дури и не присуствувал на гребењето и забавното откривање на добивките.

„Не можев да верувам, од 5 инстант лоза, 3 беа со добивка: 100 денари; 3000 денари; а кај последниот лоз што го изгребав, кога 18-ката од добитните броеви, се повтири во полето за гребење и тоа токму над добивка стан 2.914.181 денар, си реков, не е можно. Мислев дека се работи за некоја грешка.“ Пресреќната Мирјана ни ги раскажа возбудливите моменти. Потоа, му се јавила на Гоце и во телефонски разговор, му ја соопштила убавата вест. Поверувале откако заедно стигнале во најблиското продажно место на Државна лотарија каде што им ја потврдиле добивката.

Со среќата никогаш не се знае, таа не ги избира само упорните, туку ги охрабрува и оние што не веруваат во неа, треба само да u се даде шанса.

Најавуваме повторна средба со среќното семејство Секуловски, по завршување на процедурата околу цалосната документација за предавање на станот, кога ќе е сe подготвено за врачување на клучевите.

Инстант лозот „Доме, сладок доме“ е првиот инстант лоз на Државна лотарија со премија – стан, не еден туку 5, а покрај нив нуди и 495 000 парични добивки меѓу кои и 15 добивки во вредност од 100 000 денари и 30 добивки од по 50 000 денари.

За само 100 денари имате можност и вие да станете сопственик на еден од 5-те стана што се наоѓаат во една од најубавите згради во општина Аеродром,.

Стан за само 100 денари – да, и тоа е можно со Државна лотарија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењето

Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето.

Промотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењето

По повод Светската недела на доењето (1–7 август), Институтот за јавно здравје, во согласност со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата на Министерството за здравство, реализираше промотивно-едукативна теренска активност во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

За време на посетата, на идните и новите мајки им беа поделени информативни флаери за поддршка на доењето, како и едукативната брошура „Безбедно низ првата година“, која содржи практични препораки за превенција на повреди кај деца на возраст од 0 до 1 година.

Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето, правилните практики при доење и важноста од безбедната грижа за новороденчето во првата година од животот.

Со оваа активност се заокружува одбележувањето на Светската недела на доењето, но Институтот за јавно здравје ќе продолжи со своите континуирани заложби за промоција, заштита и поддршка на доењето, како и за унапредување на здравјето на мајките и децата преку навремена едукација и достапни здравствени информации.

Институтот за јавно здравје упатува искрена благодарност до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје за укажаната поддршка, топлиот прием и успешната соработка во реализацијата на оваа активност. Заедничките активности и партнерскиот пристап се од особено значење за унапредување на здравјето и благосостојбата на мајките и новороденчињата

ИЈЗ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Градот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци

Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова.

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и Словачка

На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја.

Претседателот Гаши изрази благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот на пристапување кон Европската Унија, како и за поддршката преку Вишеградската група во промовирањето на политиката на проширување и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Амбасадорката Хрицова на средбата разговараше за унапредување на парламентарната соработка, особено преку пратеничките групи за соработка и размената на искуства меѓу парламентарните институти на двете земји.

Соговорниците ја истакнаа и важноста од понатамошно продлабочување на економската, образовната и културната соработка.

Во тој контекст, беше потврдена заедничката заложба за продолжување на интензивниот институционален дијалог и користење на парламентарната дипломатија како значаен инструмент за натамошно унапредување на билатералните односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер