Осветен новоизградениот манастир Св. Петка во село Бродец, Гостиварско

На голем црковно-народен собир во планинското село Бродец со света литургија со која чиноначалствуваше Тетовско-­гостиварскиот архиереј, г. Јосиф, беше осветен новоизградениот манастир посветен на Св. Петка.

Изградбата на ова светилиште на Ничпурска Планина (спојот на Шар Планина и Кораб), започна пред три години. Со донации на луѓето кои потенуваат од овој крај и компании, изработен е фрескоживопис, уреден е дворот и изграден е параклис.

- Приодот до манастирот ни беше проблем, но изградивме и пат, така денес собравме над илјада верници од цела Македонија за да го одбележиме овој голем ден за сите жители на Бродец и на околините села, рече претседателот на црковниот одбор Славко Гиновски.

Во непосредна близина на манастариот има извори кои верниците ги нарекуваат живоносна вода на Пресвета Богородица и според преданијата се смета дека имаат лековоти дејство.

Новозиградениот манастир се наоѓа на седум километри од мостот кај селото Трница и на нецели три километри од центарот на селото Бродец.

По оветувањето за гостите и верниците беше организана веселба со заедничка трпеза. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер