Освен во Загреб, дојави за бомби во училишта во уште два града во Хрватска

 Училишта во Пожега и Чаковец денеска добија дојави за можна поставеност на експлозивни направи, јавија хрватските медиуми. 

Освен во Загреб, дојави за бомби во училишта во уште два града во Хрватска

„На локациите се испратени полициски службеници за преземање дополнителни мерки“, велат од Пожешката полиција. Полицијата ги повикува граѓаните да останат смирени и трпеливи додека трае истрагата. Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на полициските проверки.

Претходно утринава беше објавено дека училишта во Загреб добиле дојави за поставени експлозивни направи.

Протестен марш во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Под мотото „Доста бевме ние, системот е следен!“, вечерва во Скопје се одржува протестен марш во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“...

Протестен марш во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Протестот започна во 18 часот и 59 минути, симболично за 59-те жртви, на плоштадот Македонија, па продолжи пред Собранието и Владата...

Таму е Дејан Трајковски... Дејан, кои се пораките и барањата на граѓаните?

Сијарто: Повеќето земји- членки на ЕУ сакаат да продолжи војната во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека повеќето либерални бриселски лидери сакаат војната во Украина да продолжи.

Сијарто: Повеќето земји- членки на ЕУ сакаат да продолжи војната во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека повеќето либерални бриселски лидери сакаат војната во Украина да продолжи, но дека Унгарија останува посветена на својата позиција дека се потребни преговори, врз основа на американско-рускиот договор, за да се запре војната.

Сијарто рече дека Брисел ја покренал идејата за заобиколување на унгарското вето за да може да обезбеди дополнителна помош за Украина. Тој за РТ изјави дека Унгарија во текот на изминатите три години јасно стави до знаење дека нема решение на бојното поле за украинскиот конфликт, кој може да се запре само преку преговори.

„Претходната американска администрација фаворизираше војна, додека претседателот Доналд Трамп сака мир“, рече Сијарто, пренесе агенцијата МТИ.

Тој нагласи дека Унгарија високо ги цени тековните преговори меѓу САД и Русија. Сијарто истакна дека добрите односи меѓу Вашингтон и Москва се добри за глобалната безбедност.

„Светот стана многу побезбедно место благодарение на Трамп. Ризикот од ескалација е далеку помал отколку за време на администрацијата на Бајден“, оцени Сијарто.

Според него, Централна Европа „сега е многу поблиску до мирот отколку кога било во изминатите три години“. Сијарто рече дека лидерите на ЕУ спроведоа „многу лоша стратегија“ од избувнувањето на војната во Украина, нанесувајќи им штета на европската безбедност и економијата. „Секогаш ќе постапуваме во согласност со нашите национални интереси“, рече Сијарто, оценувајќи дека тоа е „непријатно за повеќето европски либерали“, пренесе Телеграф.

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје  ги поздравија медицинските работници. 

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт", „Секој еден, може да е следен"...

Протестниот марш моменто минува покрја хотелот „Холидеј ин“ од каде преку преку мостот „Филип Втори“ и преку булеварот „Гоце Делчев“ треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.

притисни ентер