СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?
2СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?
СветОсумнаесет месечно бебе загина во бомбардирањето на Мариупол (ФОТО)Марина Јацко, заедно со нејзиното момче, Федор, итно се упатиле во болница, откако нејзиниот 18-месечен син Кирил бил ранет во гранатирање во Мариупол, Украина.Фотографот на Асошиетед прес Евгениј Малолетка ја снимил сцената додека медицинските работници избезумени се обидувале да го спасат животот на бебето, но не преживеа, објави Си-Ен-Ен. Клучниот град Мариупол е под опсада на руските сили решени да ја зајакнат контролата врз Украина. Денеска украинските власти ја обвинија Русија дека го гранатирала градот и цивилните коридори, и покрај сопствената согласност за прекин на огнот. Западните власти забележаа промена во руската стратегија со зголемени напади врз цивили и населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.08.2026 до 27.08.2026 зема 164 примероци за физичко-хемиска и 164 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?До каде е истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија?Да не биде ова уште еден блеф и стандардна лага на Мицкоски за смирување на јавноста? По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Но, што се случува оттогаш? Дали институциите навистина истражуваат? До каде е предметот? Што е утврдено досега? Или Мицкоски само купува време додека јавноста заборави? СДСМ внимателно го следи случајот. Нема да дозволиме мачкање очи и затворање на предметот во фиока. Со месеци СДСМ предупредува дека Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, се обидува да воспостави медиумска контрола и во Македонија. Преку Еуроњуз и Ало, српската медиумска машинерија влегува во земјата на начин за кој се отворија сериозни сомнежи дека се заобиколуваат македонските закони. Задолжените за пропаганда се веќе спремни, Началникот Латас и Ивона Талеска. Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, а европската перспектива се блокира, на власта ѝ е потребна пропаганда. Да нема критика. Да нема незгодни прашања. Да нема одговорност. Да има само пропаганда и контрола. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТатко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало22 годишен маж во Беране Црна Гора е уапсен од полицијата откако лажно сведочел дека неговото дете паднало од помошен монтажен објект и починало.Полицијата била известена дека детето било донесено во здравствена установа каде била констатирана само смрт. Докторите повикале полиција и за случајот бил известен јавен обвинител каде побарал обдукција на телото на детето. Инспекторите се посомневале во исказот на таткото каде детално го обработиле местото на несреќата, и бил даден автомобилот на 22 годишниот маж на вештачење. „Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, соопшти црногорската полиција..Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter