Осумнаесет лица затруени со јаглерод моноксид во ресторан во италијанскиот град Варезе - Канал 5

Осумнаесет лица затруени со јаглерод моноксид во ресторан во италијанскиот град Варезе

Осумнаесет лица, меѓу кои и едно дете, се затруени синоќа откако вечерале во ресторан во населбата Кантело во градот Варезе, во северна Италија.

Осумнаесет лица затруени со јаглерод моноксид во ресторан во италијанскиот град Варезе

По враќањето дома, сите почнале да чувствуваат главоболка и гадење, а како што било утврдено, причина за труењето било истекување на гас во ресторанот, пренесува „Милано Тудеј“.

Пожарникарите откриле присуство на јаглерод моноксид и како мерка на претпазливост, ги евакуирале и становите над ресторанот. Утврдено е дека причина за истекувањето гас е неисправен бојлер.

Пожарникари, карабинери, медицински персонал и локалната здравствена инспекција интервенирале и го санирале просторот. Никој не се здобил со сериозни повреди во инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан конечно седна на клупата на Франција

 Она што беше најавено уште во ноември, сега е официјално потврдено – Зинедин Зидан стана новиот селектор на Франција.

Зидан конечно седна на клупата на Франција

Оваа вест ја објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, откривајќи нешто што беше одамна познато, бидејќи Дешам веќе го беше најавил своето заминување од селекторската позиција по Светското првенство.

Легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид го наследи Дидие Дешам на чело на „триколорите“, со што стави крај на една од најдолгите и најуспешните селекторски ери во модерниот фудбал. Дешам ја предводеше Франција 14 години.

Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, а со националниот тим ја освои и Лигата на нации во 2021 година.

Под негово водство, Французите играа во финалињата на Европското првенство во 2016 година и на Светското првенство во 2022 година, а стигнаа и до полуфиналињата на ЕУРО 2024 и на Светското првенство во 2026 година.

Зидан ја помина целата своја сениорска тренерска кариера во Реал Мадрид, кој го предводеше во два мандата. За време на првиот, од 2016 до 2018 година, освои три последователни титули во Лигата на шампионите, како и Ла Лига, шпанскиот Суперкуп, два Суперкупа на УЕФА и две Светски клупски првенства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно се државен приоритет

 Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно се државен приоритет, обезбедени се рекордни средства и силна поддршка за развојот.

ВМРО-ДПМНЕ:  Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно се државен приоритет

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за само две години ја врати културата и туризмот таму каде што им е местото, меѓу стратешките приоритети на државата.

По години на запоставеност, денес културата добива рекордни вложувања, а туризмот добива политики што отвораат нови можности за развој и промоција на Македонија.

Средствата за годишната програма за култура се зголемени од 768 милиони денари во 2023 година на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти.

Поддршката за националните установи е зголемена за 25 проценти, а нивните сопствени приходи се зголемени за дури 150 проценти во споредба со 2023 година, што е потврда дека инвестициите даваат резултати.

По седум години повторно е реализиран конкурсот за креативни индустрии, преку кој се поддржани 108 проекти, а по речиси една деценија повторно се реализира и откуп на ликовни дела од македонски автори.

Зголемена е и поддршката за домашната кинематографија, при што буџетот на Агенцијата за филм е речиси двојно зголемен, од 100 милиони денари во 2024 година на 187 милиони денари во 2026 година.

Паралелно со тоа, капиталните инвестиции во културата се повеќе од двојно зголемени. Во тек е реализација на значајни проекти, меѓу кои Театарот во Струмица, реконструкцијата на киното „Партизан“ во Битола, Македонскиот народен театар, новите простории на Џез оркестарот и повеќе проекти за заштита на културното наследство.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува силна поддршка и за развојот на туризмот, така што буџетот за оваа намена е зголемен од 58 милиони денари во 2023 година на 186 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од над 200 проценти.

Во соработка со туристичкиот сектор се отвораат нови туристички пазари, а во завршна фаза е и Националната стратегија за развој на туризмот, со која Македонија ќе стане поконкурентна и поатрактивна туристичка дестинација.

Разликата е очигледна, додека во минатото културата и туризмот беа ставени на маргините, денес тие повторно добиваат институционална поддршка, рекордни инвестиции и јасна визија за развој.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што ја зајакнуваат македонската култура, го штитат културното наследство и го развиваат туризмот како значаен двигател на економскиот раст и промоцијата на Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила

Агенцијата за храна и ветеринарство  соопшти дека се земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека е безбедна.

АХВ: Земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила

Директорот на АХВ, Оливер Миланов, информираше дека вчера биле земени примероци од јавна чешма во Гостивар, од две градинки, од општата болница, од ресторан, како и од чешми во црква и џамија.

„Земени се мостри од чешма која е јавна во Гостивар, чешми од две градинки, чешма од општата болница, чешма од ресторан и чешми од црква и џамија. Ијз треба да ги достави резултатите од испитувањата направени вчера“, изјави Миланов.

Прашан како функционира градот во услови кога водата е забранета и за пиење и за подготовка на храна, особено во период кога се очекува доаѓање на иселеници, свадби и зголемен број гости во угостителските објекти, Миланов рече дека инспекторите на АХВ се постојано на терен.

„Самите ресторани мора да имаат техничка вода. Ако нешто што доаѓа во контакт со храна, како приборот, дојде во контакт со вода, ќе бидат казнети“, рече директорот на АХВ.

Тој нагласи дека водата од системот на ЈП „Комуналец“ – Гостивар не смее да се користи сè додека институциите не дадат поинаква насока.

„ Треба да биде обезбедена посебна вода, технички безбедна, во однос на приготвување храна, пијалоци... Исто и во болниците и јавните установи. Но не да се користи водата од комуналец-гостивар“, изјави Миланов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер