КултураОсумдесет години од формирањето на КУД „Стив Наумов“-БитолаНа денешен ден во 1944 година во Битола е формиран мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов“, првиот и најстариот македонски хор кој денеска слави јубилеј, осум децении постоење.Во архивата на друштвото е забележано дека пред 80 години, борците на Седмата македонска ударна бригада-Битолска, два дена по ослободувањето на градот, сакајќи што побрзо да се чуе слободна македонска песна, на плоштадот во Битола и под диригентство на Тодор Скаловски приредуваат музичка програма со хорски композиции, со што официјално почна работата на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“. -Денеска го чествуваме музичкото наследство на Битола и славната историја на КУД „Стив Наумов“. Со 80 години зад себе, нашето културно-уметничко друштво не само што ги одржува традициите на хорското пеење и мандолинскиот оркестар, туку е и расадник на музички таленти. Генерации битолчани, од кои многумина денес уживаат славни музички кариери, биле дел од ова семејство, оставајќи свој белег на македонската и светската музичка сцена. Во чест и благодарност на сите, вечер ќе приредиме изложба и свечена академија, со што заеднички ќе го прославиме големиот јубилеј, изјави за МИА Владимир Христовски, претседател на КУД „Стив Наумов“-Битола. Културно уметничкото друштво од првиот ден го носи името на легендарниот македонски народен херој Стив Наумов, а во богатата историја добитник е на бројни награди меѓу кои Орден со сребрен венец и плакета потпишана од Јосип Броз - Тито во 1975 година, највисокото македонско признание наградата „11 Октомври“, награда „Глигор Смокварски“, највисокото признание на градот Битола „4 Ноември“ и многу други. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 19-25 септемвриЛауреат на наградата Златна камера 300 е данскиот кинематографер Дан Лаустсен.-ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најзначајните проекти на Друштвото на филмски работници. 47. издание за нас претставува особена чест и задоволство што повторно го организираме, но претставува и огромна одговорност затоа што ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најзначајните фестивали во нашата земја и низ годините успеавме да изградиме бренд по кој сме препознатливи во светот, рече денеска Марија Димитрова, претседателка на Друштвото на филмски работници. Димитрова посочи дека ИФФК „Браќа Манаки“ е мошне значаен за филмаџиите затоа што им дава можност да се сретнат, да комуницираат и да се запознаат со најголемите директори на камера на денешницата, како Дариус Конџи, Роџер Дикенс и многу други врвни кинематографери. -Фестивалот на филмаџиите исто така им дава можност да ги претставиме нашите филмови пред светот, но и пред домашната јавност и сигурна сум дека и годинава ќе имаме значајни македонски филмови кои ќе бидат дел од селекцијата, истакна Димитрова и упати благодарност до Агенцијата за филм како најголем поддржувач на ИФФК „Браќа Манаки“ со чија поддршка се организира фестивал од светски размери. Димитрија Доксевски, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ рече дека 47.издание на фестивалот според бројките и статистиките до денес претставува најамбициозно издание досега. -Среќен сум што достоинствено се доближуваме до 50. издание и што фестивалот расте од година во година и станува еден од најзначајните фестивали не само во регионот, туку и во светот. Во прилог на ова би сакал да посочам дека оскаровецот Воли Фистер кој минатата година беше наш лауреат, годинава се враќа повторно во Битола и ќе биде член на жирито, рече Доксевски. Доксевски го соопшти лауреатот на наградата Златна камера 300- визуелниот гениј на Холивуд, Дан Лаустсен (Dan Laustsen). -Од 19 до 25 септември, Битола ќе биде домаќин на светската филмска елита предводена од еден од најголемите визуелни магнати на денешницата. Двапати номиниран за Оскар, но дефинитивно број еден во срцата на љубителите на вистинскиот филмски спектакл. Лаустсен е дански директор на фотографија чија четиридецениска кариера остави длабок белег во современата светска кинематографија. Како активен член на Американската асоцијација на кинематографи (ASC) и Данската асоцијација на кинематографи (DFF), Лаустсен е препознатлив по својот специфичен визуелен јазик, кој успешно ги спојува европската уметничка сензибилност и холивудската техничка прецизност, информираше Доксевски. Роден на 15 јуни 1954 година во Олборг, Данска, Лаустсен го започнува својот формален уметнички пат студирајќи модна фотографија. Набрзо го пренасочува својот интерес кон подвижните слики и дипломира на Националната филмска школа во Данска во 1979 година. Неговите рани ангажмани во скандинавската кинематографија му носат критичко признание и ја поставуваат основата за неговиот препознатлив стил - фокус на длабока атмосфера, висок констраст и стратешка употреба на светлината. Глобалниот успех на Лаустсен во голема мера е резултат на неговите долгогодишни партнерства со истакнати холивудски автори, како: Гиљермо дел Торо и Чад Стахелски. Соработката со Гиљермо дел Торо резултираше со некои од визуелно највпечатливите филмови на 21 век: „Обликот на водата“ (The Shape of Water, 2017), „Алејата на кошмарите“ (Nightmare Alley, 2021) и „Франкенштајн“ (2025). Во творештвото на Чад Стахелски, Лаустсен е визуелниот архитект на култната акциона франшиза „Џон Вик“ (John Wick), поточно на второто, третото и четвртото продолжение, каде ги редефинираше стандардите за снимање на комплексна акција и неонска естетика. За својот исклучителен придонес, Лаустсен е повеќекратен добитник на меѓународни награди. Номиниран е за Оскар за филмовите „Обликот на водата“ и „Алејата на кошмарите“. Неговата способност да ги трансформира наративите во уникатни визуелни искуства го позиционира меѓу највлијателните кинематографи на денешницата, а македонската публика и филмските професионалци ќе имаат ретка и ексклузивна можност да застанат очи в очи со легендата. Во однос на програмата Доксевски рече дека годинава има рекордна бројка на пријавени филмови-повеќе од 600 филмови, што е првпат во историјата на фестивалот, како и работилници со студенти од земјава и странство со еминентен директор на фотографија од Белгија, но и со Марија Џиџева и Фејми Даут, работилница поврзана со програмата Еразмус итн. Директорот на Агенцијата за филм, Сашко Потер Мицевски истакна дека со големо задоволство ја продолжуваат соработката со ИФФК „Браќа Манаки“. -Годинава фестивалот доби зголемена поддршка од Агенцијата за филм во износ од 12 милиони денари, за разлика од минатата година кога поддршката изнесуваше 9. милиони денари. Агенцијата за филм верува во брендот што го изгради Друштвото на филмски работници заедно со сите директори на фестивалот на „Браќа Манаки“. Секако голем успех е што фестивалот доби награда од Британската асоцијација на кинематографери во Англија каде членуваат голем број од светските кинематографери кои доаѓаат и го следат нашиот фестивал, рече Мицевски и посочи дека како Агенција за филм се гордеат со ИФФК „Браќа Манаки“, кој е исклучителен бренд што ги обединува Агенцијата за филм и Друштвото на филмски работници, Кинотека и Град Битола.Тагови: Браќа Манаки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаОпштина Илинден пушти во употреба ново детско игралиште во н.м МариноОпштина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на јавниот простор.Во рамки на заложбите за унапредување на условите за квалитетен раст, развој и безбедно детство, Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на јавниот простор, при што деновиве во употреба беше пуштено ново современо детско игралиште во н.м Марино. Со реализацијата на овој проект, најмладите жители добија нов и функционален простор наменет за игра, рекреација и дружење, опремен согласно современите стандарди за безбедност и квалитет. Новото детско игралиште е опремено со современи детски реквизити, меѓу кои детско катче со кула и лизгалка, двојна лулашка и клацкалка. За безбедност на најмладите поставена е заштитна ограда, површината е уредена со патека од бекатон плочки и ивичњаци, а поставени се и клупи со наслон и корпа за отпадоци, со што е обезбедена поголема функционалност и уредност на просторот. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека изградбата на вакви содржини претставува значајна инвестиција во подобрување на условите за живот на граѓаните, особено на децата. Со изградбата на ова детско игралиште, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата определба за создавање современи, безбедни и уредени јавни површини кои придонесуваат за поквалитетен живот на сите граѓани и создавање подобри услови за раст и развој на најмладите. Општина ИлинденТагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаНов лик за „Бамби“, подобрени услови за најмалите во Општина АеродромСтанува збор за значајна инвестиција што се реализира како донација и која ќе придонесе за помодерен, пофункционален и поекономичен објект, создавајќи подобра средина за престој и развој на децата.Објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“ за првпат добива термофасада, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот, ќе се намалат трошоците за загревање во зимскиот период и ќе се обезбедат попријатни услови за престој во текот на топлите летни денови. Станува збор за значајна инвестиција што се реализира како донација и која ќе придонесе за помодерен, пофункционален и поекономичен објект, создавајќи подобра средина за престој и развој на децата. Нашите најмали заслужуваат безбедни, современи и квалитетни услови во кои ќе растат, ќе учат и ќе ги создаваат своите најубави детски спомени. Токму затоа Општина Аеродром продолжува со вложувања кои директно го подобруваат нивното секојдневие. Продолжуваме посветено да инвестираме во иднината, затоа што секое вложување во децата е вложување во подобар Аеродром за сите. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook