Осум странци меѓу жртвите во несреќата со фуникуларот „Глорија“ во Лисабон - Канал 5

Осум странци меѓу жртвите во несреќата со фуникуларот „Глорија“ во Лисабон

 Најмалку осум странски државјани се меѓу загинатите при излетувањето од шините на фуникуларот „Глорија“ пред два дена во Лисабон, соопштија португалските власти.

Осум странци меѓу жртвите во несреќата со фуникуларот „Глорија“ во Лисабон

Меѓу жртвите се двајца Канаѓани, двајца Јужнокорејци, еден Американец, еден Швајцарец, еден Германец и еден Украинец. Според полицијата, националноста е утврдена врз основа на лични документи, комуникации и контакти со блиски лица.

Португалската обвинителска служба претходно информираше дека во несреќата имало и петмина Португалци, како и двајца Јужнокорејци и еден Швајцарец. Сè уште не е утврдена националноста на тројца загинати.

Некои локални медиуми објавија дека меѓу жртвите има и германско семејство. Полицијата потврди дека еден од загинатите мажи е Германец, а меѓу повредените се една жена од Германија и тригодишно дете со полесни повреди, без да прецизира дали се роднини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд ќе биде домаќин на 4. форум на балканските уставни судови

Уставниот суд на Република Македонија ќе биде домаќин на IV Форум на Балканските уставни судови, во чии рамки ќе се одржи Mеѓународната конференција на тема „Современи предизвици за владеење на правото: Улогата на уставните судови“. 

 Уставниот суд ќе биде домаќин на 4. форум на балканските уставни судови

Настанот ќе се организира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје од 12-15 ноември 2026 година во Охрид.

Со одржувањето на Форумот ќе се заокружи годинашното претседавање на Уставниот суд на Република Македонија со оваа регионална иницијатива, која претставува значајна платформа за соработка, размена на искуства и унапредување на уставно-судската практика во регионот.

Досега е потврдено учеството на околу 30 високи претставници од уставни судови, меѓународни институции и организации. Покрај делегациите од земјите членки на Форумот – Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Македонија и Турција – учество ќе земат и претседателот на најстариот Уставен суд во Европа- Уставниот суд на Австрија, претставници на Врховниот уставен суд на Египет, Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF), Европскиот суд за човекови права, Венецијанската комисија и други истакнати претставници на меѓународната правна заедница.

На свеченото отворање се поканети претседателот на Македонија, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, претставници на највисоките правосудни институции, дипломатскиот кор и меѓународните партнери на Судот.

Во центарот на меѓународната конференција ќе бидат прашањата за зајакнување на довербата во уставните судови, заштитата на владеењето на правото во услови на современи демократски предизвици и улогата на уставното судство во дигиталната ера. Преку размена на искуства и добри практики, учесниците ќе дискутираат за унапредување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на уставното судство.

Во рамките на Форумот ќе се одржи и посебна седница на претседателите на балканските уставни судови, на која ќе биде разгледана и усвоена Охридската декларација, како заеднички документ со кој ќе се потврди определбата за натамошно продлабочување на регионалната соработка и зајакнување на владеењето на правото.

Организацијата на IV Форумот на Балканските уставни судови претставува потврда за меѓународниот углед што Уставниот суд на Република Македонија го изгради во изминатите години и за неговата активна улога во јакнењето на регионалната и меѓународната уставно-судска соработка.

Судот ја промовира специјализираната веб-страница наменета за информации на овој Форум: https://ustavensud.mk/bccf/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Хаосот во Собранието беше театар за прикривање на неуспесите на Мицкоски

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, оцени дека вчерашниот хаос во Собранието беше театар за прикривање на целосниот неуспех на Владата и од отсуството на резултати на Христијан Мицкоски.

Филипче: Хаосот во Собранието беше театар за прикривање на неуспесите на Мицкоски

„Вчера направи хаос за да прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето и се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи рече дека ги нема, сега очајно му треба алиби“, истакна Филипче.

Кога нема резултати во економијата, кога растат цените и паѓа животниот стандард, Мицкоски наместо да понуди решенија избира навреди и закани кон пратениците од опозцијата.

„И кога се нема резултати, кога нема решенија, Мицкоски ги навредува и им се заканува на пратениците во Собранието. Граѓаните ги нарекува талог на општеството, глодари, медиокритети, мекотели, секакви погрдни зборови избираше во изминатиот период, а сега почна да ги навредува и пратениците во Собранието. При тоа, навредите многу повеќе кажуваат за него, отколку што кажуваат за било што друго. Тоа ли е универзитетски професор? Тоа ли е премиер, претседател на Влада?“, рече Филипче.

Во однос на изнуденото и срамно извинување на Мицкоски, Филипче оцени дека станува збор за политички театар без вистинско преземање одговорност.

„Тој само создаде привид, се извини во празна сала, кога опозициските пратеници ја напуштија салата... така направи еден политички театар. Едно срамежливо, изнудено „извинете“. Меѓутоа, тоа не може да ги избрише навредите и неговиот начин на однесување“, рече Филипче.

Тој нагласи дека вистинското извинување подразбира признавање на грешката, промена на однесувањето и одговорност за сите што учествувале во навредите.

„Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување и санкции... Граѓаните заслужуваат почит, достоинство, заслужуваат пример кој што обединува, а не човек кој што ги дели и ги навредува“, порача претседателот на СДСМ.

На крајот, Филипче повтори дека заканите и навредите се одраз на слабост, а не на сила.

„Никој не му се плаши на Христијан Мицкоски. Овој начин на однесување е само одраз на неговата слабост и неспособност“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Филипче: Реконструкцијата нема да донесе ништо - ревидирана верзија на истата неспособна Влада

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција порача дека реконструкцијата на Владата не носи никаква суштинска промена, туку само нова верзија на истата неспособна власт која веќе една година не успева да одговори на ниту еден клучен проблем на граѓаните. Филипче посочи дека наместо нов почеток и нови политики, со реконструкцијата, граѓаните добиваат само продолжување на неуспешното владеење на ВМРО.

„Вчера помина реконструкцијата на Владата и практично имаме една ревидирана верзија на тотално неспособна Влада, неспособна да се справи со ниту еден проблем на граѓаните. И исто како што и оваа Влада до вчера функционираше, исто ќе биде и сега“, рече Филипче.

Тој додаде дека реконструкцијата не значи нова политика, туку само обид да се прикрие неуспехот на Владата, која нема ниту план, ниту визија за справување со кризите.

„Од оваа Влада, граѓаните може да очекуваат само една нова нула. Ниту план, ниту визија, ниту стратегија како да ги решат секојдневните, се поголеми проблеми на граѓаните и на државата“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, нагласи дека резултатите од владеењето на ВМРО се веќе видливи - економијата стагнира, животниот стандард опаѓа, граѓаните секојдневно се соочуваат со нови ценовни шокови, европскиот пат стагнира.

„Стагнира економијата, опаѓа животниот стандард, цените растат, сега имаме ново покачување на цените на горивата, ова ќе донесе дополнително активирање на спиралата на поскапување насекаде. Видовме дека Владата изминатиот период не се справи со ова, ниту пак направи некој чекор да се обиде да го спречи растот на цените. Европскиот пат е блокиран, очигледно многу добро смислено, многу одамна, не сега - едноставно немаат одговор на ниту едно суштинско прашање“, рече Филипче.

Воедно, Филипче додаде дека секогаш кога нема решенија ВМРО посегнува по навреди и закани.

„И кога се нема резултати, кога нема решенија, Мицкоски ги навредува и им се заканува на пратениците во Собранието.Вчера направи хаос за да прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето, и се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи рече дека нема, сега очајно му треба алиби“, нагласи Филипче.

YouTube video

Скопје, 14.07.2026

СДСМ

Скопје, 14.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен Дарио Шимиќ: Хрватскиот фудбалер „падна“ во корупциски скандал

Легендарниот хрватски репрезентативец Дарио Шимиќ е уапсен утрово. 

Уапсен Дарио Шимиќ: Хрватскиот фудбалер „падна“ во корупциски скандал

Како што пренесуваат хрватските медиуми, познатиот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ е уапсен утрово.

Тој е уапсен од страна на УСКОК и полицијата, кои спроведоа акција против корупцијата, а Шимиќ се сомничи за вмешаност во аферата „Тисно“.

Уапсени се познатиот фудбалер Дарио Шимиќ и поранешната раководителка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Канцеларијата на државната управа на Шибенско-книнската жупанија, Неда Ливљаниќ, која се сомничи дека му помогнала на Шимиќ да ги добие потребните дозволи за кампот во Тисно (место на островот Муртер).

Неда Ливљаниќ и претходно била приведена под слично обвинение, а заедно со нив двајца била уапсена и уште едно лице кое дејствувало како посредник.

Според хрватските медиуми, Неда Ливљаниќ не примила поткуп, туку му помогнала на Шимиќ да добие дозвола. Засега, УСКОК и хрватската полиција не ја коментираат оваа тема, а наскоро се очекува и официјално соопштение.

Инаку, Дарио Шимиќ е еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата на Хрватска.

Тој потекнува од школата на Динамо Загреб и настапуваше за клубот од својот роден град сè до 1999 година, кога направи трансфер во Интер Милано.

Одигра три сезони за „нероаѕурите“, а потоа премина во редовите на најголемиот ривал, Милан, каде што играше од 2002 до 2008 година и, меѓу другото, освои две титули во Лигата на шампионите.

Крајот на кариерата го мина во Монако, а потоа и во Динамо, каде што подоцна извршуваше и директорска функција. Инаку, тој одигра дури 100 натпревари во дресот на хрватската репрезентација и е првиот играч што ја достигна таа бројка. Беше дел од тимот што освои бронза на Светското првенство во Франција во 1998 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер