Психолог објаснува како да препознаете “burnout” (исцрпеност) кај децата: „Се гледа преку однесувањето“
2 Психолог објаснува како да препознаете “burnout” (исцрпеност) кај децата: „Се гледа преку однесувањето“
ЗдравјеОсум совети со помош на кои повторно ќе бидете среќни (фото)Сите во одреден момент сме се почувствувале заглавени во некаква ситуација, раскинување со партнерот, проблеми на работа, сè се случило истовремено, како некоја виша сила да сковала заговор против нас. Од друга страна, можеби не сме биле подготвени да преземеме некаква акција за да промениме нешто, како местото на живеење или можеби нашиот поглед на светот, иако сè станало монотоно. Експертите истакнуваат дека секоја промена лежи во нас, на пример, промената на нашето гледиште и преземањето одредени мали активности може да направат чуда. Еве од што да се ослободите за да бидете посреќни и ментално поздрави: 1) Одолговлекување Одолговлекувањето честопати е одбранбен механизам за да не преземеме одговорност за нешто што нè чека и што треба да се реши. Избегнувањето и одложувањето може да доведат до стрес и да го спречат напредокот. Најдобро е да се одредат приоритети и да го преземеме она што можеме да го постигнеме. Ако сметате дека нешто е излишно, едноставно не трошете време на тоа. 2) Негативен став кон себе Негативниот говор може да доведе до откажување. Најчесто тоа се речениците: „Не можам“, „Никој нема да ме сфати сериозно“, „Претешко е“. Самокритиката треба да се замени со позитивни афирмации и самоохрабрување со цел да се дојде до навистина значајна промена. Кога веруваме во себе, сè е лесно да се постигне. 3) Угодување на луѓето Добро е да помогнете и на другите да им излезете во пресрет, но постојаното угодување без да мислите на себе е многу штетно. Наместо да бидете фокусирани само на другите и нивната среќа, правете го она што вас ве прави среќни. Ставете ги сопствените потреби на прво место бидејќи угодувањето на другите често резултира со занемарување на сопствената благосостојба. Започнете со поставувањето граници. 4) Споредба со другите Ова е најштетно нешто за личната самодоверба и самопочит. Сите ние имаме мани и доблести, а споредбата никогаш не била добра ниту меродавна зашто ретко ги имаме истите појдовни точки како другите со кои се споредуваме, што е неопходно. Стремете се кон личен развој и ценете ги вашите успеси. 5) Перфекционизам Тежнеењето кон совршенство може да биде голема пречка за напредок. Ова е точно, бидејќи секоја неостварена цел ја доживувате како неуспех. Никој не е совршен и совршенството не постои. Наместо тоа, треба да го прифатиме она што не можеме да го поправиме и да учиме од нашите грешки. 6) Негативни односи Лошите односи и токсичните луѓе можат да го попречат нашето секојдневно функционирање. Затоа е најдобро или да ги исклучите таквите луѓе од вашиот живот или едноставно да го ограничите времето што го минувате со нив. Да се биде покрај луѓе што ви ја трошат енергијата е навистина многу заморно и може да го попречи вашиот личен раст. Затоа е подобро да се опкружите со луѓе што ве инспирираат. 7.) Живеење во минатото Каењето за грешките од минатото и гледањето наназад ќе ве спречи да живеете исполнет живот и да продолжите напред. Најдобар начин да се ослободите од минатото, според експертите, е да практикувате простување. Ослободете се од сè што не можете да промените. Фокусирајте се на сегашноста и на тоа како таа ќе влијае на иднината. 8.) Отпорност на промени Ако навистина сакате да го промените вашиот живот, треба да ги прифатите промените и да не се плашите од нив, туку на нив да гледате како можност за личен раст и развој. Секоја промена бара време и напорна работа, затоа треба да бидете трпеливи и истрајни додека менувате некои обрасци на однесување и прифаќате позитивни промени во вашиот живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 9. септември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 9. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се. Лав 23.7-22.8. Љубов иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00
Македонија Љупчо Зиков во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Љупчо ЗиковКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот Психолог објаснува како да препознаете “burnout” (исцрпеност) кај децата: „Се гледа преку однесувањето“Синдромот на исцрпеност, познат како “burnout“, најчесто се поврзува со возрасните кои се под голем притисок од работа. Но, и децата можат да страдаат од него. Долготрајниот стрес и претераните очекувања можат сериозно да влијаат на емоционалното и физичкото здравје, иако причините често кај децата се поразлични отколку кај возрасните. Според психологот д-р Патриша Брито проблемот е што децата честопати немаат зборови да опишат што им се случува, туку тоа го изразуваат преку однесувањето. Истражувањата покажуваат дека исцрпеноста кај многу луѓе се јавува порано отколку што се сметаше претходно. Студија од 2025 година на агенцијата Talker Research покажа дека еден од четири Американци доживеал исцрпеност пред 30-годишна возраст, што го доведува во прашање вообичаеното верување дека најголемиот животен притисок доаѓа подоцна. Исцрпеноста не ги заобиколува ни децата, а причините можат да бидат притисокот во училиште, грижата за оценките и испитите, додека кај други деца може да биде и стресот предизвикан од проблеми со пријателите, семејни тензии, влијанието на социјалните медиуми или пренатрпан распоред со премногу воннаставни активности. Пет знаци што укажуваат дека детето е преоптоварено Психологот истакнува пет знаци на кои родителите треба да обрнат внимание. Таа нагласува: „Еден лош ден сам по себе не е причина за загриженост. Меѓутоа, ако забележите неколку промени одеднаш или ако траат долго време, тоа е знак дека треба да реагирате.“ Зголемена раздразливост и емоционални реакции Ако вообичаено мирно дете одеднаш стане раздразливо, плачливо или реагира бурно на ситници, ова може да биде знак дека нешто не е во ред. „Кога се преоптоварени, на децата им е потешко да ги контролираат своите емоции и да се справат со секојдневните фрустрации. Може да ви се чини дека се тешки или претеруваат, но но всушност се исцрпени и не знаат како да се справат со сè што се очекува од нив“, објаснува Брито. Губење на интерес за омилените активности Важен знак може да биде и губењето интерес за активности во кои детето порано уживало, како што се спорт, дружење со пријателите или танцување. „Кога сме исцрпени, дури и работите во кои вообичаено уживаме можат да станат товар. Истото важи и за децата. Активноста во која порано уживале одеднаш станува само уште една обврска“, објаснува психологот. Таа додава дека е нормално децата со тек на време на децата да им досади некое хоби, но ако детето генерално изгуби интерес за работите во кои порано уживало, тоа е знак на кој треба да се обрне внимание. Постојани жалби дека е уморно Исцрпеноста не влијае само на емоциите, туку влијае и на телото. „Вашето дете можеби спие доволно, но сепак се буди уморно, има проблеми со станувањето наутро или се жали дека е исцрпено во текот на денот“, вели Брито. Хроничниот замор може да има многу можни причини и не треба веднаш да се поврзува со исцрпеност. Меѓутоа, ако се појави заедно со промени во расположението, однесувањето, проблеми со концентрација или мотивација, тоа е знак на кој треба да се обрне внимание. Избегнување училиште и обврски Не е невообичаено повремено да се избегнува училиштето или тренингот. Но, ако детето постојано одбива да оди на училиште или редовно се обидува да избегне друга одговорност, тоа може да биде знак за подлабок проблем. Според Брито децата не секогаш имаат зборови или зрелост да кажат: „Преоптоварена сум и не можам да се справам со ова“. Наместо тоа, тие се обидуваат физички да се дистанцираат од она што им предизвикува стрес.“ Затоа, вели таа, „важно е да се пронајде причината, а не само да се фокусираме на однесувањето“. Тешкотии со концентрација и спиење Иако повремен стрес е нормален дел од животот, долготраен стрес може да влијае на концентрацијата, меморијата и контролата на емоции. „Она што може да изгледа како недостаток на напор или мотивација, всушност може да биде знак на ментална исцрпеност...“, „Одеднаш домашната задача може да трае многу подолго пред да се заврши, а детето може често да заборава, да биде расеано или да има тешкотија да се смири пред спиење“ – наведува психологот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter