Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
КултураОсум претстави во конкуренција на МТФ „Војдан Чернодрински", се воведува и награда од публикатаОсум претстави на македонските театри ќе бидат во официјалната конкуренција за награди на годинашниов, 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински" кој ќе се одржува од 7 до 15 јуни во Прилеп. Фестивалот ќе донесе и неколку новини, а добитници на наградата за животно дело се режисерот Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку. Ова денеска во Прилеп го соопшти уметничкиот директор на фестивалот, Катарина Коцевска. Во официјалната програма на фестивалот се претставите: „Макбет" во режија на Нела Витошевиќ, во продукција на МНТ од Скопје; „Странци" во режија на Нела Витошевиќ на Драмски театар-Скопје; „На отворено" во режија на Андреј Цветановски на Театар Комедија; „Смртта на Дантон" во режија на Дино Мустафиќ на Албански театар-Скопје; „Физика на тагата" во режија на Милош Андоновски на Кумановскиот театар; „Бакхи-краток преглед на распадот" во режија на Вук Торбица на Битолскиот театар; „Животинска фарма" во режија на Љупчо Ѓорѓиевски на Струмичкиот театар и претставата „Пиреј" во режија на Љупчо Ѓорѓиевски на Прилепскиот театар. Според уметничкиот директор Катарина Коцевска, фестивалот има осум претстави и смета така да биде и во иднина, бидејќи, вели, не е ревијален. Првпат годинава се воведува наградата од публиката – мермерна статуетка на Чернодрински. – Прилепската публика, тврдам одговорно, е најдобрата која знае да следи театар и од оваа година ќе има можност да гласа за претставите и ќе се гласа по секоја претстава. Начинот и деталите за гласање ќе бидат објаснети на почетокот на фестивалот. Фестивалското жири доделува бронзена статуетка на патронот Војдан Чернодрински, а наградата од публиката, за тоа разговаравме со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, ќе биде статуетка од мермер, по кој е препознатлив градот и ќе имаме спој со овој голем театарски настан што, пак, е одлика на градот. Уште една важна новина е враќањето на разговорите за претставите, т.н. разговори на тркалезната маса. Ќе се одржуваат веднаш по одигрувањето на претставата и ќе учествуваат еминентни критичари, а секако свој удел може да има и публиката. Ова, всушност, е враќање на разговорите кои се одржуваа порано на фестивалот, објасни Коцевска. Фестивалот ќе понуди и богата придружна програма со претстави на театрите што не се во официјалната програма и претстави на студентите од Факултетот за драмски уметности. Придружната програма е во фаза на дефинирање. Со која претстава ќе биде отворен МТФ „Војдан Чернодрински" засега не се открива и се чува како пријатно изненадување. – Фестивалот ќе добие своевидна електронска верзија. Од годинава како новина, сите настани на фестивалот ќе бидат достапни на социјалните мрежи и на веб-страницата на Фестивалот. За ова веќе со месеци разговараме и го правиме тоа на начин како што прават студентите на ФДУ кај професорот Игор Венцоски, рече Коцевска./MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАферата за притисоците на бугарските тајни служби врз Михаилова доби ново продолжение„ Дигни ми, затоа што сите ќе умреме уште оваа вечер“ – оваа е пораката која Ива Михаилова, по десетина повици едно-подруго му ја испратила на јутјуберот Станислав Цанов„ Дигни ми, затоа што сите ќе умреме уште оваа вечер“ – оваа е пораката која Ива Михаилова, по десетина повици едно-подруго му ја испратила на јутјуберот Станислав Цанов, како што вели тој, откако го објави аудиото на својот канал каде што, според него, таа кажува дека е под притисоци и уцени од бугарската тајна служба. Во новото видео, како што тврди јутјуберот, таа и нејзината мајка бараат од него да тргне делот од видеото каде што се споменуваат уцените од Државната агенција за национална безбедност и наводите за инструираното интервју со новинарот Мартин Карбоски, оти се загрижени за својот живот. Односно, според аудиото во видеото, тие му посочуваат дека тајната служба „ќе ги исчисти“. -Ќе не „исчистат“, верувај ми. Говорам секој ден со нив(ДАНС) и ми го кажаа тоа, тоа се условите, да не се споменуваат службите. Единствениот услов е тоа,- Кристина Михаилова – Мајка на Ива Михаилова. Цанов: Ова не е вештачка интелигенција(AI) „Ги гледав само првите неколку минути, тоа за Карбовски само ти го знаеш, не треба никаде да се споменува. Ива престани да ми ѕвониш пред да го одгледаш видеото, не се грижи. - „Не, многу сум загрижена“. Причина за загриженост треба да ти биде ако нема таков клип. Имаш причина да си загрижена ако тие третираат како што во моментот те третираат,- Ива Михаилова. Најгласните во Бугарија против ДАНС не се откажуваат од одговорност на тајната служба. Пратеникот Божидар Божанов од партијата „Да, Бугарија“ кажа дека случајот со Ива Михаилова само ја потврдува потребата од институционална реакција, против долгогодишното незаконско прислушкување, следењето на лица, притисоците и злоупотребите кои ги прави службата. Од партијата веќе го подготвиле текстот со кој од парламентот ќе бараат оформување на комисија. -Се, се разбира од страна на ДАНС дека ќе постои негирање, затоа што тие се виновниците во овој случај .Конкретниот случај е пример за нешто што е многу систематско во ДАНС и ова е злоупотреба на моќ. Значи Бугарија треба да го реши овој проблем, не само заради случајот со Ива Михаилова, туку бидејќи ова е системски проблем и ние затоа ќе побараме, не само сослушување во парламентот, не само парламентарен прашања, туку привремена комисија која проблемот ќе го разгледа длабински,- Божидар Божанов – Пратеник во парламентот на Бугарија. Во претходната објава на Цанов, наводно, Михаилова тврди дека била изложена на притисоци и уцени, воедно да возврати на она што Бугарија го сторила за нејзе и да гостува кај Карбовски, оти службите имале целосна контрола врз него и можеле да му кажат што да ја прашува. По ова се огласија и од ДАНСкои кажаа дека не вршеле влијание врз Михаилова по било која основа и дека агенцијата не треба да биде вовлекувана во политички и медиумски конфронтации. Снимките на јутјуберот ги нарекоа непотврдени, со недокажана веродостојност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаОсум месеци затвор и 3.300 евра казна за палењето на дипломатските возила на бугарската амбасадаЗатворска казна од 8 месеци доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на двете возила пред Бугарската амбасада во Скопје на 15 јуни годинава. Ќе треба да ѝ надомести на бугарската амбасада и околу 3300 евра материјална штета.Тој на претходното рочиште призна вина што за судот е олеснителна околност како и изразеното каење и извинувањето до претставникот на амбасадата. Но образложувајќи ја висината на казната, судијката Фанка Јанчулева Михаиловска рече дека надвладеале отежителните околности. -Вие во конкретниот случај имате употребено оган, имате употребено бензин, сте ги оштетиле возилата коишто ги користи амбасадата на Република Бугарија, сте предизвикале, сте причиниле материјална штета. Токму во тој објект живеат и престојуваат семејството на првиот секретар кој врши конзуларни работи во амбасадата на Република Бугарија, како и други членови во функција на дипломатската мисија. Морам да кажам дека секој човек си носи свои незадоволства, но секој од нас мора да ги контролира своите емоции и секој од нас одговара за начинот на којшто ги манифестира своите емоции, фрустрации,- изјави – Фанка Јанчулева Михаиловска – Судија. Според обвинителството мотивот за палањето на возилата бил револт кон системот. А дали ќе се жали на висината на казната обвинителката ќе одлучи откако ќе го добие целосното образложение на пресудата. -Значи, мотивите за сторување на кривичното дело за обвинителството беа јасни од почетокот на постапката. Со оглед на фактот што обвинетиот даде признание на вина, не беа изведувани докази и заради тоа останаа нејасни. Кои се мотивите? За сторувањето на кривичното дело? Искажување на револт спрема системот, тоа што го појасни и самото вешто лице. изјави – Катерина Коларевиќ – Обвинител во ОЈО ГОКК. Иако обвинителството бараше продолжување, судот му го укина притворот на Дашковски. И самиот тој пред судијката тврдеше дека нема намера да ја напушти државата. -Јас сум одговорен човек и нема никаде да бегам од државава,- изјави - Игор Дашковски Стојановски – Обвинет. -По претходна консултација со мојата странка дали истата ќе биде обжалена или нема да биде обжалена од наша страна, ќе одлучиме дали ќе поднесеме жалба или не. А во однос на притворот, ние сме задоволни што судот го укина притворот, од причина што сметаме дека конечно судот ги примени правилата на Судот во Стразбур,- изјави – Лидија Ристовска – Адвокат. Дашковски во притвор помина пет месеци па од изречените осум месеци затвор му остануваат уште три за издржување, доколку ваквата пресуда стане правосилна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапкаНа моето женско бебе, старо само два дена во ГАК со ножици му го отсекоа палецот додека го ваделе фластерот со кој била фиксирана инфузијата, обвинува триесет и петгодишниот татко на новороденчето Аднан Азизи. Тој во изјава за Канал 5 раскажува дека инцидентот се случил пред два дена додека чекал на ГАК да си ја земе ќеркичката дома, но наместо да му ја донесат, по еден час минат во чекалната, медицински персонал го земале новороденчето и го однеле на детска хирургија за да го оперираат. -Кога сакале да го пресечат фластерот, пресекле половина од прстот (палецот). Дојде професор (од детска хирургија) рече дека мора да го земе да го оперира девојчето. Операцијата минала добро, професорот ни кажа дека направил се што можел ама прстот ќе биде пократок за еден сантиметар. Денеска го земав јас детето, и во петок по целосна документација собрана, ќе дадам се на суд,- - Аднан Азизи – родител. Таткото на детето бара правда, вели дека ќе поднесе тужба, а целта како што објасни, не е да бара финансиска корист туку ова да не се случи на било кое друго бебе. Од ГАК за Канал 5 потврдуваат дека дошло до повреда на прст кај дете без да прецизираат како, и дека бебето веднаш било префрлено на детска хирургија. Случајот, како што велат од таму е евидентиран како несакан настан и дека формирале внатрешна комисија за квалитет, но и дисциплинска комисија што постапуваат. -За случајот е закажана и седница на Дисциплинската комисија, со цел целосно и објективно утврдување на фактичката состојба, околностите под кои настанала повредата и утврдување на индивидуална одговорност. Нагласуваме дека ваквите настани се третираат со највисок степен на сериозност и дека нема да има толеранција за евентуално утврдени пропусти во постапувањето. Доколку се утврди одговорност, ќе бидат преземени најстроги мерки во согласност со законските прописи, велат од - Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство Канал 5 стапи во контакт и со надлежните од Детска хирургија кои потврдија дека до денес бебето било хоспитализирано кај нив поради неодложна интервенција, иако не сакаа да навлегуваат во детали посочија дека крварењето кај бебето било сопрено во операциона сала и дека се земало ткиво за да се направи интервенција. Засега нема најава од Министерот за здравство за иницирање на вонреден надзор, а од Државниот здравствен инспекторат велат дека до сега не добиле претставка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook